Иран ќе ја бојкотира ждрепката за Светското првенство

Иран одлучи да го бојкотира извлекувањето на групите за Светското првенство во фудбал во 2026 година откако САД одбија да им издадат визи на неколку членови на нивната делегација, објави во петокот Иранската фудбалска асоцијација. Извлекувањето на групите за Светското првенство, кое ќе се одржи во САД, Мексико и Канада следното лето, ќе се одржи на 5 декември во Вашингтон. …

Continue Reading

Во пожарот во Хонгконг загинаа најмалку 128 луѓе, семејствата на исчезнатите губат надеж

Бројот на жртви во најголемиот пожар во Хонгконг во последните речиси 80 години се искачи на 128, а околу 200 лица сè уште се водат како исчезнати од запалениот станбен комплекс, изјави денес безбедносен службеник. Пожарот во комплексот Ванг Фук Корт, кој се состои од осум облакодери од 32 ката во северниот округ Таи По, избувна завчера попладне. Службеникот за …

Continue Reading

(Видео) Амбасадорката на САД во Грција се појави во проѕирен фустан, наиде на осуда

Новата амбасадорка на САД во Грција, Кимберли Гилфојл, предизвика доста внимание со својот моден избор на вечерата за Денот на благодарноста што се одржа во Атина во вторникот. Поранешната водителка на „Фокс њуз“ и поранешна свршеница на Доналд Трамп помладиот се појави во тесен, речиси проѕирен црн фустан од чипка, што предизвика лавина коментари на социјалните мрежи. US Ambassador in …

Continue Reading

Економијата и инвестициите во фокусот – работни средби на Муцунски во Литванија

Во рамки на вториот ден од работната посета на Вилнус, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски оствари одвоени средби со министерот за економија на Литванија, Едвинас Грикшас, и со претседателот на Конфедерацијата на индустријалци, Видмандас Јанулевичиус. На средбите, Муцунски го претстави силниот ангажман на Владата за создавање поволна деловна клима преку атрактивни стимулации, современа регулатива и висококвалификувана …

Continue Reading

Водата во ООУ Димо Хаџи Димов е исправна и може непречено да се употребува, велат од „ЈП Водовод и канализација“, по труењето во училиштето

Од ЈП Водовод и канализација – Скопје информираат дека по извршениот вонреден мониторинг, водата во ООУ „Димо Хаџи Димов“ во општина Карпош е целосно безбедна за употреба. „ЈП Водовод и канализација – Скопје на ден 26.11.2025 година изврши вонреден мониторинг врз основа на пријава од ООУ Димо Хаџи Димов, општина Карпош. Секторот за санитарна контрола зема 4 примероци од две …

Continue Reading

(Видео) Силна бура и дожд во Грција: улиците под вода, на сила црвено предупредување

Бурата „Адел“ ја зафати Атика, носејќи силни бури и повремен град. Одредени делови од регионот беа под вода, а властите апелираат до граѓаните да бидат особено внимателни, објави Катимерини. Според ажурираниот метеоролошки билтен, речиси цела Грција ќе биде погодена од дожд и бури во текот на денешниот ден, додека времето се очекува да се подобри дури од недела. 27.11.2025#GreeceCivil Defense …

Continue Reading

За четири дена 2.450 сообраќајни прекршоци, уапсени 15 лица

Во периодот од 24 до 27 ноември како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 2.450 издадени платни налози, 454 прекршоци се однесува на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење, соопшти МВР. Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило согласно член …

Continue Reading

Утре бесплатни уролошки прегледи во болницата „13 Ноември“

По повод Месецот на машкото здравје, ЈЗУ Специјална болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ Скопје, организира настан кој ќе се одржи утре, 29 ноември, со почеток во 10:00 часот. Во рамки на настанот, за сите мажи ќе бидат обезбедени бесплатни уролошки прегледи, како и ехо прегледи на бубрези и простата, со цел подигнување на свесноста за значењето на …

Continue Reading

Песков: САД ѝ ги предадоа на Русија параметрите на мировниот план финализирани во Женева

Вашингтон ѝ ги испрати на Москва параметрите на својот мировен план за Украина, прилагодени по консултациите меѓу САД и Украина во Женева, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. „Главните параметри се објавени, а следната недела ќе има разговор во Москва“, истакна Песков, пренесува ТАСС. Тој исто така рече дека Москва навремено ќе го објави точниот датум на пристигнување на …

Continue Reading