(Видео) Хајди Клум ја испрати 2025 година во топлес и црвени танга
Манекенката Хајди Клум ја испрати старата и ја дочека новата година во свој препознатлив стил – во топлес, уживајќи во последните сончеви зраци со својот сопруг Том Каулиц. На Инстаграм сподели видео во кое позираат покрај базен, со поглед кон океанот и планините. Додека сопругот ја прегрнуваше околу половината, Клум носеше само црвена танга. „Среќна, задоволна и благодарна. Нашиот последен …
Continue Reading
Државниот врв на премиерата на „Приказната за Силјан“ во МНТ: „Добивме вредно филмско остварување“
Документарниот филм „Приказната за Силјан“, во режија на Тамара Котевска, синоќа ја имаше својата македонска премиера во Македонскиот народен театар во Скопје. На премиерата присуствуваше претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која оцени дека филмот е моќна приказна за семејството, односот меѓу човекот и природата и борбата за достоинствен живот, додавајќи дека делото добива особена тежина пред домашната публика. „Честитки за Тамара Котевска …
Continue Reading
Винисиус ќе го продолжи договорот со Реал
Винисиус Жуниор, еден од најдобрите играчи на денешницата, не сака да го напушти Реал Мадрид и се чини дека решение за сагата околу неговиот нов договор е на повидок. Бразилецот е свесен дека трпението на претседателот Флорентино Перез е при крај и, за да го обезбеди својот престој во Мадрид, е подготвен да направи клучен компромис. Ќе се откаже од …
Continue Reading
Мадуро денеска ќе биде изведен пред американски суд
Венецуелскиот претседател Николас Мадуро денеска треба да се појави пред американски суд, откако американските сили го заробија за време на викендот, додека американскиот претседател Доналд Трамп ја остави отворена можноста за уште еден напад доколку САД не постигнат договор со привремената челничка на земјата. Трамп во неделата изјави пред новинарите дека би можел да нареди нов напад доколку Венецуела не …
Continue Reading
Стармер одбива да ја осуди американската акција во Венецуела, лабуристите реагираат
Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека засега нема да ја осуди американската акција во Венецуела, нагласувајќи дека прво сака да „ги утврди фактите“ и да разговара со американскиот претседател Доналд Трамп. Истовремено, тој порача дека Обединетото Кралство „нема да пролева солзи“ поради крајот на режимот на Николас Мадуро. Ваквиот став предизвика реакции кај дел од пратениците од Лабуристичката партија, кои …
Continue Reading
Тајмс: Иранскиот ајатолах подготвил план за бегство во Москва доколку протестите излезат од контрола
Иранскиот врховен лидер Али Хамнеи има подготвен план за бегство од земјата во случај масовните протести да излезат од контрола и безбедносните сили да му ја откажат послушноста, објави британски „Тајмс“, повикувајќи се на разузнавачки извештај. Според наводите, рутата за бегство од Техеран е веќе испланирана, а како најверојатна дестинација се споменува Москва. Планот би се активирал доколку ајатолахот процени …
Continue Reading
ССНМ: Дигиталниот напад врз „Слободен печат“ е напад врз слободата на медиумите
Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници бара брза, итна и енергична акција на Основното јавно обвинителство и на Министерството за внатрешни работи при координираната и злонамерна активност насочена кон профилите на „Слободен печат“ на социјалната мрежа Инстаграм. „Оваа очигледно организирана и нарачана активност, предизвикана од масовни пријавувања на содржините е со јасна цел, нарушување на работата на редакцијата и …
Continue Reading
Македонски Концепт бара резолуција за осуда на комунизмот и закон за забрана на неговите симболи
Централниот комитет на Македонски Концепт повика на донесување Резолуција за осуда на комунизмот и Закон за забрана на комунистичките симболи и тоталитарната идеологија, наведувајќи дека вакви чекори веќе презеле Полска и Чешка, кои со закон ја изедначиле комунистичката со нацистичката пропаганда. Од партијата посочуваат дека тие земји претставуваат патоказ за целосна интеграција во Европската Унија и сметаат дека исто законско …
Continue Reading
Би-Би-Си: Апсењето на Мадуро е опасен преседан за целиот свет
Апсењето на венецуелскиот лидер Николас Мадуро, по наредба на американскиот претседател Доналд Трамп, претставува сериозен преседан во меѓународните односи и удар врз меѓународното право, оценува Би-Би-Си во анализа. Трамп изјави дека САД привремено ќе управуваат со Венецуела, додавајќи дека не се исклучува ниту испраќање војска. Американските власти тврдат дека операцијата била успешна воено, но експертите предупредуваат дека политичките последици би …
Continue Reading