СООПШТЕНИЕ ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ГРУПНИ МЕНТОРСКИ СЕСИИ – ReLOaD3
Почитувани, Во врска со објавениот Јавен повик за граѓански организации за поднесување предлог-проекти во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 3 (ReLOaD3), Ве информираме дека во наредниот период ќе бидат организирани четири (4) групни менторски сесии, наменети за сите заинтересирани граѓански организации. Целта на менторските сесии е, преку консултативен процес, да им се обезбеди поддршка на организациите …
Continue Reading
Туск: Полска е лојален сојузник на САД, но никогаш нема да биде вазал
Полскиот премиер Доналд Туск денес изјави дека Полска е сигурен и лојален сојузник на САД, но дека никогаш нема да биде вазал, ниту на САД ниту на други земји. „Советот за мир е многу иновативен, многу оригинален потфат, но не сите негови аспекти ѝ одговараат на Полска. И треба да можете да разговарате со вашиот најголем сојузник за тоа. Тие …
Continue Reading
„Не сум магионичар“: Кос за идејата сите земји од Западен Балкан да влезат во ЕУ одеднаш
„Живееме во геополитички чувствително време. Може да има мир во Украина и тоа ќе донесе нова реалност во Европа“, изјави европската комесарка за проширување Марта Кос. Црна Гора би можела да ги заврши техничките преговори до крајот на годината, објави европската комесарка за проширување Марта Кос. Таа го кажа ова во интервју за телевизијата Н1. На прашањето што конкретно може …
Continue Reading
Фон дер Лајен го објави планот „Една Европа, еден пазар“
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денес објави дека на следниот формален самит на Европската унија (ЕУ) во март, ќе го претстави акциониот план „Една Европа, еден пазар“, со детални рокови и цели за зајакнување и обединување на европската економија, додека во исто време оцени дека Европскиот систем за трговија со емисии (ETS) има јасни предности и механизми …
Continue Reading
Писториус: Германија сака да испорача уште пет противракетни системи „Патриот“ на Украина
Германија ќе испорача дополнителни пет противракетни системи „Патриот“ (PAC-3) на Украина доколку другите земји донираат вкупно 30, изјави денес во Брисел германскиот министер Борис Писториус по состанокот на Контакт групата за одбрана на Украина. Ракетите „Патриот“ се меѓу главните оружја што Западот ѝ ги даде на Украина за време на нејзината борба против руската инвазија, пренесува Ројтерс. „Сите знаеме дека …
Continue Reading
Касами: Собранието го разреши раководството на партијата, важен чекор кон спојување на ВЛЕН во еден субјект
Централното собрание на Движењето Беса со мнозинство гласови ја одобри одлуката за распуштање на Централното претседателство на Движењето Беса, во продолжение на процесот започнат за спојување на ВЛЕН во еден субјект, објави на социјалните мрежи лидерот на движењето Беса, Билал Касами. „Собранието на Движењето оцени дека треба да се отвори патот за структурирање на ВЛЕН и ја донесе оваа …
Continue Reading
ЕУ им препорача на авиокомпаниите да го избегнуваат воздушниот простор на Иран
Европската агенција за безбедност на воздухопловството (EASA) денес им препорача на авиокомпаниите од Европската Унија (ЕУ) да го избегнуваат воздушниот простор на Иран до 31 март, продолжувајќи го претходното предупредување поради, како што рече, зголемен безбедносен ризик за цивилните летови. „Присуството и можната употреба на широк спектар на оружје и системи за воздушна одбрана, во комбинација со непредвидливите реакции на …
Continue Reading
Капета: Милијарди евра погрешно платени на Унгарија
Водечката советничка на највисокиот суд на Европската Унија оцени дека одлуката на Европската комисија за деблокирање на милијарди евра средства за Унгарија, кои претходно беа замрзнати поради загриженост за корупција и владеење на правото, треба да се поништи. Тамара Капета, генерален адвокат на Судот на правдата на Европската Унија, изјави дека Комисијата не требало да го одобри плаќањето бидејќи Унгарија …
Continue Reading
Од утре Мицкоски во Минхен на безбедносната конференција: во фокусот, геополитичката стабилност и улогата на Македонија како столб на стабилност во Западен Балкан
Oд утре (петок) премиерот Христијан Мицкоски заедно со министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за надворешна политика и надворешна трговија Тимчо Муцунски и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ќе биде во неколкудневна посета на Сојузна Република Германија, каде ќе присуствува на 62-та Минхенска безбедносна конференција. Во рамки на конференцијата, Мицкоски ќе оствари серија билатерални средби со европски лидери, високи …
Continue Reading