(Видео) Тупаници во турскиот парламент: хаос околу положувањето заклетва на новиот министер за правда

Хаос избувна во турскиот парламент кога членовите на владејачката партија и опозицијата се судрија околу положувањето заклетва на новиот министер за правда, Акин Гурлек, што доведе до туркање и физичка пресметка, пренесуваат медиумите во регионот. Sieh dir diesen Beitrag auf Instagram an Ein Beitrag geteilt von Firstpost (@firstpost) Според написите, пратениците од опозицијата се обидоа да го спречат главниот обвинител …

Continue Reading

Режимот на ДПМНЕ со демнење и следење демонстрира сила наместо да одговори како се преживува со 400 евра плата, велат од Левицата

Левица најостро реагира на скандалот со следењето на претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, што кулминираше со јавно објавување на снимка на која тој е заедно со неговите малолетни деца. Ова е злоупотреба на безбедносни механизми и демонстрација на режимска сила насочена против синдикалното организирање, велат од оваа партија. „Откако Христијан Мицкоски наместо достоинствено да одговори на барањата на работниците, јавно …

Continue Reading

Хрватска, заедно со Албанија и Косово, ќе одржи заедничка воена вежба

Албанскиот министер за одбрана Пиро Венгу го најави одржувањето на првата трилатерална воена вежба меѓу Албанија, Косово и Хрватска во 2026 година, како дел од неодамна потпишаниот договор за соработка меѓу трите земји. Венгу објави дека е направен уште еден важен чекор во спроведувањето на трилатералниот договор, истакнувајќи дека началниците на генералштабовите на Албанија, Косово и Хрватска одржаа заеднички состанок …

Continue Reading

Сиљановска Давкова ја прими Рита Колумбиа, постојана координаторка на Обединетите Нации

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Рита Колумбиа, постојана координаторка на Обединетите Нации во земјава. На средбата се разговараше за плановите на Обединетите Нации, врзани за реализацијата на претстојните проекти со фокус на стратешките приоритети опфатени во Рамката за соработка за одржлив развој 2026-2030 година. Претседателката укажа на важноста на досега реализираните програми на Обединетите Нации во функција на градење институционални …

Continue Reading

Укинување на техничка влада, криминал, корупција, Груевски, се враќаме во 2016 година, велат од СДСМ

Сѐ она што го говореше СДСМ во изминатиот период се потврдува, велат од оваа партија. „Власта сака да ја укине техничката Влада, единствената можност за чесни и фер избори. Да се влијае на слободната волја на граѓаните а опозицијата да не види што се прават по министерствата. Криминалот и корупцијата цветаат. 161 тендер за само една фирма, 51 тендер за …

Continue Reading

Лавров: Доколку западните земји го зајакнат своето воено присуство во Гренланд, Русија ќе преземе „контрамерки“

Русија подготвува „контрамерки“, вклучително и оние од „воена природа“, доколку западните земји го зајакнат своето воено присуство во Гренланд, предупреди во средата рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Неколку европски земји неодамна распоредија помали воени контингенти во Гренланд, автономна територија под дански суверенитет, откако американскиот претседател Доналд Трамп повторно почна да ја посетува, повикувајќи на американско преземање. „Секако, во …

Continue Reading

Рутe: Внимателно ја следиме ситуацијата на Западен Балкан

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес изјави дека Алијансата внимателно ја следи ситуацијата на Западен Балкан. Тој го изјави ова на прес-конференција во седиштето на НАТО во Брисел, пред утрешниот состанок на министрите за одбрана на Алијансата, одговарајќи на прашање за тоа како ја гледа моменталната безбедносна состојба на Балканот. „Сакам да нагласам дека внимателно ја следиме ситуацијата и …

Continue Reading

До крајот на денот претежно облачно, утре со повремен локален дожд во утринските часови, преку денот со сончеви периоди

Времето до крајот на денот ќе биде претежно облачно. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на планините на северозапад врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а наместа во источните делови и долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Утре ќе биде променливо облачно, во утринските часови …

Continue Reading

Сали – Памер: Австрија останува силен поддржувач на европската перспектива на Северна Македонија

Министерот за европски прашања и прв заменик-претседател на Владата, Беким Сали, оствари работна средба со амбасадорот на Република Австрија, Мартин Памер, на која беа разгледани тековните реформски процеси и соработката со австриските партнери. Во разговорот беше нагласено значењето на континуираната поддршка од Австрија за европската интеграција на Северна Македонија, како и усогласеноста на австриската развојна соработка со националните реформски приоритети. …

Continue Reading