(Видео) Пенов: Потребни се итни мерки за загадувањето во Скопје – само оџакот на Цементарница чади колку 10.000 станбени единици

На последната вонредна седница во Советот на Град Скопје посветена на загадувањето во главниот град и неговите причинители, советникот од ЛДП, Ристо Пенов, изјави дека тој, лично стравува дека и вонредната седница ќе помине како досега, во општи констатации и неверување дека нешто навистина може да се промени, додека искуствата во светот говорат дека големи промени се можни и тоа …

Continue Reading

Тешка кражба во барака на „Паркови и зеленило“: украдени неколку парчиња огнено оружје

Вчера околу 09:00 часот во СВР Скопје, од Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ во Скопје е пријавено дека во периодот од 02.01.2026 до 05.01.2026 во барака на подрачјето на Карпош, сопственост на Јавното претпријатие, со употреба на физичка сила и алат е извршена тешка кражба, при што од сефот биле одземени неколку парчиња на огнено оружје, кои биле користени од …

Continue Reading

Семејно насилство во скопско: жената го истепала сопругот

Вчера полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со двајца сопружници од скопско, постапувајќи по претходна пријава од 37-годишен маж дека на 01.01.2026 во семејниот дом во скопско, по претходна расправија, бил нападнат од неговата 33-годишна сопруга. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

Continue Reading

20-годишник од Скопје нападнат и ограбен во Аеродром

Вчера во 10:10 часот во СВР Скопје, 20-годишниот Д.Ј. од Скопје пријави дека на 01.01.2026 околу 02:00 часот на паркинг простор во близина на угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, бил физички нападнат од едно лице, кое исто така му го одзело часовникот. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Continue Reading

Прегазен маж на регионалниот пат Гостивар-село Градец: со тешки повреди пренесен во болница

Вчера во 16:05 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на регионалниот пат Гостивар-с.Градец, во населба Млаки, патничко возило „мерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од С.Ј.(46) од село Врапчиште, гостиварско, удрило во 69-годишниот Б.С. од Гостивар. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Медицински центар Гостивар. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Гостивар.

Continue Reading

Уапсен 55-годишник од неготинско: возел под дејство на алкохол

Вчера во 17:45 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода Л.Д.(55) од село Пепелиште, неготинско. При сообраќајна контрола на ул.„Христо Ботев“ во Неготино, било сопрено патничко возило „југо“ со неготински регистарски ознаки, кое го управувал Л.Д. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,05 промили алкохол во крвта. …

Continue Reading

(Фото) Ѓорѓиевски: Овој свет празник да ни донесе мир во душите и слога меѓу луѓето, заедно, со љубов и радост, да го дочекаме светлото Христово раѓање

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски присуствуваше на традиционалното одбележување на големиот празник Бадник во Соборниот храм, каде се делеа Бадниковите гранчиња, симбол на животот, мирот и новиот почеток. „Им честитам на овогодинешниот кум Зоран Контраденко и на здравичарот Јаков Дренковски, со искрени желби за многу здравје, среќа, благосостојба и радост во нивните домови. Нека овој свет празник нè обедини …

Continue Reading

Скопјанец пронашол залутани зрна од огнено оружје во двор од приватна фирма

Вчера во 14:40 часот во СВР Скопје, 54-годишниот М.Л. од Скопје пријави дека на улицата „Тодор Александров“ во Скопје, во двор од приватна фирма, пронашол залутани зрна од огнено оружје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Изгубил контрола врз возилото и удрил во бетонски ѕид: во сообраќајната незгода повредени двајца малолетници од Тетово

Вчера во 19:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на улицата „Емин Бојана“ во село Бојане, скопско, 47-годишниот М.Ш. од село Рогле, тетовско, управувајќи патничко возило „ауди“ со италијански регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во бетонски ѕид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 17-годишен сопатник од Тетово, додека со телесни повреди се здобила 14-годишна сопатничка од …

Continue Reading