Грција ќе вложи 420 милиони за автопат кон Евзони и надградба на автопатите

Во Грција официјално од денеска започнува 35 – годишната концесија на најдолгиот автопат во земјата – Виа Игнација  (Егнација Одос), за што грчката држава веднаш инкасираше околу 1,3 милијарди евра. Концесионерскиот договор опфаќа три дела, од кој еден е исплаќање на 1,5 милијарди, потоа одржување за над 1,5 милијарди и уште 420 милиони во чија рамка влегува и изградба на …

Continue Reading

Трамп: САД не се плашат од потенцијално испраќање копнени сили во Венецуела

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД не се плашат од потенцијално испраќање копнени сили („чизми на земја“) во Венецуела, по извештаите за заробувањето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро. – Не се плашиме од чизми на земја, рече Трамп на прес-конференцијата во неговата резиденција Мар-а-Лаго на Флорида. „И мораме да имаме, имавме чизми на земја синоќа, на многу високо ниво. …

Continue Reading

Паднато дрво усмрти жена во Софија

Силниот ветер што утрово ја зафати Софија предизвика тешка сообраќајна несреќа со смртни последици на патот кон планината Витоша. Огромно дрво паднало врз автомобил во движење на Беловодскиот пат, при што загина 31-годишна жена. Несреќата се случила околу 9:45 часот. Во возилото се наоѓало четиричлено семејство кое тргнало на излет. Жената, која седела на совозачкото место, починала на лице место …

Continue Reading

(Видео) Вулверхемптон во 20-то коло ја забележаа првата сезонска победа

Вуллверхемптон ја прекинаа најлошата низа во историјата на Премиер лигата. Во 20-то коло, ја забележаа првата победа во сезоната. Вулфс го победија Вест Хем со 3:0. Вулверхемптон ги решија „чеканите“ за едно полувреме. Победата ја најави Андраде по само четири минути игра, а по половина час Хванг зголеми на 2:0. Точка на победата, со првиот гол во сениорската кариера, стави …

Continue Reading

САД поднесоа ново обвинение против Мадуро, сопругата и синот

Министерството за правда на САД објави ново обвинение против венецуелскиот претседател Николас Мадуро, овој пат вклучувајќи ја неговата сопруга и син. Американскиот претседател Доналд Трамп претходно изјави дека Мадуро е на пат кон Њујорк, каде што ќе се соочи со сериозни обвиненија за „наркотероризам“. Во обвинението се тврди дека Мадуро и неговите сојузници ги претвориле венецуелските институции во центар на …

Continue Reading

Стивен Ивановски е меѓу загинатите во пожарот во Кран Монтана

Младиот Стивен Ивановски, по кој се трагаше по пожарот во швајцарскиот скијачки центар Кран Монтана е идентификуван како загинат, пренесе телевизија Сител повикувајќи се на информации од блиски во семејството на Ивановски. Според известувањето на телевизијата, неговото тело било едно од само четирите идентификувани досега од загинатите најмалку 40 лица. Информациите што ги пренесува Би-би-си се дека досега се идентификувани …

Continue Reading

Жив и здрав е најден планинарот по кој се трагаше на Пелистер

Планинар од Прилеп кој претпладнево беше пријавен за изгубен на подрачјето на Националниот парк „Пелистер“ е пронајден, жив и здрав, и се наоѓа во населеното место Ниже Поле, изјави Иванчо Тошевски, директор на ЈУ Национален парк „Пелистер“. Тошевски потврди дека планинарот најверојатно избрал друга патека на движење низ планината и пристигнал во селото Нижо Поле. -Планинарот беше достапен на телефон …

Continue Reading

(Видео) Ренџерс го доби „Олд Фирм“ дербито, Миовски експресно пожолте

Ренџерс го победија Селтик со 3:1 во денешното дерби на „Олд Фирм“ на „Селтик Парк“. „Полицајците“ ја продлабочија кризата на градскиот ривал и веројатно му го потпишаа отказот на нивниот менаџер Вилфред Нанси. Со победата, Ренџерс се израмнија со второпласираниот Селтик со 38 бода, додека водечките Хартс имаат три бода повеќе и натпревар помалку. Селтик поведе во 19-та минута со …

Continue Reading

Отворена е истрага против сопствениците на барот во Швајцарија

Отворена е кривична истрага против двајцата сопственици на барот што изгоре во швајцарскиот ски-центар Кран-Монтана, при што загинаа 40 лица, соопшти денеска полицијата. – Тие се обвинети за убиство од небрежност, предизвикување телесни повреди од небрежност и предизвикување пожар од небрежност, соопшти полицијата на кантонот Вале, каде што се наоѓа Кран-Монтана. „Треба да се напомене дека презумпцијата на невиност се …

Continue Reading