86-годишна жена од Виница измамена за 30.000 евра, лажен лекар ја довел во заблуда дека ќерката е повредена

Осумдесет и шестгодишна жена од Виница пријавила дека била жртва на телефонска измама во која останала без 30.000 евра, откако непознато лице ѝ се претставило како лекар од Словенија и ја довело во заблуда дека нејзината ќерка е тешко повредена. Како што соопштија од ОВР Виница, на 23 јануари 2026 година во 08:50 часот, жената пријавила дека лицето телефонски ја …

Continue Reading

Жена тепала жена по расправија за паркинг на Бит Пазар

Жена од Скопје пријавила дека била физички нападната од друго женско лице по претходно недоразбирање околу користење паркинг простор на подрачјето на Бит Пазар, информираат од СВР Скопје. Според пријавата, на 23 јануари 2026 година во 22:40 часот во СВР Скопје, М.Е. (48) од Скопје пријавила дека околу 18:30 часот, на паркинг простор на подрачјето на Бит Пазар, била физички …

Continue Reading

Скопјани ќе немаат нови автобуси ниту во март, велат од Левица

Градската организација на Левица во Скопје забележува дека месец јануари е веќе при крај, а Владата сѐ уште нема распишано тендер за набавка на нови автобуси, иако повеќе од една година ги најавува и им ги ветува на скопјани. Советничката група на Левица во Град Скопје потсетува дека премиерот Христијан Мицкоски „вети дека нови автобуси ќе има во октомври минатата …

Continue Reading

Завршија преговорите меѓу делегациите на Москва, Вашингтон и Киев во Абу Даби

Во Абу Даби предмалку завршија преговорите за безбедноста на Украина  меѓу делегациите на Москва, Вашингтон и Киев, јавијха руските медиуми. Руската работна група, предводена од началникот на Генералниот директорат на Генералштабот на вооружените сили, адмирал Игор Костјуков, се врати во хотелот, додаваат руските медиуми. Претходно, агенцијата ТАСС, повикувајќи се на информиран извор, објави дека преговарачките тимови во Абу Даби проучуваат …

Continue Reading

Двајца кичевчани приведени по напад врз полициски службеници

Две лица од Кичево се лишени од слобода откако вербално и физички нападнале полициски службеници при сообраќајна контрола во градот, соопштија од полицијата. Настанот се случил на 24 јануари 2026 година во 00:15 часот, на крстосницата меѓу улиците „Драге Карбуничанец“ и „Прилепска“ во Кичево, кога полициски службеници сопреле патничко моторно возило бмв, управувано од А.А. (31) од Кичево. Според пријавата, …

Continue Reading

Сообраќајка кај Слатино, двајца возачи тешко повредени

Две лица се здобиле со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила на регионалниот пат Тетово – село Јажинце, кај село Слатино, соопштија од СВР Тетово. Несреќата била пријавена на 23 јануари 2026 година во 11:20 часот, а во неа учествувале две патнички возила мерцедес со тетовски регистарски ознаки, управувани од А.И. (33) од село Доброште и А.Х. …

Continue Reading

Најмалку 61 лице го загуби животот, а 110 се повредени во снежни бури и поројни дождови во Авганистан

Најмалку 61 лице го загуби животот во обилните снежни врнежи и поројни дождови во Авганистан во последните три дена, покажуваат прелиминарните податоци објавени денеска од Националната служба за управување со катастрофи. Според податоците, уште 110 лица се повредени, а 458 куќи се делумно или целосно уништени, а северните и централните делови на Авганистан се најтешко погодени, според мапата објавена од метеоролозите …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: Го слушнавме Филипче ја повикува Белата палата, ама не го слушнавме да се огради од своите криминали

Венко Филипче во, како што ја оценуваат, празната беседа за отчет пред Конгресот на СДСМ не понудил одговори на клучните прашања за состојбата во партијата и нејзиниот пад, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ по неговото обраќање на 31. Конгрес на СДСМ. Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека Филипче не објаснил зошто СДСМ денес е петта политичка сила во Скопје и трета на државно ниво, …

Continue Reading

Се трага по четворица исчезнати мигранти кај грчкиот остров Икарија

Во близина на островот Икарија пристигнале околу 50 мигранти, но четворица од нив исчезнале.  Поради ова била активирана спасувачка акција од страна на крајбрежната служба на Грција која е во тек од рано утрово за пронаоѓање на лицата. Во потрагата се вклучени еден патролен брод, брод за пловење на отворено море, хеликоптер и приватен брод.  

Continue Reading