Путин првпат зборуваше за НИС: Верувам дека Белград ќе ги исполни своите обврски
Рускиот претседател Владимир Путин повеќе од две децении одржува годишна прес-конференција, на која ги презентира своите политички ставови и анализи на јавноста во Русија и во странство. За време на конференцијата, новинар од Србија го потсети рускиот претседател дека Нафтената индустрија на Србија (НИС), заедничко вложување меѓу Русија и Србија, ги трпи последиците од западните санкции. Тој го праша Путин …
Continue Reading
Дејан Милосављев во Кјелце до 2030 година
Поранешниот голман на Вардар, европски првак со црвено-црните, Дејан Милосављев, од наредната сезона ќе брани во Полска. Репрезентативецот на Србија потпиша договор со Кјелце. Популарниот Банда потпиша договор со екипата на Талант Дујшебаев до 2030 година, односно 3+1 години. „Дејан Милосављев е еден од најдобрите голмани во Европа во последните години. Шест години беше член на Фуксе Берлин, со кого, …
Continue Reading
Пет деца во Индија заразени со ХИВ по трансфузија на крв
Пет деца кои страдаат од таласемија во индиската држава Мадја Прадеш биле заразени со вирусот ХИВ по примање трансфузии на крв, објавија локалните власти, објави денес Би-Би-Си. Најновите случаи на ХИВ инфекција предизвикаа загриженост во врска со начинот на кој се даваат трансфузии, а властите формираа комитет за истражување на инцидентот. Овие случаи следеа по слични инфекции во источната држава …
Continue Reading
За побрз пристап до услугите, промовирани е-Киоск и е-Сандаче; Андоновски вели дека дигиталната трансформација мора да биде достапна за сите
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, заедно со Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, се обрати на конференцијата за промоција на националната ИКТ Стратегија СМАРТ/МК 2030, нагласувајќи дека дигиталната трансформација се реализира преку конкретни, мерливи решенија што директно го подобруваат секојдневието на граѓаните. „Дигиталната трансформација мора да биде достапна за сите, без разлика на дигиталните вештини или пристапот до лична опрема“, …
Continue Reading
Новогодишен концерт на Зарина Првасевда „Кадифено“ во Македонската филхармонија
На 20 декември со почеток во 19 и 30 часот во Македонската филхармонија концерт ќе одржи македонската вокална интерпретаторка и музичарка Зарина Првасевда. На денешната прес-конференција беа споделени детали за концертот „Кадифено“, кој претставува уникатно музичко патување што ги спојува традицијата, современиот звук и светската музичка виртуозност. Овој проект ја означува премиерата на новиот музички опус на Зарина Првасевда, каде …
Continue Reading
(Видео) Кузеска: Измените на Законот за странци нов доказ за вистината
Овие денови ДПМНЕ-ЗНАМ изгласаа неуставна Резолуција само да ја замолчат опозицијата. Немаат како да се борат со вистината, за една голема тема, мигранти за пари. Па сакаат да воведат цензура против слободата на говорот. Но вистината не може да се сокрие, вистината секогаш излегува и секогаш победува, изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска. Таа вели дека денеска објавува нов доказ …
Continue Reading
Слот има добри вести: Собослaј е подготвен, се враќа Фримпонг
На прес конференцијата на Арне Слот пред гостувањето на Ливерпул кај Тотенхем имаше добри вести, но „Црвените“ одат во Лондон без седум играчи. Тотенхем и Ливерпул играат во 18:30 часот. Иако имаше многу шпекулации, Арне Слот вели дека Доминик Собослај треба да биде подготвен за натпреварот во сабота. Добрата вест е дека повредата на Коди Гакпо не е толку сериозна …
Continue Reading
Алиу: Дефиниравме нови програми за специјализации – темелно го менуваме пристапот за креирање медицински кадар
На денешната прес конференција на министерот за здравство, Азир Алиу, заедно со претседателката на Лекарската комора, Калина Гривчева Старделова, деканот на Медицинскиот факултет во Скопје, проф. д-р Светозар Антовиќ, како и претставниците на медицинските факултети во Тетово и Штип, беа презентирани новите програми за специјализации, со кои темелно се менува пристапот во креирање на медицинскиот кадар. „Политиките, мерките и предлозите …
Continue Reading
Кандидат за градоначалник на Крушево им давал по 1.000 денари на луѓе да гласаат за него
Кандидат за градоначалник на Крушево давал по 1.000 денари на луѓе да гласаат за него на последните локални избори. Според информациите на МВР, поднесена е кривична пријава против Т.Х.(33) и Т.Ш.(36), двајцата од Крушево, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „поткуп при избори и гласање“ и „помагање“. На 14.10.2025, првопријавениот дал поткуп во износ од по 1.000 денари …
Continue Reading