Црвена звезда и Динамо Загреб изборија место во нокаут фазата во Лига Европа

Заврши првата фаза во Лига Европа. Регионалните великани Црвена звезда и Динамо Загреб изборија место во плеј-офот. Црвено-белите го освоија 15-то место, а модрите завршија на 23-та позиција. Црвена звезда, во последното коло, осигра нерешено во Белград со Селта 1:1, додека Динамо забележа пораз во Данска од Митјиланд 2:0. Комплетни резултати: Астон Вила – РБ Салцбург 3:2, Базел – Викторија …

Continue Reading

Со донаторска вечер, почна со работа Фондацијата „Фросина Кулакова“

Донаторска вечер насловена „Threads of Light“ официјално го одбележа почетокот на работата на Фондацијата „Фросина Кулакова“. Вечерта беше посветена на уметноста, креативноста и солидарноста како универзални јазици преку кои може да се зборува за животот, одговорноста и потребата од подлабока општествена промена. Настанот обедини уметниците, културната јавност и граѓаните околу една заедничка идеја – дека уметноста не е само естетика, …

Continue Reading

Трамп тврди дека Путин се согласил на прекин на огнот, пристигна првата реакција на Зеленски

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека неговиот руски колега, Владимир Путин, се согласил со неговото барање да не се напаѓа Киев и другите украински градови и места една недела. „Јас лично го замолив претседателот Путин да не го напаѓа Киев и другите градови и места една недела“, рече Трамп на брифинг за медиумите, нагласувајќи дека Украина се соочува со …

Continue Reading

Парламентарното собрание на Советот на Европа донесе одлука за затворање на пост-мониторинг дијалогот со Македонија: „Значаен успех“

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, информираше дека Парламентарното собрание на Советот на Европа денеска донесе одлука за затворање на пост-мониторинг дијалогот со нашата држава, процес што беше отворен во 2000 година. Како што истакна министерот Муцунски, оваа одлука претставува важно институционално признание за напредокот и посветеноста на државата кон принципите и стандардите на Советот на Европа, …

Continue Reading

Роберто Де Зерби ќе добие отказ поради чудо во Лисабон?

Тренерот на Олимпик Марсеј, Роберто Де Зерби, е во сериозна опасност да биде отпуштен, објави Радио Монте Карло Спорт (RMC). Истиот извор наведува дека се во тек разговори меѓу сите страни за да се донесе одлука за иднината на Де Зерби на клупата на клубот од „Велодром“. Статусот на италијанскиот стручњак беше доведен во прашање по елиминацијата на Марсеј од …

Continue Reading

(Видео) Исмаил до Љутков: Следува милионска штета по буџетот по ваша вина, кога планирате да си поднесете оставка?

Пратеникот Реџеп Исмаил, од Левица, на седницата за пратенички прашања се обрати до министерот за култура Зоран Љутков, оценувајќи дека предупредувањата упатени уште во првите сто дена од неговиот мандат, дека ќе стане најлошиот министер за култура во историјата на државата, денес, на половина од мандатот целосно се оствариле. Според Исмаил ваквата оценка не е политичка квалификација, туку емпириски факт, …

Continue Reading

Загреб доделува по 800 евра за новороденче

Градското собрание на Загреб денес на седница донесе одлука за зголемување на финансиската помош за новороденчиња од 600 на 800 евра, за зголемување на рокот за нејзина реализација од шест на 12 месеци по раѓањето на детето, како и посвоените деца да го остваруваат ова право до 15-годишна возраст. Изменетата одлука за финансиска помош за новороденчиња, која на Градското собрание …

Continue Reading

Христова: Со регионалните центри за услуги граѓаните ќе добијат брзи и ефикасни административни услуги

На денешната собраниска седница за пратенички прашања свое обраќање имаше пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Христова и упати прашања до министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска и министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски. Првото пратеничко прашање кое го постави Христова беше упатено до министерот за дигитална трансформација, и се однесуваше за регионалните центри за услуги, односно таа праша дали …

Continue Reading

Јаневска: Ред во образованието ќе ставиме со едносменска настава и продолжен престој во училиште

Во многу општини во државата има прекумерен број на наставници, односно работат со паралелки од неколку ученици и затоа блок дотациите кои ги исплаќаме за основното и средното образование во најголем дел се трошат за исплата на плати на наставниците. Проблемот може да се реши со оптимизација на училишната мрежа, воведување едносменска настава и продолжен престој во училиштата. Тоа ќе …

Continue Reading