Пензионер 11 години по грешка добивал повисока пензија – сега мора да врати речиси 30.000 евра

Британскиот пензионер Дерек Ричи (63) треба да врати 28.640 евра што 11 години ги примал поради административна грешка направена уште во 2014 година. Надлежните служби дури во март му пратиле писмо со извинување и упатство да ги врати парите – одеднаш или на рати. Ричи побарал објаснување, но не добил одговор. Наместо тоа, по три месеци му се заканиле со …

Continue Reading

Трагедијата во Хонг Конг открива системски пропусти: од фалсификувани податоци до корупција и опасни материјали во реновирањето

Една од најтешките трагедии во поновата историја на Хонг Конг – пожарот во станбениот комплекс „Ванг Фук Корт“, во кој загинаа најмалку 159 лица – добива нова димензија, откако документи до кои дојде Ројтерс покажуваат дека станарите биле погрешно информирани за безбедносната историја на фирмата ангажирана за реновирање. Погрешни информации за „чиста“ историја Консултантската фирма Will Power Architects, која била …

Continue Reading

На Клиниката за ортопедија успешно изведени две трансплантации на коска од починат донор кај педијатриски пациенти

Првата интервенција е извршена кај 14-годишно девојче со вродена аномалија на стапалата. Постигната е стабилна корекција и пациентката се врати на вообичаените активности, информира Министерството за здравство. Операцијата ја предводеа науч. сор. д-р Ненад Атанасов и асс. д-р Милена Богојевска Доксевска, со тим составен од д-р Даница Поповска, д-р Армин Амедовски, д-р Ријад Ајро, анестезиолог д-р Лилјана Анѓелеска, анестетичарка Гордана …

Continue Reading

Мицкоски: Европската интеграција не смее да се сведе на пасивно прифаќање, Македонија мора да знае да каже ДА кога тоа е во нејзина корист

Во 21 век, историското наследство не може да биде изговор за застој. Напротив, тоа е најсилен мотив државата да биде поефикасна, поорганизирана и повредносно кохерентна. Жртвите и идеалите на претходните генерации ја прават сегашната неефикасност, институционална слабост или корупција уште понедозволиви, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на своето воведно обраќање на отворениот дел од XVIII конгрес во Кавадарци. Мицкоски …

Continue Reading

Мицкоски: Економијата мора да излезе од замката на ниски плати, до 2030 мора да направиме премин кон економија со високи компетенции

Македонската економија мора да излезе од историската замка на ниските плати, евтината работна сила и ограниченото производство. До 2030 година, земјата мора да направи структурен премин, од економија на евтина продукција кон економија на знаење, високи компетенции и додадена вредност, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во своето прво обраќање во отворениот дел на XVIII конгрес. „Економската сила ја определува државната сила. …

Continue Reading

Орбан: ВМРО стана една од најуспешните политички сили во Европа, ја поставивте вашата татковина на патот на стабилен, предвидлив и безбеден развој

Претставници на сестринските партии на ВМРО-ДПМНЕ упатија честитки за како што велат, достигнувањата на партијата кои ги имаше во последните две години и притоа укажуваат на победите на парламентарните, претседателските и локалните избори. Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, оценува дека ВМРО-ДПМНЕ ја поставила Македонија на патот на стабилен, предвидлив и безбеден развој. „Им честитам на сите членови и активисти на ВМРО-ДПМНЕ …

Continue Reading

Мицкоски: Стратегиската линија на ВМРО-ДПМНЕ е дека националниот идентитет не е предмет на преговори

„Македонија може да биде европска само ако е стабилна во својата самосвест и сигурна во сопствениот идентитет. Во европската традиција на народните партии, националното не е етноцентричен инструмент, туку демократски израз на заедничка историја, култура и политичка волја. За Македонија ова е особено важно: државата е млада, изложена на историски искушенија и често соочена со обиди за релативизирање на нејзиното …

Continue Reading

Маж од Неготино присилил скопјанка на полови дејствија, ја снимал и ѝ барал пари за да не го објави видеото

Полицијата уапси 29 годишен неготинчанец откако скопјанка го пријавила дека ја присилил на полово дејствие, ја снимал, а потоа ѝ барал пари за да не го објави видеото. „На 06.12.2025 во 01:00 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Р.М.(29) од Неготино, постапувајќи по пријава од 41-годишна жена од Скопје …

Continue Reading

Тошковски доби опомена од „Сејф сити“ – возел со 1 километар на час над дозволената брзина

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, на Фејсбук објави дека добил порака за сторен сообраќаен прекршок од „Сејф сити“. „Утрово, движејќи се со своето приватно возило кон Кавадарци каде што денеска се одржува партискиот конгрес, добив смс порака за сторен сообраќаен прекршок констатиран од системот „Безбеден град“, бидејќи сум се движел со 1 км/ч над дозволената брзина. Ова е најдобрата …

Continue Reading