ГП Евзони блокиран поради протестот на грчките земјоделци
Денеска во 18:00 часот поради протестот на грчките земјоделци, ГП Евзони е блокиран за сите видови на сообраќај за влез во Р. Грција, соопшти АМСМ. Од таму додаваат дека граничниот премин за излез од Грција работи само за тешки моторни возила.
Continue Reading
Mакрон најави зголемување на казните за корисниците на дрога
Претседателот на Франција, Емануел Макрон, денес во Марсеј објави дека казната за употреба на канабис или кокаин ќе се зголеми од 200 на 500 евра. Со оваа мерка, рече тој, сака да ги погоди паричниците на оние што купуваат дрога и на тој начин ги хранат мрежите за дрога, објавува телевизијата BFM. За време на разговорот со читателите на весникот …
Continue Reading
Руските граѓани му поставија над 1,6 милиони прашања на Путин за годишната емисија
Повеќе од 1,6 милиони прашања дојдоа од граѓаните на Руската Федерација за програмата „Преглед на годината со Владимир Путин“, која ќе се емитува на 19 декември во 12:00 часот по московско време, објавија денес руските медиуми. Собирањето прашања за оваа емисија започна на 4 декември во 15:00 часот по московско време и ќе продолжи до крајот на програмата, објавува РИА …
Continue Reading
Димитровски: Нов импулс за економска соработка со Шведска
Заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, денеска имаше поздравно обраќање на настанот во организација на Шведско-Македонската Стопанска Комора, кој се одржа во просториите на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. На настанот се обрати и Ола Сулстром, Амбасадор на Кралството Шведска во нашата земја, со што беше потврдена заедничката определба за натамошно унапредување на билатералните односи. …
Continue Reading
Појава на магла и намалена видливост во околината на Дебар
АМСМ информира дека во околината на Дебар има појава на магла и намалена видливост до 50 метри. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. Повеќе информации може да прочитате …
Continue Reading
„Монд“: Одбраната на источното крило на ЕУ треба да биде приоритет поради руската закана
Одбраната на источното крило на Европа треба да биде „непосреден“ приоритет поради руската закана, изјавија денес лидерите на осум земји од Северна и Источна Европа на самитот одржан во Хелсинки, објави парискиот весник „Монд“ на својата веб-страница. „Русија останува закана денес, утре и во догледна иднина“, изјави финскиот премиер Петери Орпо на прес-конференција. Ситуацијата бара источното крило на Европската Унија …
Continue Reading
Словачкиот министер за одбрана: Украина пропушти историска шанса
Продолжувањето на вооружениот конфликт во Украина ќе предизвика уште поголема штета на Киев, изјави словачкиот министер за одбрана Роберт Калињак во интервју за локалниот весник „Правда“. „Колку подолго трае конфликтот, толку поголема штета ќе предизвика на Украина“, рече Калињак, оценувајќи дека Киев имал можност да постигне поповолен договор со Русија веднаш по почетокот на војната. Според него, околностите значително се …
Continue Reading
Божиновска во Прага: Македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди
Делегација предводена од министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари работна посета на чешкиот оператор на преносниот систем ČEPS, a.s., во Прага, во рамки на интензивната агенда за унапредување на институционалните капацитети и усогласување на македонскиот електроенергетски систем со европските стандарди. Целта на посетата беше размена на искуства и добри практики, со посебен фокус на напредното оперативно …
Continue Reading
16 декември: Новогодишен концерт на Ансамбл „Бојмија“- Гевгелија, „Чекори низ времињата“
Вечерва, (16 декември 2025 година), со почеток во 19:30 часот, во Народниот театар- Гевгелија, ќе се одржи Новогодишниот концерт на Ансамбл „Бојмија“- Гевгелија, насловен „Чекори низ времињата“. На овој концерт, покрај традиционалните ора и песни што ги изведува Ансамблот, публиката ќе има можност за првпат да ја проследи премиерната изведба на постановката „Комитско оро“- кореографија која носи длабока симболика и …
Continue Reading