(Видео) Париското обвинителство отвори истрага по падот на спратот за време на забавата во Париз, едно лице потешко повредено

Во текот на ноќта во Париз се урна кат од зграда на кој се одржувала забава со присуство на педесетина лица. Во инцидентот се повредени 20 лица, од кои едно потешко, јави „Ле Монд“. Париското државно обвинителство потврди во неделата наутро за агенцијата Франс-прес (АФП) дека е покрената истрага за причините на несреќата. Според последните информации од противпожарната служба, 14 …

Continue Reading

Мелони: Му се јавив на Трамп и му кажав што мислам

Иако Италија можеби не е меѓу земјите на кои им се закануваат новите американски царини, премиерката Џорџа Мелони изјави дека одлуката на Доналд Трамп ја смета за „грешка“. Во изјава за новинарите за време на нејзината посета на Јужна Кореја, Мелони потврди дека својот став му го пренела лично на Трамп неколку часа претходно. „Разговарав со Трамп и му кажав …

Continue Reading

Франк ги брои последните денови на клупата на Тотенхем

Челниците на Тотенхем сериозно размислуваат да му врачат отказ на тренерот Томас Франк. Тотенхем, вчера, доживеа пораз на домашен терен од Вест Хем (1:2). Иднината на Франк. како што пишува „Тајмс“ е доведена во прашање по неговиот осми пораз во 14 натпревари. Данецот беше исвиркан додека навивачите на Спарс скандираа „Утре сабајле ќе добиеш отказ“ по поразот од нивните лондонски …

Continue Reading

Данската премиерка му одговари на Трамп: Европа нема да биде уценувана

Европа нема да биде уценувана со царински закани од американскиот претседател Доналд Трамп, изјави премиерката на Данска, Мете Фредериксен. „Кралството Данска добива голема поддршка. Истовремено, сега е уште појасно дека ова прашање ги надминува нашите национални граници“, наведе таа. „Токму затоа е уште поважно цврсто да стоиме зад темелните вредности врз кои е изградена европската заедница. Ние сакаме соработка, а …

Continue Reading

Мицкоски: Покрај новите проекти мораме да враќаме и долгови на претходната Влада, најголем дел од еврообврзницата, околу 700 милиони евра се за тоа

„Покрај тоа што ние градиме вакви објекти, градинки, училишта, сали, автопати, железници, ние ги враќаме и долговите на претходната Влада. Минатата година во јануари месец вративме 500 милиони евра еврообврзница која ја земала претходната Влада, a со дел од овие пари, 700 милиони евра, ќе вратиме друга еврообврзница која претходната влада ја земала пред 4 години“, рече претседателот на Владата …

Continue Reading

„Блаже Конески“ го почнува второто полугодие со нов лик – модерно училиште со 16 училници, библиотека, сала, кујна

Општина Аеродром денеска го пушти во употреба новоизградениот дел од ООУ „Блаже Конески“ во Мичурин. На свеченоста присуствуваа градоначалникот Дејан Митески, премиерот Христијан Мицкоски и министерката за образование и наука, Весна Јаневска. По 70 години, училиштето доби современ лик и услови за квалитетно образование. Новите училници, кабинети и заеднички простории обезбедуваат простор за развој на учениците и подобри услови за …

Continue Reading

Историски настап на Венус Вилијамс во Мелбурн и пораз од Олга Даниловиќ

Венус Вилијамс испиша историја на Отвореното првенство на Австралија, но враќањето во Мелбурн по пет години го расипа српската тенисерка Олга Даниловиќ. Во драматичен меч од првото коло, Даниловиќ победи со 6:7(5), 6:3, 6:4, иако Вилијамс водеше со 4:0 во решавачкиот сет. На 45 години, Вилијамс стана најстарата тенисерка што некогаш играла во главниот ждреб на турнирот, за што доби …

Continue Reading

Пожар во свињарска фарма во Градско, угинаа животни, неколку лица побарале лекарска помош

Вчера во СВР Велес бил пријавен пожар што избувнал во свињарска фарма на фирма во селото Долно Чичево, општина Градско. Во пожарот угинале шест свињи, а причинета е и значителна материјална штета. Како што информира полицијата, поради вдишување чад, едно лице било пренесено во Општата болница во Велес, додека четири други лица побарале лекарска помош во болницата во Неготино, а …

Continue Reading

Двајца кичевци во притвор поради обид за убиство – нападнале сограѓанин со нож кај „Сеферов бунар“

Полицијата поднесе кривична пријава против Ј.Д. (37) и А.А. (46), двајцата од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „обид за убиство“. Како што соопшти СВР Охрид, двајцата се спроведени во Казнено-поправната установа „Затвор-Битола“ откако судија на претходна постапка им одредил мерка притвор во траење од 30 дена. Настанот се случил на 4 јануари 2026 година, околу …

Continue Reading