Араухо има проблем со менатлното здравје – Барселона го испрати на одмор

Роналд Араухо повеќе не може да го издржи притисокот и нема одреден период да игра за Барселона. Можеби никогаш повеќе… Во зависност од неговата ментална состојба во иднина. Уругвајскиот стопер не се чувствува добро психички, самиот побарал да не игра за Барселона уште некое време. Долго време, Араухо е мета на критики од јавноста и навивачите поради неговите лоши настапи, …

Continue Reading

Кремљ: Го освоивме Покровск

Руската армија го зазеде украинскиот рударски град Покровск во источниот регион Донецк, кој беше под напади околу една година, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за новинарите. Песков рече дека претседателот Владимир Путин бил информиран. Нема потврда од Киев. Руските сили наводно го окупирале и градот Вовчанск во соседниот Харков. Тврдењата не можеа да бидат независно потврдени, иако украинскиот …

Continue Reading

Започнаа клучните сослушувања за Луиџи Манџионе за убиството на моќен директор во Њујорк

Луиџи Манџионе, човекот обвинет за убиство на директорот на „UnitedHealthcare“, Брајан Томпсон, пред хотел на Менхетен, се појави денес на суд, со што започна серијата клучни рочишта. Ројтерс објавува дека рочиштата ќе одлучат за прифатливоста на клучните докази во неговото претстојно судење за убиство. 27-годишниот Манџионе беше уапсен во декември минатата година под обвинение дека го застрелал Томпсон сред бел …

Continue Reading

Белата куќа: Магнетната резонанца на Трамп покажа одлична здравствена состојба

Портпаролката на Белата куќа, Каролина Ливит, денес изјави дека неодамнешниот преглед со магнетна резонанца на Доналд Трамп било превентивно по природа и покажало дека претседателот е во одлична кардиоваскуларна здравствена состојба. На брифингот за медиумите во Белата куќа, Ливит рече дека мажите на возраст како Трамп имаат корист од ваквите прегледи. President Donald J. Trump’s Advanced Imaging Results: “His cardiovascular …

Continue Reading

Лука Модриќ: Повторно би одел по истиот пат и не би менувал ништо во мојата кариера

Вториот дел од историскиот разговор со Лука Модриќ во емисијата (Неуспех на шампионите): Специјал со Славен Билиќ, која се емитува на каналите Арена Спорт, носи искрена приказна за клучните моменти од кариерата на фудбалскиот великан. Во дванаесеттата епизода од третата сезона, Лука ги сподели со гледачите своите впечатоци и спомени од периодот кога се пресели во Тотенхем, големиот трансфер во …

Continue Reading

Општина Чаир: Утре ќе се одржи комеморативната седница посветена на пејачот Шпат Касапи

Комеморативната седница посветена на пејачот Шпат Касапи ќе се одржи во вторник, 2 Декември 2025 година, во 13:00 часот, во општина Чаир. „Овој момент на сеќавање има за цел да го пренесе поширокото културно и институционално признание за неговото дело и за влијанието што го остави во албанската музичка уметност. Паралелно, книгата за сочувство ќе биде поставена во просториите на …

Continue Reading

СЗО: Лековите против дебелина би можеле да го продлабочат јазот меѓу богатите и сиромашните

Светската здравствена организација (СЗО) денес ги издаде своите први упатства за употреба на терапии со GLP-1 за дебелина, условно препорачувајќи ги како дел од долгорочен третман за состојба која влијае на повеќе од милијарда луѓе ширум светот. Упатствата доаѓаат во време кога глобалната побарувачка за класа лекови познати како GLP-1 агонисти расте, а владите се борат да откријат како да …

Continue Reading

Мерц: Европејците ќе се спротивстават на наметнатиот мир врз Украина

Европејците ќе се спротивстават на „наметнат мир“ врз Украина, потврди денес германскиот канцелар Фридрих Мерц пред планираната средба меѓу претставникот на американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин. „Следиме јасна линија, нема одлука за Украина и Европа без Украинци и без Европејци, не може да се наметне мир зад грбот на Украина, нема слабеење или поделба на Европската …

Continue Reading

Душан Влаховиќ доживеал сериозна повреда

Фудбалерот на Јувентус, Душан Влаховиќ, го очекува долга пауза поради повредата со која се здоби викендов, против Каљари. Влаховиќ се повреди пред два дена на натпреварот од 13-то коло од Серија А помеѓу Јувентус и Каљари (2:1), поради што беше заменет во 31-та минута. Клубот со соошштение се огласи во јавноста потврди дека повреда е сериозна, но не прицирира колку …

Continue Reading