Meлони го прослави роденденот во Јапонија и објави аниме-селфи со јапонската премиерка
Италијанската премиерка Џорџа Мелони го прослави својот 49. роденден во Токио, за време на средбата со јапонската премиерка Санае Такаичи. Такаичи ѝ приреди торта и подароци, а двете лидерки направија заедничко селфи, чија „аниме“ верзија Мелони подоцна ја објави на социјалните мрежи, пренесе Скај њуз. Due Nazioni lontane, ma sempre più vicine. Amicizia e sintonia con @takaichi_sanae 🇮🇹🇯🇵 pic.twitter.com/LbRlnoeQcZ — …
Continue Reading
Поради СМС порака за лажна пратка од „Пошта“, гостиварец останал без 89.106 денари
Во полициската станица во Гостивар е пријавен случај на интернет измама, при што 34-годишен жител на овој град останал без над 89 илјади денари. Како што информира полицијата, на 16 јануари С.А. (34) пријавил дека добил СМС порака со известување и линк за наводна достава на пакет од „Пошта на Северна Македонија“. Откако влегол на лажна веб-страница и ги внел …
Continue Reading
Скопјанец ги нападнал сопругата и ќерката, друг на жената и’ ги скршил телефонот и автомобилот – пријавени случаи на семејно насилство
Во СВР Скопје се пријавени два одделни случаи на семејно насилство, по кои полицијата презема мерки за нивно целосно расчистување. Првиот случај е пријавен од 29-годишна жена од скопско, која навела дека на 10 јануари 2026 година, во семејниот дом на подрачјето на општина Петровец, била физички нападната од нејзиниот сопруг К.Ј. (33). Според пријавата, тој употребил тврд предмет и …
Continue Reading
„Као какао“ – прв македонски мјузикл инспириран од музиката на Влатко Стефановски
„Као какао“ е насловот на првиот македонски мјузикл инспириран од музиката на гитаристот Влатко Стефановски – автор чииот звук со децении е дел од музичката меморија на публиката. Проектот беше официјално најавен на прес-конференција одржана вчера, а мјузиклот премиерно ќе биде изведен во мај, во продукција на „Баги комуникации“, со Македонскиот народен театар како копродуцент. Текстот за мјузиклот го напиша …
Continue Reading
Возило „киа“ удрило во пешак во Скопје, жената со тешки повреди
Вчера во утринските часови на улицата Војвода Васил Чакаларов во Скопје се случила сообраќајна несреќа во која пешак се здоби со тешки повреди. Патничко возило „Киа“, со скопски регистарски ознаки, управувано од 52-годишниот Д.П. од Скопје, удрило во 48-годишната Р.Д., исто така од Скопје. Од силината на ударот, жената се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Комплекс …
Continue Reading
„Ми делуваше како некој дедо“: Сара Фостер за состанокот со Џорџ Клуни кога имала 19 години
Сара Фостер откри дека во 1990-тите, кога имала 19 години, била на состанок со Џорџ Клуни, но искуството за неа било „многу непријатно“. Состанокот ѝ го договориле Синди Крафорд и нејзиниот сопруг Ренди Гербер. Во подкастот The World’s First Podcast, Фостер раскажа дека веднаш почувствувала дека состанокот е „тотално не“, додавајќи дека Клуни ѝ изгледал „како дедо“ и дека разликата …
Continue Reading
Обвинение за помагачите во бегството на 18-годишникот што со автомобил усмрти жена на Народен фронт
Обвинителството поднесе обвинение против маж и жена кои како соизвршители се товарат за помагање, во случајот со 18-годишникот од Скопје кој смртно прегази 79-годишна жена на улицата на „Народен фронт“, па побегна од државата. „Обвинетите, на 9 јануари, заедно со умисла му помогнале да побегне на лице осомничено за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и …
Continue Reading
Исчезна авион во Индонезија
Авион ATR 400 на лет од Џогјакарта кон Макасар го изгубил контактот во индонезиската провинција Јужен Сулавеси, јавија денеска локалните медиуми. Леталото на компанијата Indonesia Air Transport требало да слета на Меѓународниот аеродром Султан Хасанудин во Макасар. Контактот наводно бил изгубен околу 13:17 часот по локално време, додека авионот летал над подрачјето на Марос, пренесе Синхуа. Индонезиската агенција за пребарување …
Continue Reading
(Видео) СДСМ: Започна, доаѓаат „економски работници“
СДСМ обвинува дека Владата предводена од Христијан Мицкоски ја отвора државата за масовен прилив на странски таканаречени „економски работници“, иако во земјава, како што велат, има речиси 100.000 невработени. На прес-конференција, членката на Извршниот одбор на СДСМ, Рената Младеновска, изјави дека Владата донела одлука за вработување на нови 10.000 странски работници во 2026 година, што е двојно повеќе од лани. …
Continue Reading