Николоски: Апелирам до ЕУ македонските превозници да бидат ослободени од новите правила за влез во шенген зоната
Министерот за транспорт, Александар Николоски, упати апел до ЕУ македонските превозници да бидат ослободени од новите правила за влез во шенген зоната со цел македонската економија да не трпи удари. „Јас и Владата го разбираме револтот на транспортерите и протестот кој ќе го направат превозниците од понеделник, не само од Македонија туку од цел регион од Западен Балкан поради новите …
Continue Reading
Европските лидери го напуштаат Давос
Се поголем број европски лидери го напуштаат или го избегнуваат Светскиот економски форум во Давос, дури и пред очекуваното пристигнување на Доналд Трамп и дебатата за Гренланд. Францускиот претседател Емануел Макрон замина откако наводно не успеал да обезбеди средба со американскиот претседател, пишува „Телеграф“. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, истотака нема да се сретне со Доналд Трамп …
Continue Reading
Стармер до Трамп: Велика Британија нема да попушти
Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека нема да попушти пред Доналд Трамп во врска со иднината на Гренланд и најави дека ќе биде домаќин на данската премиерка Мете Фредериксен во четврток. За време на сесијата за прашања на премиерот, лидерката на конзервативците Кеми Баденох изјави дека таа и Сер Кир се согласуваат дека „иднината на Гренланд треба да ја одлучат …
Continue Reading
Горан Ѓорѓиев е првиот Македонец регионален директор на Европскиот Центар за поддршка на светското извидништво
Горан Ѓорѓиев именуван за регионален директор на Европскиот Центар за поддршка на светското извидништво. „Сојуз на извидници на Македонија со големо задоволство информира дека Горан Ѓорѓиев од Македонија е именуван за регионален директор на Европскиот центар за поддршка при Светската извидничка организација. Неговото назначување е по одлука на Генералниот секретар на Светската извидничка организација, донесена по конкурентен меѓународен процес на …
Continue Reading
Мојсоска до Алиу: За прв пат доцни лек за хемофилија повеќе од шест месеци – кој ќе ја сноси одговорноста за нарушеното здравје на овие лица?
„Кога точно, односно кога најдоцна, лицата со хемофилија ќе го добијат лекот Фактор 8 и чија ќе биде одговорноста доколку здрастената состојба на овие лица се влоши затоа што се принудени да лежат во кревет поради тендер шемите на вашите директори?“ беше првото прашање што пратеничката Јована Мојсоска од Левица го упати до министерот за здравство, Азир Алиу на денешната …
Continue Reading
Минчев најави реформа во администрацијата: Нема доживотни функции, нема недопирливи
Министерството за јавна администрација денес ја започна јавната дискусија по нацрт-верзијата на Законот за високи раководители во органите на државната управа и фондовите – реформски закон со кој првпат се воспоставува единствена, јасна и мерит-базирана рамка за уредување на највисоките раководни функции во администрацијата. Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, истакна дека законот се носи преку отворен, транспарентен и инклузивен …
Continue Reading
Трагедија кај Македонски Брод: Загина 41-годишна жена во сообраќајка, меѓу повредените и 6-годишно дете
Трагична сообраќајна несреќа вчера попладне го однесе животот на 41-годишна жителка од Кичево. Според извештајот на полицијата, несреќата била пријавена во 14:41 часот на локалниот пат кон селото Русјаци, во општина Македонски Брод. Патнички автомобил „цитроен“ со кичевски регистарски таблици, којшто бил управуван од К.С.С. (41) од Кичево, излетало од коловозот и се превртело. Од тешките повреди здобиени од ударот, …
Continue Reading
СДСМ: Општина Кисела Вода не е расчистена, туку е блокирана од снег
Информациите изнесени во соопштението на градоначалничката на Кисела Вода се комплетно неточни. Реалната состојба на терен е сосема поинаква, реагираат од Општина Организација СДСМ Кисела Вода. „Општина Кисела Вода не е расчистена, туку е блокирана од снег. Голем број улици се непроодни, нерасчистени и небезбедни за сообраќај и пешачење, особено во утринските часови. На терен не се забележува соодветна механизација, ниту пак …
Continue Reading
Гостиварец наседнал на лажна порака за пратка од „Пошта“, му украле 26.000 денари од картичката
Четириесет и двегодишен жител на Гостивар пријавил во полиција дека бил измамен за сума од 26.000 денари. Според пријавеното, тој добил СМС порака со линк наводно на „Пошта на Северна Македонија“ за ажурирање на податоци за достава на пакет. Како што е пријавено, верувајќи дека се работи за негова претходна нарачка, тој ги внел податоците од својата платежна картичка на …
Continue Reading