Во наредните денови претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд
Времето утре ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на слаба магла. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени. …
Continue Reading
Скандалот со 9 милиони евра e само капка во криминалниот океан на Мицкоски и ДПМНЕ, велат од СДСМ
Скандалот со доделените тендери од 9 милиони евра на фирма основана пред една година, со двајца вработени е само капка во криминалниот океан што го создадоа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, велат од СДСМ. „Криминалната власт има изградено систем во кој парите на граѓаните системски се крадат, преку наместени тендери на фирми блиски до власта. Тоа е моделот на Груевски кој јавноста …
Continue Reading
Филипче – Костреш: продлабочување на соработката меѓу двете партии и во регионот
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска оствари средба со Бојан Костреш, претседател на Лигата на социјалдемократите од Војводина, Република Србија. На состанокот се разговараше за продлабочување на односите и зајакнување на соработката меѓу двете партии, но и за проширување на регионалната соработка со социјал-демократските и прогресивните политички субјекти. „Двете партии ја истакнаа заедничката посветеност на три клучни приоритети: интеграцијата на …
Continue Reading
13 лица уапсени во врска со смртоносниот пожар во Хонг Конг
Полицијата во Хонг Конг уапси 13 лица како дел од истрагата за пожар во станбен комплекс во кој загинаа најмалку 151 лице, објави кинеската државна новинска агенција „Ксинхуа“, повикувајќи се на локалните власти. Во извештајот се наведува дека седум од 20 примероци од материјалот на зградата, кои беа собрани од изгорените облакодери, не ги исполнуваа стандардите за отпорност на пожар. …
Continue Reading
Тошковски: Започна пробниот период на системот „Безбеден град“, прекршоците автоматски се бележат, сопствениците добиваат известување
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот, каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City), по повод почетокот на пробниот период во кој сторителите на сообраќајни прекршоци ќе добиваат известување за сторениот прекршок. Со последните измени на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, прекршоците документирани со технички средства – камери, сензори и уреди за …
Continue Reading
Полициски службеници од Охрид на средба со претставници од Здружението на пензионери
На иницијатива на СВР Охрид, денеска се одржа работна средба помеѓу полициски службеници од отсекот за превенција при СВР Охрид и претставници од Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца. Целта на средбата беше размена на информации и координација околу повторните телефонски измами на претежно повозрасни лица за наводно случени сообраќајни незгоди. Притоа, полициските службеници укажаа на потребата, Здружението низ …
Continue Reading
Општина Кисела Вода со јавен повик до жителите: активно да се вклучат во креирање буџетот за 2026 година
Општина Кисела Вода упатува јавен повик до сите свои жители, граѓански организации, здруженија, деловни субјекти од овој дел на градот, активно да се вклучат во процесот на креирање на Буџетот за 2026 година. Со оваа иницијатива, општината како што велат од таму, уште еднаш ја потврдува заложбата за транспарентно и отчетно управување, во кое реалните потреби на граѓаните се основа …
Continue Reading
Продолжува повратот на средствата од мерката МојДДВ за скенирани сметки, соопшти Управата за јавни приходи
Управата за јавни приходи информира дека повратот на средства од мерката МојДДВ за скенирани сметки во третиот квартал од 2025 година продолжува, односно не е прекинат ниту откажан. „Во процесот на исплата кај дел од спецификациите се појави технички проблем кој бара целосна преработка на истите. Имено, доколку постои дури и само еден налог каде се појавува корисник со промена …
Continue Reading
3 декември: Изложба на дела од колекцијата на Национална галерија на РМ „Жанр сцени“ во Гевгелија
Во рамки на програмата „Гевгелија град на културата за 2025 година“, Општина Гевгелија во соработка со ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија и НУ Музеј- Гевгелија ја најавуваат изложбата „Жанр сцени“- избор од богата и вредна колекција на Националната галерија на Република Македонија. Настанот претставува ретка можност гевгелиската јавност да види дела што инаку се чуваат во депоата на Националната …
Continue Reading