Холандија му врати на Египет украдена скулптура стара 3.500 години

Холандија во четвртокот му врати на Египет скулптура стара 3.500 години, откако украдениот артефакт повторно се појави на холандски саем за уметност во 2022 година. Истрагата на холандската полиција и инспекторатот за културно наследство минатата година потврди дека скулптурата била украдена и незаконски изнесена од Египет, најверојатно за време на немирите на Арапската пролет во 2011 година, по што се …

Continue Reading

Сите патни правци во државата се проодни, магла на патот Штип – Неготино

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, информира АМСМ. Слаби врнежи од снег има на Попова Шапка без задржување на коловоз. Намалена видливост поради појава на магла до 80 метри има на патниот правец Штип – Неготино кај Серта. Сите патни правци во државата се проодни. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од …

Continue Reading

Студентите што студираат во странство или се прогласени за најдобри, ќе имаат предност за вработување на државните универзитети

Со поддршка од над 60 професори, засегнати институции и установи, претставници на студентите, стручни лица и експерти, Министерството за образование и наука подготви нова законска регулатива за високо образование и наука, од која се очекува да обезбеди поквалитетна академска едукација и да ја поттикне научно – истражувачката дејност во државата. Денес на прес конференција, министерката за образование и наука, Весна …

Continue Reading

Концерт на Национален џез оркестар и Renato Chicco

На 19 февруари, со почеток во 20:00 часот, Националниот Џез Оркестар ќе одржи концерт со светски познатиот пијанист и органист Renato Chicco. Концертот ќе се одржи во Националната опера и балет во Скопје, под диригентската палка на маестро Џијан Емин. Renato Chicco е музичар чиј израз се обликувал на њујоршката џез-сцена во 1990-тите години. Во тој период, како член на …

Continue Reading

САД ги повикаа своите граѓани да го напуштат Иран

Соединетите Американски Држави ги повикаа своите граѓани веднаш да го напуштат Иран, предупредувајќи на сериозни безбедносни ризици, вклучувајќи тероризам, немири, киднапирања и произволни апсења и притворања на американски граѓани. Американските власти им советуваат на граѓаните сами да направат план за излез и да не се потпираат на помош од американската влада, бидејќи САД немаат амбасада во Иран. Според предупредувањето од …

Continue Reading

Масовно труење со олово на жителите на град во БиХ

Во општината Вареш во Босна и Херцеговина продолжува сериозната здравствена криза предизвикана од масовно труење со олово. Најновите резултати од тестирањето на повеќе од 100 жители потврдија дека труењето со тешки метали е многу пораспространето отколку што првично се претпоставуваше, пишува N1. Присуството на олово во крвта овој пат е утврдено не само кај жителите што живеат во близина на …

Continue Reading

Лиценците беа параван за милионски бизнис – Единствена Македонија предлага државата да го преземе одгледувањето марихуана

Единствена Македонија го реафирмира својот став од 2017 година кога беше легализирано одгледувањето на дрога во Македонија. Oд партијата предлагаат до владата марихуната за болните да ја одгелдува, обезбедува и да биде под контрола на државата. „Давањето лиценци за дрога за наводно медицински цели на приватни компании беше вешто затскривање зад алтруистички мотиви а во реалноста се работеше за исклучиво …

Continue Reading

Самоубиствен напад во џамија во Исламабад: 11 загинати и речиси 100 повредени

Во експлозија во џамија во главниот град на Пакистан, Исламабад, загинаа 11 лица, а речиси 100 се повредени, соопштија локалните власти. Според информациите, експлозијата се случила по петочната молитва во шиитска џамија. „До експлозијата дојде по петочната молитва во шиитска џамија“, изјавил за АФП висок полициски извор кој сакал да остане анонимен. Според објавите на социјалните мрежи, експлозијата се случила …

Continue Reading

Уапсен крадец од Радовиш баран поради бегство од затвор

Полицијата уапси крадец од Радовиш баран поради бегство од затвор. Тој е спроведен во Затвор Струмица за доиздржување на казната. Вчера во 15:25 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишиле од слобода Е.Б.(23) од Радовиш. Тој бил осуден на затворска казна од пет години и 10 месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“, а бил баран …

Continue Reading