Герасимовски: 10.000 денари субвенција за обука и полагање возачки испит за младите од Центар

Општина Центар доделува субвенции за млади лица за полагање возачки испит Б-категорија во автошколи регистрирани на подрачјето на општината. Право на субвенција имаат жители на локалната самоуправа кои во текот на 2026 година навршуваат 18 и 19 години (родени во 2007 и 2008 година), како и лица кои во 2025 година навршиле 19 години (родени во 2006 година), а уплатата …

Continue Reading

(Видео) Кузеска: Дефокус, линк и црна кампања, хронологија на политиката на ВМРО

Вчера покажавме како изгледаат фабрикуваните лаги, токсичните наслови и погрдните текстови од кујните на ВМРО со илјада примери. Владата на Мицкоски и ВМРО нема решенија ниту одговори на проблемите со кои седејдневно се соочуваат граѓаните. Секојдневните скандали и катастрофалната економска состојба ги покрива со постојан дефокус и пренасочување на вниманието на граѓаните, кажа на прес-конференција Богданка Кузеска- портпаролка на СДСМ. …

Continue Reading

Мицкоски: Без одржлива струја нема развој на вештачката интелигенција – градиме гасни интерконектори со две соседни држави

Македонија ги зајакнува преносните линии за електрична енергија и за гас, во однос на вештачката интелигенција. Се гради еден гасен интерконектор со Грција, а почнуваме да градиме гасен конектор што ќе ја поврзе нашата држава Србија, објасни премиерот Христијан Мицкоски на прашања поставени на панелот во Давос кои се однесуваа на вештачката интелигенција и потребните центри за гасови, како и …

Continue Reading

Појава на магла на одредени патни правци: видливоста намалена

Намалена видливост поради појава на магла до 80 метри има во Струмица, до 100 метри во Тетово, на планинскиот превој Плетвар до 50 метри и до 100 метри во Делчево. Сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење, информираат од АМСМ. Екипите на ЈП Македонија пат …

Continue Reading

Дурмиши на средба со Тигањ: Извозот на Македонија кон Хрватска во последните години значително зголемен

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, оствари работна средба со амбасадорката на Република Хрватска во Република Северна Македонија, Нивес Тигањ, на која беа разгледани состојбите и перспективите за унапредување на билатералната економска соработка меѓу двете пријателски земји. На средбата беше констатирано дека одличните политички односи и традиционално добрите билатерални врски создаваат силна основа за натамошно интензивирање на економската и …

Continue Reading

Димовски-Рајс: разговарано за можностите за нови потенцијални инвестиции

Директорот на Дирекцијата за ТИРЗ, Гоце Димовски оствари успешна средба со Мисти Рајс, извршен директор за владини работи на Магна Интернационал, компанија која во државата веќе има две фабрики во рамки на ТИРЗ Струга и ТИРЗ Штип. На средбата се разговараше за тековните активности на компанијата на глобално ниво, напредокот во Македонија, како и можностите за нови потенцијални инвестиции, се …

Continue Reading

„Парусион“ во МКЦ – фјужн како договор за слобода, не како жанр

По 22 години континуирано присуство на домашната и регионалната сцена, ансамблот „Парусион“ повторно се враќа во Младинскиот културен центар со концерт што го надминува поимот жанр. На 28 јануари, МКЦ ќе биде простор за авторско фјужн доживување, каде што музиката не се репродуцира, туку се создава во моментот – низ ритам, колектив и продукција во живо. Во актуелниот состав, „Парусион“ …

Continue Reading

Протести во повеќе градови: вработените во Македонска пошта без јануарската плата

Незадоволството меѓу вработените во Македонска пошта не стивнува. Во повеќе градови низ државата денес излегоа на протест оти сè уште не ја зеле јануарската плата. Претседателот на синдикатот, заедно со вработените, порача дека протестните активности ќе продолжат сè додека не се исплатат заостанатите плати. Од синдикатот велат дека раководството било навремено информирано дека доколку платата не биде исплатена најдоцна до …

Continue Reading

Ја претепал 48-годишната сопруга: уапсен маж од Кичево

Синоќа во 19:50 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Т.Д.(53) од Кичево. Полицијата постапила по претходна пријава дека тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата 48-годишна сопруга. По целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading