Провала во финансиско друштво во Карпош, одземени пари

Во текот на ноќта со употреба на сила било влезено во финансиско друштво во трговски центар во Карпош, при што биле одземени пари. Случајот е пријавен во СВР Скопје и се преземаат мерки за негово расчистување.

Continue Reading

Дониел Мален во Рома

Холандскиот напаѓач Дониел Мален беше претставен во Рома како позајмен играч од Астон Вила до крајот на оваа сезона. Клубот од главниот град на Италија му плати два милиони евра на поранешниот европски шампион за ангажманот на холандскиот репрезентативец. Сепак, клубот од Бирмингем може да очекува 25 милиони евра од Рома, што е многу поголема „втора рата“, бидејќи е потпишан …

Continue Reading

Уапсен скопјанец кој нападнал полицаец

Четириесет и едногодишниот С.Г. од Скопје вчера бил приведен на подрачјето на Карпош. Според информациите од полицијата, тој физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Continue Reading

Песков: За Русија, Гренланд е данска територија

Русија тргнува од претпоставката дека Гренланд е данска територија, изјави денес портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков. „Забележуваме многу контрадикторна ситуација. Тргнуваме од претпоставката дека Гренланд е територија на Кралството Данска. Слушнавме изјави и од Данска и од самиот Гренланд дека Гренланд нема намера да биде продаден на никого. А слушнавме и изјава од Вашингтон дека Вашингтон формулира парична понуда …

Continue Reading

Млад возач излета од патот Битола-Прилеп, тешко е повреден

Синоќа во полицијата било пријавено дека на регионалниот пат Битола – Прилеп патничко возило „форд ескорт“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ф.Б. (25) од Прилеп, излетало од коловозот. Во сообраќајната незгода, возачот се здобил со тешки телесни повреди, кои му биле констатирани во Клиничката болница во Прилеп. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Битола.

Continue Reading

(Видео) Жерновски: Не техничка пауза, туку предупредување е одлуката на САД за суспендирање на визите за македонските граѓани

Одлуката на Соединетите Американски Држави да ја суспендираат обработката на визи за македонските граѓани претставува политички сигнал и предупредување, а не техничка пауза, порача СДСМ на денешната прес-конференција. Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Андреј Жерновски, изјави дека оваа одлука е аларм кој покажува дека политиките на изолација скапо ја чинат државата. Тој посочи дека премиерот Христијан Мицкоски изминатите 24 …

Continue Reading

Рускиот амбасадор во Данска го обвини НАТО дека сака да го милитаризира Арктикот

Рускиот амбасадор во Данска го обвини НАТО дека се обидува да го милитаризира Арктикот поради барањата на САД за контрола врз во голема мера автономната територија Гренланд, која е дел од Кралството Данска. Земјите на НАТО, вклучително и Данска, користат руски или кинески закани за да го прошират своето воено присуство во регионот, изјави амбасадорот Владимир Барбин за руската државна …

Continue Reading

Земјотрес од Албанија почувствуван во Охрид и Струга

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија денеска во 11 часот и 28 минути регистрира земјотрес со епицентар во соседна Република Албанија, на околу 155 километри југозападно од Скопје. Како што информира Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математички факултет, земјотресот имал локална Рихтерова магнитуда од ML 3,8. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, потресот бил почувствуван во Охрид, Струга и околината …

Continue Reading

Путин разговараше по телефон со Нетанјаху за ситуацијата на Блискиот Исток

Рускиот претседател Владимир Путин разговараше по телефон со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за ситуацијата на Блискиот Исток. „Беше разговарано за ситуацијата на Блискиот Исток и во Иран. Владимир Путин ги презентираше своите основни пристапи за интензивирање на политичките и дипломатските напори за обезбедување стабилност и безбедност во регионот“, соопшти прес-службата на Кремљ, пренесува РИА Новости. Како што е наведено, Путин …

Continue Reading