Муцунски на министерски состанок во Истанбул: За справување со закани потребна е засилена координација и размена на информации во регионот
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска учествуваше на Вториот министерски состанок на Балканската платформа за мир, кој се одржа во Истанбул, на иницијатива на министерот за надворешни работи на Република Турција, Хакан Фидан. На состанокот учествуваа министрите за надворешни работи од земјите на Западен Балкан. Во своето обраќање, министерот Муцунски ја истакна важноста на реалистичен и …
Continue Reading
(Видео) Тренчевска: ВМРО-ЗНАМ ги одби сите амандмани на кривичниот законик, меѓу кои и членот за злоупотреба на службената положба
На денешната комисиска расправа, владејачката коалиција ВМРО-ЗНАМ ги одби сите амандмани на СДСМ за измените на Кривичниот законик, соопшти потпретседателката на СДСМ и пратеничка, Јованка Тренчевска. Според неа, меѓу одбиените предлози било и враќањето на членот 353 – злоупотреба на службена положба и овластување – на формулацијата што важеше пред измените во 2023 година. „Без силен член 353, тендерската коалиција …
Continue Reading
Концерт на Жељко Самарџиќ на 8 август во Охрид
Еден од најдоследните и најпочитувани вокални интерпретатори на регионалната музичка сцена, Жељко Самарџиќ, на 8 август ќе одржи концерт на Античкиот театар во Охрид. Концертот се вбројува меѓу позначајните музички случувања во рамки на летната културна сезона и носи концертен формат прилагоден на просторот, акустиката и карактерот на сцената. Со кариера која се гради повеќе од три децении, Самарџиќ остави …
Continue Reading
Решение за свикување на шестата седница на Советот на општина Струмица
Совет на општина Струмица Бр.08 – 395/1 22.01.2026 год. С т р у м и ц а Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр.5/02 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.202/24) и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на …
Continue Reading
Тестирана подготвеноста на противпожарните авиони во Македонија
Денеска се извршија првите тренажни летови со противпожарните авиони „Ер Трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување. Пилотите вежбале маневри и процедури за брзо реагирање при пожари на отворен простор, при што била потврдена нивната ефикасност и подготвеност, како и техничката исправност на трите авиони, соопшти директорот на Дирекцијата, Стојанче Ангелов.
Continue Reading
Тотенхем се сериозно заинтересирани за Енди Робертсон
Британските медиуми тврдат дека капитенот на шкотската репрезентација Енди Робертсон, долгогодишен лев бек на Ливерпул, би можел да стане нов играч на Тотенхем. Робертосон, 10 од 12-те сезони во Премиер лигата, одигра во дресот на Ливерпул. Робертсон дојде од Данди Јунајтед во Англија, поточно во Хал, во 2014 година и со „тигрите“ испадна во Чемпионшип, но се врати во елитните …
Continue Reading
Бугарскиот уставен суд ја прифати оставката на Радев, Јотова ја презема функцијата
Уставниот суд ја прифати оставката на бугарскиот претседател Румен Радев, јавуваат бугарските медиуми. Според одлуката на судиите, овластувањата на Румен Радев како претседател престануваат предвреме со потврдувањето на неговата оставка од страна на Уставниот суд . Одлуката стапува во сила денес, 23 јануари. Уставниот суд го разгледа барањето на Радев без да мора да го сослуша или да побара дополнителни …
Continue Reading
Системот „Безбеден град“ стартува од 1 февруари – Собранието ги усвои законските измени
Со 81 глас „за“ и 19 „против“ и воздржани, Собранието денеска го изгласа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за прекршоците, по скратена постапка. Со ова се отвора патот за старт на системот за автоматско снимање и санкционирање на сообраќајни прекршоци „Безбеден град“ од 1 февруари. Законот овозможува примена на технички средства и уреди за снимање при утврдување прекршоци, …
Continue Reading
Филков: Со новиот закон за Академијата за судии и јавни обвинители се воспоставува мерит-систем за рангирање
Недостатокот на судии и јавни обвинители не може да се надмине без соодветна правна рамка. Со новиот Закон за Академијата за судии и јавни обвинители, кој беше објавен на ЕНЕР се воведува годишен прием во Академијата врз основа на прецизни проекции по судови и обвинителства по апелационо подрачје, информираше на денешната прес-конференција министерот за правда Игор Филков. „Се воведуваат одделни …
Continue Reading