Фрлил кеса и се обидел да побегне: полицијата приведе малолетник и 27-годишен маж
На 10 декември 2025 година, околу 17:40 часот, полициски службеници од ОВР Делчево привеле 16-годишник и А.М. (27), двајцата од Македонска Каменица. При службени дејствија, полицијата ги затекнала на место викано „Горен водопад“ на реката Каменичка, каде што малолетникот фрлил кеса и се обидел да побегне, но бил спречен и приведен. На местото биле пронајдени и одземени кеса со марихуана, …
Continue Reading
Град Скопје: Почнува пријавувањето за манифестацијата „Украсуваме по скопски“
Градот Скопје, по иницијатива на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, ја организира манифестацијата „Украсуваме по скопски“, со која жителите на главниот град се мотивираат и стимулираат да ги украсуваат своите домови придонесувајќи во разубавувањето на празничниот амбиент на градот за време на Новогодишните и Божиќните празници. „Заинтересираните граѓани кои сакаат да учествуваат во манифестацијата, односно да се натпреваруваат за најинтересно и најкреативно …
Continue Reading
Повреден маж во пожар во куќа во Шуто Оризари
На 11 декември 2025 година, околу 05:20 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Шуто Оризари настанал пожар во куќа сопственост на Д.Р. (31) од Скопје. Сопственикот се повредил при излегување од објектот и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Екипа на Бригадата за противпожарна заштита на Скопје го изгаснала пожарот. …
Continue Reading
Герасимовски: Децентрализацијата е темел на модерното управување, општините не смеат да бидат заложници на политиката
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, учествуваше на панел-дискусијата „Перспективи за унапредување на децентрализацијата и локалното управување“, во рамки на Годишната конференција за локална самоуправа и децентрализација. Во своето обраќање тој ја нагласи потребата од продолжување на процесот на децентрализација, јакнење на меѓуопштинската соработка, активната улога во ЗЕЛС и координацијата со државните институции во интерес на граѓаните. „Без оглед на …
Continue Reading
Млад мопедист повреден кога излетал од патoт кај Дојран, му биле измерени 1,60 промили алкохол
На 11 декември 2025 година, околу 01:20 часот, во ОВР Гевгелија било пријавено дека на регионалниот пат Стар Дојран – Нов Дојран, на место викано „Калдрма“, мопедист излетал од коловозот. Д.Б. (22) од Нов Дојран, управувајќи мопед „хамачи“ со гевгелиски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот, при што се здобил со телесни повреди констатирани во Општата болница Гевгелија. …
Continue Reading
Навивачи нападнале полицајци на влезот во спортската сала во Битола
На 10 декември, околу 18:45 часот, на влезот во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги привеле П.Н. (20), Н.А. (24) и Д.М. (24), сите од Скопје. При влегување на навивачка група од Скопје на ракометен натпревар бил нарушен јавниот ред и мир, при што тројцата физички нападнале полициски службеници кои извршувале службени дејствија. Подоцна, …
Continue Reading
Кичевец пријавил дека едно лице на сила се обидело да влезе во куќата на мајка му
Синоќа во 00:00 часот во ОВР Кичево, 49-годишен маж од Кичево пријавил дека на 09.12.2025 околу 23:40 часот едно лице се обидело со употреба на сила да влезе во семејната куќа каде живее неговата мајка. Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Continue Reading
Ограбени предмети од штала во Теново
Вчера во селото Жеровјане, тетовско, полициски службеници го приведоа Б.Е.(30) од с.Жеровјане. Тој се сомничи дека во период од неколку денови извршил кражба во напуштена штала во селото Теново, сопственост на Л.И.(22), при што одзел повеќе предмети, соопшти МВР. Ззадржан е во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Continue Reading
Ле Пен: Европа на Макрон е илузија без потпора во реалноста
Пратеничката на француското Национално собрание, Марин Ле Пен, остро ја нападна политиката на претседателот Емануел Макрон, велејќи дека неговата визија за Европа нема основа во реалноста, според француските медиуми. За време на нејзиното обраќање во парламентот, Ле Пен оцени дека она што го изградил Макрон „не е ниту европски суверенитет ниту европско партнерство“, туку само политичка илузија. Таа рече дека …
Continue Reading