Кривична за кичевец: градел објект за малостопанство без одобрение за градба, употребил и лажен елаборат

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Г.Л.(57) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „употреба на исправа со невистината содржина“. Тој, во својство на инвеститор, без одобрене за градење извршил доградба на објект за малостопанство, а потоа со намера да создаде привид на законитост на објектот употребил елаборат од 2018 година со невистинити …

Continue Reading

Шалтерите на скопски „Водовод“нема да работат за време на празникот

ЈП Водовод и канализација – Скопје ги известува граѓаните на град Скопје дека на ден 08.12.2025 година (понеделник), по повод државниот празник – Денот на Св. Климент Охридски, шалтерите за наплата, шалтерите за рекламации и операторите во Дирекцијата на претпријатието нема да работат. На 09.12.2025 година (вторник) се продолжува со редовно работно време.

Continue Reading

Гринкевич: НАТО ќе се справи во Европа и со помалку американски војници

Врховниот командант на НАТО во Европа, американскиот генерал Алексус Гринкевич изјави дека верува оти Европа ќе се справи добро дури и со помалку американски војници на Стариот континент. „Европа нема да има проблеми дури и ако САД повлечат дел од своите сили“, рече Гринкевич, пренесува Политико. Како што вели тој, Европа и Канада имаат доволно капацитети, а НАТО е подготвен …

Continue Reading

Ѓорѓиевски на Светскиот ден на волонтерството: И оваа година, Град Скопје стои рамо до рамо со волонтерите како поддржувач во создавањето на поодговорно, похумано и посолидарно општество

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денес се приклучи на активностите по повод Светскиот ден на волонтерството, заедно со претседателот на Советот на Град Скопје, Даме Димитровски. Во соработка со Црвениот крст на Република Македонија–Црвен крст на Град Скопје, тие учествуваат во низа хуманитарни и социјални активности насочени кон поддршка на најранливите категории граѓани. „Денес, на Светскиот ден на волонтерството, …

Continue Reading

„Ван Дајк е виновен за се она што му се случува на Ливерпул, а него никој не го критикува“

Поранешниот играч од средниот ред на Челзи, сега стручен коментатор на „ESPN“, Крег Барли, остро го критикуваше капитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк. Тој тврди дека формата на Холанѓанецот е најголемиот проблем што го мачи тимот оваа сезона. Реакцијата на Барли дојде откако Ливерпул неочекувано одигра нерешено (1:1), на домашен терен против Сандерленд. Шкотскиот аналитичар истакна дека премногу внимание се …

Continue Reading

Стаменкоска Трајкоска и Црвен Крст со хуманитарни пакети за семејства во социјален ризик

Во рамки на активностите по повод Светскиот ден на волонтеризмот, градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, денес на семејства кои се наоѓаат во социјален ризик им достави хуманитарни пакети со основни прехранбени продукти. Акцијата е реализирана како дел од заедничка иницијатива на Општина Кисела Вода и општинската организација на Црвениот крст на Република Македонија. Поддршката опфати повеќе семејства …

Continue Reading

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Со донација на нова компјутерска опрема за учениците од ДУЦОР „Партенија Зографски“ во Скопје, Халкбанк АД Скопје реализираше активност насочена кон унапредување на наставата и поддршка на децата со посебни образовни потреби. Опремата е наменета за полесен пристап до дигитални едукативни содржини, интерактивни програми и современи алатки што го поттикнуваат индивидуалниот развој. Донацијата беше предадена во просториите на училиштето, во …

Continue Reading

Просветен инспектор вршел психичко насилство врз наставничка во училиште во Муртино

СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против Ѓ.З.(53) од село Добрејци, струмичко, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривичното дело „малтретирање во вршење на службата“ по член 143 од Кривичниот законик. Пријавениот, како државен просветен инспектор, на 15.10.2025, при вршење на инспекциски надзор во основно училиште „Маршал Тито“ с.Муртино, струмичко, извршил психичко насилство на наставничка …

Continue Reading

19-годишник пронајден починат во неговиот дом во село Огњанци

Вчера во 15:38 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот во с.Огњанци, скопско, е пронајден починат Р.О.(19). Полицијата информира дека лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција.

Continue Reading