(Фото) Николоски: На автопатот Охрид – Кичево се вршат сложени инженерски зафати, кои првпат се користат во регионот

Првпат на автопатот Охрид-Кичево изведуваме сложени инженерски и градежни зафати и ова првпат се изведува во регионот, а се со цел да се овозможи стабилизирање на косините и земјиштето од овој обем. Ова го изведуваме за целосна доизградба и ставање во функција на безбедно автопатско решение, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, кој заедно со …

Continue Reading

Без таблички и со 2,21 промили: Пијан возач удрил во паркиран автомобил во Ораовица

На 21 декември 2025 година, во ОВР Радовиш било пријавено дека околу 21:30 часот, во селото Ораовица, патничко возило „опел корса“ без регистарски ознаки, управувано од И.В. (46) од истото село, удрило во паркирано патничко возило „форд фокус“ со радовишки регистарски ознаки, сопственост на Ц.Л. Во сообраќајната незгода, возачот И.В. се здобил со телесни повреди, констатирани во Здравствен дом Радовиш. …

Continue Reading

Насилство зад затворени врати: Закани, туркање и физички напад кај две скопски семејства

Два одделни случаи на семејно насилство биле пријавени во Скопје, информираат од полицијата. На 21 декември 2025 година, 51-годишна жена пријавила дека во семејниот дом на подрачјето на Центар, нејзиниот сопруг З.А. (66) ѝ се заканувал со остар предмет, по што го турнал нивниот 22-годишен син и му упатувал закани. Во вториот случај, денеска (22 декември 2025 година) во 09:50 …

Continue Reading

Ѓорѓиевски најави модернизација на Зоолошката градина во Скопје

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска ја презентираше Стратегијата за развој на Зоолошката градина во Скопје, со која, како што кажа, започнува ново поглавје во развојот на оваа институција. „Зоолошката градина во Скопје ќе стане водечки центар за едукација, заштита на природата и хуман третман на животните. Чест ми е што денес ја презентираме Стратегијата за развој на Зоолошката …

Continue Reading

Сообраќајна кавга завршила со тепачки и оштетени возила во Скопје

Два одделни случаи на физички напади биле пријавени вчера во СВР Скопје, информира МВР. Првиот случај бил пријавен околу 10 часот, кога на С.М. (47) од Скопје кој се движел со патничко возило од Јурумлери кон населбата Драчево, две возила му го попречиле патот. Според пријавата, од возилата излегле М.С. и уште неколку лица, кои физички го нападнале, при што …

Continue Reading

Кражба во Кочани: му ја украл картичката од дома и извадил 90.000 евра од банкомат

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против О.С.А.(41) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „кражба“ и за „соизвршителство“ во врска со „оштетување и неовластено навлегување во компјутерскиот систем“ и против Д.К.(35) од Штип и С.М.(38) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „соизвршителство“ во врска со „оштетување и …

Continue Reading

Американски конгресмени се закануваат со тужба поради необјавените досиеја за Епстин

Двајца американски конгресмени се заканија со правни чекори против државната обвинителка Пем Бонди, откако Министерството за правда само делумно ги објави документите поврзани со покојниот осуден сексуален престапник Џефри Епстин, иако законскиот рок истече минатиот петок, пренесе Би-Би-Си. Законот за целосна објава на таканаречените „Епстинови досиеја“ беше потпишан во ноември од американскиот претседател Доналд Трамп, по притисок од неговите поддржувачи …

Continue Reading

Мицкоски објави инвестиција од 100 милиони во енергетиката

Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека Владата потпишала договори за инвестиции во енергетскиот сектор во вкупна вредност од околу 100 милиони евра, со што, како што истакна, енергетиката се позиционира како еден од клучните национални приоритети. Како што наведе Мицкоски, потпишани се договори за реализација на фотонапонската електрана „Битола 3“ и за ревитализација на хидроелектраните – Фаза 3. Вкупната вредност на …

Continue Reading

ИПАРД не е суспендиран, уверува Министерството по наводите на опозицијата

Европската комисија нема донесено одлука за суспензија на средствата од ИПАРД III програмата, соопшти денеска Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Од Министерството наведуваат дека опозицијата преку свои соопштенија и изјави се обидува да ја манипулира јавноста, посочувајќи дека Европската комисија нема суспендирано средства од програмата. Во соопштението се наведува дека на состаноците со претставниците на Европската комисија било најавено …

Continue Reading