(Видео) Сити не успеа да го победи Брајтон, Семењо погоди за триумф на Борнмут, Фулам го победи Челзи

Манчестер Сити полека го губи чекорот со Арсенал во борбата за титулата. По третото реми во низа, Сити има пет поени помалку и натпревар повеќе од лидерот на табелата. Во 21-то коло, Манчестер Сити ремизираше со Брајтон 1:1. Манчестер Сити и Брајтон, четврти пат по ред одиграа нерешено во Премиер лигата. Ерлинг Халанд го доведе Сити во водство од пенал …

Continue Reading

(Видео) Барселона го декласира Атлетик Билбао

Фудбалерите на Барселона први обезбедија место во финалето на шпанскиот Суперкуп. Во Џеда, Барселона го декласира Атлетик Билбао со 5:0. Сè беше решено во временски период од само 16 минути кога Барса постигна дури четири гола. Четири различни играчи ја погодија мрежата на шпанскиот репрезентативец Унаи Симон, а воедно ги поделија и асистенциите меѓу себе: Феран Торес во 22-та минута, …

Continue Reading

Државјанин на Турција нападнат на Бит Пазар, му било оштетено и возилото

Полицијата во Скопје постапува по пријава на државјанин на Турција со престој во главниот град, кој пријавил дека бил пресретнат и физички нападнат на подрачјето на Бит Пазар. Како што соопшти СВР Скопје, според пријавеното, на 5 јануари околу 17:50 часот, бил пресретнат од лице со иницијали В.Ф. и уште едно лице, по што В.Ф. почнал да удира по неговото …

Continue Reading

Одрони, излевања и поплави на повеќе локации – во Кичево евакуирани 60 луѓе во спортска сала поради поплавени домови

Директорот на Центар за управување со кризи, Мухамед Али, заедно со дежурните екипи на бројот за итни повици 112 и Секторот за операции, континуирано ја следи состојбата по обилните врнежи од дожд. Од ЦУК апелираат граѓаните, доколку имаат потреба или забележат проблеми, истите да ги пријават на бројот 112. Според пријавите и интервенциите до 21:00 часот на 7 јануари 2026 …

Continue Reading

Поплавени улици во Битола, мобилизирани јавните претпријатија

По обилните врнежи од дожд што вечерва предизвикаа поплавување на улици низ Битола, екипи на ЈП „Нискоградба“ и други јавни претпријатија започнаа со интервенции за санирање на состојбата. Најкритична е состојбата кај стариот објект „Прогрес“, каде што се излеа каналот од реката Курделес. Поради тоа, сообраќајот е отежнат на улицата „Македонска фаланга“ (поранешна „Иво Лола Рибар“) на потегот кон Железничката …

Continue Reading

Елмас стартер – Наполи не успеа да ја победи Верона

Фудбалерите на Наполи, се спасија од пораз на домашен терен против еден од најслабите тимови во Серија А, Верона. Натпреварот на „Диего Марадона“ заврши 2:2. Елиф Елмас играше од почетокот, одигра просечен натпревар до моментот кога беше заменат во 63-та минута. Ситуацијата не беше поволна за тимот на Антонио Конте, откако во првите 30 минути бидејќи Вања Милинковиќ-Савиќ два пати …

Continue Reading

Нигеријците одбија да патуваат на натпреварот со Алжир

Репрезентативците на Нигерија, блескаат на Африкански куп на нации и, како што играа досега, се меѓу првите фаворити за титулата заедно со домаќинот Мароко. „Супер орлите“ одлетаа во четвртфиналето со четири последователни победи, три во групата, а потоа и убедливи 4:0 на почетокот од нокаут фазата, против Мозамбик. Сепак, кога требаше да заминат од Фез за Маракеш, Виктор Осимен, Адемола …

Continue Reading

„Ова е лудо“: Бредли Купер за гласините дека правел пластични операции

Познатиот актер Бредли Купер ги демантираше гласините за пластични операции што со години кружат за неговиот изглед. Во гостување во популарниот подкаст SmartLess, 51-годишниот Купер за првпат подиректно се осврна на овие шпекулации, а во негова одбрана застана и неговиот долгогодишен пријател Вил Арнет. Арнет изјави дека го нервира тоа што постојано се повторуваат тврдењата дека Купер имал естетски зафати, …

Continue Reading

Мицкоски најави лидерска средба на која би се зборувало за укинување на техничката влада

Премиерот Христијан Мицкоски во текот на утрешниот ден ќе упати покани до политичките партии за лидерска средба, на која би станало збор и за укинување на техничката влада. Мицкоски изјави дека не би влегувал во процес на укинување на техничката влада без политички консензус, оценувајќи дека ваквите промени треба да се носат со согласност на сите релевантни политички чинители. Тој …

Continue Reading