Уапсени возачи во Гостивар и Крива Паланка, возеле пијани

Вчера во 23:55 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слободаТ.З.(63) од Тетово. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,77 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен …

Continue Reading

Град Скопје објави конкурс за најубаво украсени двор и тераса

Град Скопје објави конкурс за најубаво украсени тераса и двор за новогодишните празници. Пријавените објекти ќе ги посети жири-комисија составена од претставници на медиумите, а Град Скопје ќе обезбеди соодветни награди за најуспешните учесници во сите категории. „Со манифестацијата „Украсуваме по скопски“ ги мотивираме и поттикнуваме скопјани да ги украсат своите домови и да придонесат кон создавањето празнична атмосфера низ целиот …

Continue Reading

Шестмина уапсени во прилепско поради „незаконит лов“, одземени шест ловечки пушки

Вчера во 15:30 часот на место викано паркинг Штавица на патот Витолиште-Прилеп, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Старавина ги лишија од слобода С.А.(46), Х.Ј.Ј.(48), П.Т.(46) и 16-годишник, сите од Шведска, како и Д.М.(76) од Кавадарци и К.М. (66) од Прилеп, поради сомнение за сторено кривично дело по член 228 од Кривичниот законик – „незаконит лов“. При контрола …

Continue Reading

Ливерпул во јануари ќе ја ангажира замената за Салах

Ливерпул, во зимскиот преоден рок, ќе донесе замена за Мохамед Салах. Јасно е дека иднината на Салах во клубот е неизвесна, осбено по изјавата дека „клубот го фрлил под автобус“. Англиските медиуми тврдат дека Ливерпул би можел да се ангажира за крилниот напаѓач на Борнмут, Антоан Семењо. Според овие извори, клубот ќе ја активира неговата откупна клаузула од 65 милиони …

Continue Reading

Вучиќ бара наследник на функцијата претседател, се споменуваат четири имиња

Речиси е сигурно дека Александар Вучиќ повторно ќе се кандидира за премиер на Србија, но кој ќе биде кандидатот на Српската напредна партија за претседател останува главната непозната. Соговорниците на белградскиот портал „Данас.рс“ се согласуваат дека СНС нема доволно харизматична личност сама да ги добие претседателските избори, поради што Вучиќ наводно планира да ги одржи парламентарните и претседателските избори на …

Continue Reading

Сиљановска-Давкова: „Вељо Манчевски“ е вреднување на посебниот духовен, образовен и хуман придонес

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на церемонијата на доделувањето на признанието „Вељо Манчевски“, именувано по првиот верски референт во 1943 година. Во својство на покровителка, таа им честиташе на добитниците, оценувајќи дека нивниот труд, ангажман и успех претставуваат пример на извонредност, на општествена одговорност и посветеност на заедничкото добро. За неа, признанието „ Вељо Манчевски“ е институционално препознавање и вреднување …

Continue Reading

Над 40 авто-школи под сомнение дека договарале цени за обука

Постојат индиции дека 40 авто – школи во земјава договарале цените за обука на возачи. Комисијата за заштита на конкуренцијата информира дека во рамки на тековната работа за утврдување можни повреди на Законот за заштита на конкуренцијата, изврши увид во повеќе авто-школи на подрачјето на Република Северна Македонија, при што постапувањето на Комисијата опфаќа активности поврзани со над 40 авто …

Continue Reading

Белата куќа: Трамп е многу фрустриран и од Русија и од Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп е „крајно фрустриран“ и од Русија и од Украина, изјави неговата портпаролка, додека Киев вели дека Вашингтон сè уште врши притисок врз нив да направат значителни територијални отстапки како дел од планот за ставање крај на речиси четиригодишната војна, пренесува АФП. „Претседателот е крајно фрустриран од двете страни во оваа војна“, изјави Каролин Ливит за новинарите. …

Continue Reading

Бензема: Проблемот во Реал не е тренерот, туку играчите

Карим Бензема, легенда на Реал Мадрид, ја анализираше ситуацијата во клубот. Легендарниот Французин го носеше дресот на Реал Мадрид 14 години и во тој период освои сè во клупскиот фудбал. Тој моментално игра за Ал Итихад, а во интервју за „Лекип“, се осврна на актуелниот момент во својот поранешен клуб. Бензема смета дека проблемот во Реал не е тренерот, туку …

Continue Reading