АМСМ: Сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај
Сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење, информира АМСМ. „Екипите на ЈП Македонија пат се целосно екипирани, ставена е на располагање потребната механизација и работна сила и во континуитет на терен се врши расчистување на снегот. Во соработка со ЈП за државни патишта и Министерство …
Continue Reading
АВМУ реагира на нападите на новинари и медиуми од страна на СДСМ
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изразува сериозна загриженост за континуираните етикетирања и јавни напади од страна на политичката партија СДСМ, насочени кон одделни новинари и медиуми, соопшти Агенцијата. „Агенцијата потсетува дека слободата на изразување, медиумскиот плурализам и уредувачката независност се темелни демократски вредности. Јавната комуникација, особено кога доаѓа од политички субјекти, мора да биде одговорна и да ја …
Continue Reading
Ѓорѓиевски-Лосон: во фокусот стратешките приоритети на Град Скопје, со посебен акцент на образованието, културата, локалниот економски развој
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски оствари средба со британскиот амбасадор во Република Македонија, Метју Лосон, како и со делегација од Обединетото Кралство, на која беа разгледани можностите за унапредување на соработката меѓу Скопје и Обединетото Кралство. На средбата се разговараше за развојните планови и стратешките приоритети на Град Скопје, со посебен акцент на образованието, културата, локалниот економски развој и …
Continue Reading
МЕМО и словенечката енергетска берза БСП потпишаа договор со кој започнува имплементацијата на пазарот во тековниот ден
Во просториите на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје, денеска официјално беше потпишан Договор со словенечката енергетска берза БСП, како избран економски оператор за обезбедување услуги на трговски платформи и клиринг платформа за пазарите на електрична енергија во сегментите ден-однапред (Day-Ahead Market) и пазар во тековниот ден (Intraday Market). Пазарот ден-однапред во нашата земја успешно …
Continue Reading
Почнува борбата за место полуфиналето на Европското првенство
Foto/ EPA Завршена е првата фаза на 17-то Европското првенство во ракомет (15 јануари – 1 февруари). Половина од 24-те селекции си заминаа дома, додека останатите го продолжуваат престојот во Данска и Шведска, каде заедно со уште еден домаќин (Норвешка) се борат за пласман во полуфиналето. Како 14-та, Македонија од далеку ќе ја гледа борбата за две места во новоформираните …
Continue Reading
Будимпешта му порачува на Брисел: Не сметајте на нас
Унгарија јасно објави дека нема да биде поддршка за финансирање на Украина, повикувајќи ги и Европската Унија и Украина да не сметаат на Будимпешта кога станува збор за доделување средства за Киев. Како што изјави Золтан Ковач, државен секретар за меѓународни комуникации и односи во кабинетот на унгарскиот премиер, барањата што доаѓаат од Брисел и Киев се, како што изјави …
Continue Reading
Меган Трејнор (32) објасни зошто нејзиното трето дете е родено од сурогат мајка
Пејачката Меган Трејнор и нејзиниот сопруг Дарил Сабара го пречекаа своето трето дете, ќерка родена преку сурогат мајка. 32-годишната музичарка објави на Инстаграм дека нивната ќерка, Мајки Мун, е родена на 18 јануари и ѝ се заблагодари на „неверојатната супержена“. „Засекогаш сме благодарни на сите лекари, медицински сестри и тимови кои го овозможија овој сон“, напиша Трејнор во објавата. Таа …
Continue Reading
Млади европски музичари и истакнати меѓународни уметници ќе настапуваат во Македонската филхармонија овој февруари
Овој февруари, Институтот FAME’S ја претставува својата февруарска концертна серија во Камерната сала на Македонската филхармонија, со две концертни вечери кои ја отсликуваат разновидноста и професионалниот фокус на своите оркестарски едукативни програми. На сцената ќе настапат 30 внимателно селектирани млади европски музичари, како кулминација на интензивна повеќедневна работа со меѓународни ментори. Преку концертите „Од студио до сцена“ и „Барајќи го …
Continue Reading
Општина Кисела Вода: Унапредени условите во спортската сала „Независна Македонија“
Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска изврши увид во спортската сала „Независна Македонија“, која се наоѓа во кругот на ООУ „Невена Георгиева Дуња“, каде што се реализираа повеќе зафати за унапредување на условите во овој спортски објект. Во рамки на извршените активности, набавени и монтирани се нови ЛЕД рефлектори со моќност од 200W и 400W, кои се енергетски …
Continue Reading