Да беше жив Тоше Проески денес ќе полнеше 45 години
На денешен ден, 25 јануари 1981 година, е роден Тоше Проески, македонски пејач чиј музички опус и хуман ангажман го направија една од најзначајните личности на современата македонска култура. Тодор „Тоше“ Проески е роден во Прилеп, а потекнува од влашко семејство од Крушево. Музичките почетоци ги имал уште во детството, кога во 1992 година настапил на детскиот фестивал „Златно славејче“ во …
Continue Reading
АХВ за една година спровела над 125 илјади контроли и наплатила 618 илјади евра
Над 125 илјади инспекциски контроли од областа на безбедноста на храната и храната за животни, здравствената заштита и благосостојбата на животните, спроведоа минатата година официјалните ветеринари и инспекторите за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство, соопшти денеска АХВ. Покрај домашниот промет, предмет на контролите биле и производството, дистрибуцијата, угостителството, но и увозот и извозот. Акцент со контролите бил ставен …
Continue Reading
Денес може да се дарува крв во чест на хуманоста на Тоше Проески
Во рамките на традиционалните крводарителски акции на Црвениот крст на град Скопје и оваа година ќе се реализира крводарителска акција посветена на хуманоста и делото на нашата музичка ѕвезда Тоше Проески, кого, како што наведуваат оттаму и покрај тоа што прерано нè напушти, засекогаш ќе го паметиме како симбол на хуманост. Акцијата ќе се одржи во холот на Домот на …
Continue Reading
Минималната температура изутринава на Попова Шапка е минус еден степен
Минималната температура изутринава е измерена на Попова Шапка од минус еден степен, а максималната во Гевгелија осум степени. Како што соопшти изутринава Управата за хидрометеоролошки работи во Битола се измерени 0 степени, во Прилеп, Тетово, Маврови Анови еден степен, во Крива Паланка, Берово, Велес, Кавардарци, Kрушево, Лазарополе два степена, во Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Струмица, Охрид, Претор три степени, во Штип, …
Continue Reading
Облачно време со повремен дожд
Синоптичарите најавија претежно облачно време во текот на денов. Во крајните северозападни и југоисточни делови со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од слаб снег. Се предвидува да дува умерен, а долж Повардарието, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура се очекува да биде во интервал од 3 до 7, а максималната од 8 до 12 …
Continue Reading