Дизелот поскапува
Од ноќеска на полноќ дизелот поскапува за еден денар, додека цената на бензините ќе остане иста, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ). Од 27.1.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 72,00 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС …
Continue Reading
ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче живеат во измислен универзум, се надеваме дека ќе се обратат кај лекари
Заврши опседнатоста на СДС со Александар Вучиќ и соседна Србија, сега си најдоа нова опсесија. Откако со недели и недели ја труеја македонската јавност со соседната земја, до степен човек да не можел да ги разликува дали биле опозиција во Србија или пак во Македонија, сега отидоа малку по на север и се фатија со Унгарија, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес …
Continue Reading
(Видео) Стојаноски: Заеднички именител за Филипче и Ахмети е криминалот, сега во опозиција се здружени
Ако се погледнат активностите на Венко Филипче и Али Ахмети и кога беа на власт а и сега, заеднички им се две работи, криминални шеми и негрижа за граѓаните, изјави Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Филипче стана препознатлив по случајот кога изгоре модуларната болница во Тетово, несреќите како онаа во Бугарија и онаа кај Ласкарци. Несреќи во кои поради неодговорноста и …
Continue Reading
(Видео) Филипче ја критикуваше Владата дека го кочи европскиот пат и нема волја за уставни измени
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на седница на Националниот совет за евроинтеграции изрази сериозна загриженост поради, како што рече, целосниот застој на европскиот пат на државата и практикувањето на антиевропски манири од страна на актуелната власт. Филипче оцени дека во речиси половина од мандатот на Владата нема никаков напредок во исполнувањето на европските обврски, ниту пак се работи по забелешките …
Continue Reading
ЕУ целосно го забрани увозот на руски гас, две земји гласаа против
Земјите-членки на ЕУ денес формално усвоија регулатива со која се воведува правно обврзувачка, постепена забрана за увоз на руски течен природен гас и гас од гасоводи со целосна забрана од крајот на 2026 година, односно есен 2027 година. „Се ослободуваме од штетната зависност од рускиот гас и во духот на солидарност и соработка правиме голем чекор кон автономна енергетска унија“, …
Continue Reading
Левица: Членовите на изборните одбори сѐ уште без пари – ДИК и општините молчат
Политичката партија Левица најостро го осудува недозволивото доцнење со исплатата на надоместоците за лицата ангажирани во спроведувањето на двата круга од локалните избори во октомври, односно ноември 2025 година. „Иако од изборниот процес поминаа речиси три месеци, голем број ангажирани лица сè уште не ги добиле заработените средства, а процесот на исплата кој се врши преку единиците на локалната самоуправа …
Continue Reading
Ен Несири одби да се пресели во Јувентус
Директорот на Јувентус, Џорџо Киелини, потврди дека Јусеф Ен-Несири (28) одбил да се пресели од Фенербахче во Торино. „Не можеме да го купиме веднаш, па затоа преговорите се завршени за нас, “, рече Кјелини. Директорот Марко Отолини, вчера сам се вратил во Торино, откако дознал дека Ен-Несири е несигурен во врска со трансферот. „Ситуацијата е сосема јасна. Отидовме да разговараме …
Continue Reading
ЕУ размислува за поголема и посилна Унија, проширувањето повторно е во фокусот
На итниот самит на лидерите на Европска унија во Брисел почнаа да се обликуваат темелите за посилна и пообединета Европа, поттикнати од заканите на Доналд Трамп, војната што Владимир Путин ја води на нејзиното источно крило и Кина како немилосрден конкурент, пишува „Телеграф“. Во новата ера на светски сили, ЕУ настојува да стане поголема, побогата и посилна „супер Европа“, способна …
Continue Reading
Сиљановска-Давкова на отворањето на Зимската школа: Македонскиот јазик е темел на идентитетот и културната самосвест
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова преку видео-порака се обрати на свеченото отворање на Шестата зимска школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, која се одржува под нејзино покровителство. Сиљановска-Давкова ја оцени Зимската школа како значаен настан што ја продолжува долгата научна и културна традиција на македонистиката и нагласи дека таа претставува жива академска …
Continue Reading