Утре без вода делови од скопски Карпош

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре ( вторник ) -поради уличен дефект ф-100мм на крстосницата Његошева/Софиска, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Софиска, Његошева, Бриселска, Копенхагенска, Стокхломска, Петар Драганов и Гаврил Лесновски. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.(општина Карпош)

Continue Reading

ДИК–ИФЕС: фокусирана соработка за клучните стратешки приоритети на Комисијата

Членовите на Државната изборна комисија (ДИК) одржаа работен состанок со претставници на Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС), на кој беше потврдена подготвеноста за продолжување и продлабочување на соработката во рамки на програмата „Поддршка на изборите во Северна Македонија“. Од страна на директорката на Канцеларијата во Република Северна Македонија, Јоана Косма, беше истакнато дека соработката со ДИК преку проектот на …

Continue Reading

Божиновска: Со вакво темпо, за родова еднаквост ќе ни требаат уште 57 години, жените во енергетиката ни се потребни денес за посилен и поиновативен сектор

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, се обрати на настан организиран во рамки на проектот ELeVATE (2025–2028), посветен на охрабрување и поддршка на девојки и жени за развој на кариера во секторите на нето-нула технологии, паметни енергетски системи и зелена транзиција. Во своето обраќање, министерката истакна дека енергетската транзиција не е само технолошки процес, туку и длабока …

Continue Reading

Коњановски даде отчет за првите 100 дена: фокусот е на инфраструктурата, образованието, спортот, културата и енергетска транзиција

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, го презентираше отчетот за првите 100 дена од новиот мандат, истакнувајќи дека фокусот е на инфраструктура, образование, спорт, култура и енергетска транзиција. Во овој период беше отворена новата градинка „Пчеличка“ со капацитет за 76 деца, адаптирана од поранешниот „Дом за доенчиња и мали деца“. Во рамките на инфраструктурните проекти, се асфалтираа делови од улицата …

Continue Reading

Стармер загуби уште еден советник поради аферата со Епстин: шефот за комуникации поднесе оставка

Шефот за комуникации на премиерот Кир Стармер, Тим Алан, денес поднесе оставка, велејќи дека тоа го отвора патот за нов тим кој ќе го поддржи британскиот лидер, кој е критикуван поради неговата одлука да го назначи Питер Манделсон за амбасадор во Соединетите Американски Држави. Заминувањето на Алан доаѓа само еден ден откако најблискиот помошник на Стармер, Морган МекСвини, поднесе оставка …

Continue Reading

Работниците немаат за леб а владата мисли да купува авион за Мицкоски, велат од СДСМ

Додека работниците едвај врзуваат крај со крај, додека минималната плата не ги покрива ниту основните трошоци за живот, Владата мисли на купување авион за Мицкоски. За туристички патувања, како она во Давос велат од СДСМ. „Очигледно затоа одбива да им ги покачи платите на работниците. Одбива да се откаже од лукзуот и вели нема пари за минимална плата од 600 …

Continue Reading

Герасимовски: Финасиска поддршка за спортски проекти во Центар, заедно градиме здрави навики

Општина Центар објави Јавен повик за финансиска поддршка на проекти и програмски активности од областа на спортот. Градоначалникот Горан Герасимовски ги повикува сите заинтересирани да аплицираат за поддршка на спортските активности и афирмација на младите спортисти. „Спортот е основа за здрав живот на сите генерации, но најмногу за правилен развој на нашата младина. Фокусот го ставаме токму на тоа, на …

Continue Reading

Мајчинството не смее да биде причина за отказ, власта да го поддржи предлог-законот, велат од Левицата

На утрешната собраниска седница, на дневен ред е предлог-законот на Левица, преку кој се воведува заштита од отказ на бремените работнички, што во минатото претставуваше најбрутален удар врз идните мајки, информираат од оваа партија. „Во Македонија, и покрај тоа што формално постои забрана за отказ поради бременост, реалноста покажува дека бремените жени – особено оние вработени на определено време – …

Continue Reading

Сали-Кавахара: Јапонската поддршка клучна за реформите и развојот на Северна Македонија

Министерот за европски прашања и прв заменик претседател на Владата, Беким Сали, оствари средба со амбасадорката на Јапонија, Сецуко Кавахара. На средбата беше ставен акцент на тековната развојна соработка меѓу Северна Македонија и Јапонија, како и на континуираната поддршка на Јапонија за реформските приоритети и социо-економскиот развој на државата. Сали ја истакна посветеноста на Владата на испорака на конкретни резултати …

Continue Reading