Русите им се заканија на европските банки
Централната банка на Русија објави дека ќе поднесе тужби против европските банки во руски арбитражен суд, барајќи надомест за обидот за користење на нејзините замрзнати средства. „Во согласност со претходно споменатиот став за заштита на своите интереси, Банката на Русија објавува дека ќе бара надомест од европските банки во руски арбитражен суд за загуби предизвикани од нелегалното блокирање и користење …
Continue Reading
(Видео) Собрани над 2,5 милиони долари за херојот што го спречи напаѓачот од Сиднеј
Ахмед ал-Ахмед, 43-годишен продавач на овошје од сириско потекло, стана национален херој по неговата храбра интервенција за време на масакрот на плажата Бонди минатата недела. Додека се опоравува од сериозни повреди во болница, илјадници луѓе ја изразија својата поддршка со донации што надминуваат 2,5 милиони долари, објави „Унилад“. Во еден од најмрачните моменти во поновата австралиска историја, пред четири дена, …
Continue Reading
Кривична пријава против двајца кавадарчани за сторено кривично дело „лихварство“
ОВР Неготино, до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против Н.С.(59) и Р.С.(34), двајцата од Кавадарци, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „лихварство“ по член 260 од Кривичниот законик. Според пријавнеото, тие во периодот од јуни 2023 до ноември 2025 година на лице од Неготино му давале пари на заем со писмени и усни договори, а …
Continue Reading
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ. „Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата …
Continue Reading
Лазаров го објави списокот за ЕП
Селекторот на машката сениорска репрезентација, Кирил Лазаров го објави списокот на ракометари за престојното Европско првенство во Данска. Лазаров, првиот собир го закажа за 22.декември (понеделник) со почеток во 13:30 часот во хотел Александар Палас. На спиското нема изненадувања, на континеталниот шампионат Македонија ќе настапи со најдобрите. Македонија на ЕП, во првата фаза ќе игра против Данска, Португалија и Романија. …
Continue Reading
Гаши се сретна со амбасадорката на Монголија: 30 години дипломатски и пријателски односи
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, заедно со Пратеничката група за соработка со Парламентот на Монголија, оствари средба со нерезидентната амбасадорка на Монголија, Сајана Лкхагвасурин. Претседателот Гаши изрази задоволство од средбата во време кога се навршуваат 30 години дипломатски односи меѓу двете земји и надеж дека овој јубилеј ќе отвори едно ново поглавје на заедничка соработка. Иако нашата земја е кандидат …
Continue Reading
МОН: Младите во Македонија ја менуваат перцепцијата за тутунот, неговата употреба се намалува, но се зголемува на електронските цигари
„Во образовниот систем во Македонија одамна е поставен механизам за превенција од употреба на психоактивни супстанци, но тој мора да се менува и надополнува, затоа што се менуваат и трендовите во однесувањето на младите – се намалува употребата на тутунот, но се зголемува употребата на електронските цигари и на тоа мора да се делува“. Ова го истакна министерката за образование …
Continue Reading
ПСЖ победи во сите пенал серии од доаѓањето на Луис Енрике
Откако Луис Енрике дојде на клупата на Пари Сен Жермен, „Светците“, четири пати беа на пенал рулетот и сите четири пати излегоа како победници. Тие го одржаа својот 100% учинок во пенал-серијата во среда, со победата во финалето на Интерконтиненталниот куп против Фламенго, благодарение на Матвеј Сафонов. Рускиот голман го воодушеви светот – одбрани четири од пет обиди на играчите …
Continue Reading
18 декември: Концерт на проф. Иван Наумовски и неговите студенти
Во рамките на манифестацијата „Гевгелија град на културата за 2025 година“, вечерва (18 декември 2025 година), во хотелот „Аполонија“- Гевгелија, со почеток во 19:00 часот, ќе се одржи Концерт на проф. Иван Наумовски и неговите студенти, во организација на ЗГ „Музички моменти“- Гевгелија по повод одбележувањето на 25-годишната музичка дејност на Здружението. Концертната вечер ќе биде посветена на вокално-уметничкиот израз …
Continue Reading