Трамп: Лоша е ситуацијата, но нема да имаме Трета светска војна

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес на Светскиот економски форум во Давос изјави дека голем број земји склучиле „огромни договори“ со САД во врска со гасот и нафтата. Тој додаде дека кога Америка оди напред, сите други следат. Трамп изјави дека Соединетите Американски Држави го доживуваат „најбрзиот и најдраматичен“ економски раст во историјата на земјата, наведувајќи дека американскиот …

Continue Reading

Најмногу снег на Попова Шапка, утре со врнежи од дожд и снег претпладне , попладне облачноста ќе се намалува

Висината на снежна покривка во 16 часот на Попова Шапка изнесува 34 сантиметри, 17 сантиметри се измерени во Маврови Анови, 12 во Битола, 7 во Ѓуриште, 5 во Тетово, Крушево (во 13ч), 3 сантиметри во Претор, 2 во Штип, Демир Капија, 1 во Крива Паланка, Прилеп, Виница. До крајот на денот ќе биде облачно со повремени локални врнежи од снег. …

Continue Reading

Стаменкоска-Трајкоска: Најсилната општина е онаа што ги слуша своите граѓани

Денес во oпштина Кисела Вода се одржа работен состанок меѓу градоначалничката Бети Стаменкоска-Трајкоска и референтите и претседателите на месните и урбаните заедници од општината, со цел директно согледување на потребите, проблемите и барањата на граѓаните. Градоначалничката се информираше од прва рака за состојбите на терен, преку луѓето кои се првиот и најблискиот контакт на граѓаните со локалната самоуправа. Месните и …

Continue Reading

Во Србија стигнуваат летачките такси

Министерот за финансии на Србија,Синиша Мали, и главниот комерцијален директор на Archer Aviation, Нихил Гоел, потпишаа Договор за партнерство во Давос со кој ќе се воведат услуги за електрични летачки такси во Србија. На потпишувањето присуствуваа српскиот претседател Александар Вучиќ и основачот и извршен директор на Archer, Адам Голдштајн, пишува b92. Во согласност со договорот, Србија го избра Archer како …

Continue Reading

Трамп утре ќе го формира Одборот за мир во Давос; Мерц: Не доаѓаме

Германскиот канцелар, Фридрих Мерц, ќе го напушти Давос рано утре и затоа нема да учествува на церемонијата за формирање на таканаречениот Одбор за мир на американскиот претседател Доналд Трамп, објави неговиот портпарол. Американската страна е информирана за ова, додаде портпаролот, додавајќи дека Германија е благодарна што добила покана да се придружи на иницијативата на Трамп. „Го разгледуваме овој предлог и …

Continue Reading

Трамп: Сакаме парче мраз за да го заштитиме светот, ќе ја изградиме најголемата златна купола на Гренланд

Американскиот претседател, Доналд Трамп, во говорот на Светскиот економски форум во Давос зборуваше и за Гренланд. Тој кажа дека САД само сака Данска да им го даде Гренланд и рече дека таму ќе ја изградат најголемата златна купола. „Гренланд е на наша територија“, рече тој, кажувајќи им на светските лидери дека на САД им е потребен островот од причини за национална …

Continue Reading

Мицкоски на средба со сопственикот на компанијата „Фор-ај-џи“, ќе се инвестираат 100 милиони евра во развој на третиот мобилен оператор во Македонија

Премиерот, Христијан Мицкоски, во рамки на форумот во Даовс се сретна со сопственикот на компанијата „Фор-ај-џи (4iG)“, која ќе инвестира 100 милиони евра во развој на третиот мобилен оператор во Македонија. „Денот го започнавме со состанок со сопственикот на компанијата „Фор-ај-џи (4iG)“, компанија која што ја доби дозволата за третиот мобилен оператор во Македонија. Разговаравме за неговите планови, откако нормално …

Continue Reading

Одбележување на животот и делото на Герас Цунев

Денеска се навршуваат 83 години од смртта на првоборецот Герас Цунев. Почитувајќи ги историските вредности и придонеси на храбрите струмичани за слободата којашто ја имаме, на одбележувањето во малиот градски парк, присуствуваше градоначалникот Петар Јанков кој во знак на почит кон делото на Цунев положи свежо цвеќе пред Спомен бистата подигната во негова чест. За животот и делото на Герас …

Continue Reading

Грилиш на принудна пауза

Еден од најдобрите играчи на Евертон, Џек Грилиш, ќе мора да направи долга пауза. Како што беше потврдено денес, Грилиш доживеал сериозна повреда на стапалото, поради што го очекува пауза од околу три месеци. „Денес, Грилиш беше подложен на дополнителни медицински тестови, по што беше утврдено дека има сериозна повреда која бара долга рехабилитација и закрепнување од најмалку 12 недели“, …

Continue Reading