(Видео) Тренчевска: Со ВМРО-ДПМНЕ дупката во ПИОМ достигна 1 милијарда евра, одржливоста на пензиите е загрозена
Пратеничката од Социјалдемократаскиот сојуз на Македонија, Јованка Тренчевска, на денешните пратенички прашања упати прашање до заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, за состојбата со Фондот за ПИОМ и динамиката на исплата на пензиите. Тренчевска во своето обраќање посочи дека дупката во Фондот за ПИОМ е над 1 милјарда евра, односно толку пари државата ќе префрла за да …
Continue Reading
Евролигата го казни Монако, не може да регистрира нови играчи
Евролигата објави дека го казнила Монако за кршење на правилата за финансиски фер-плеј. Како што е наведено, врховното тело на елитното клупско натпреварување на Стариот континент одлучи за оваа мерка поради прекршување на членовите 32(а), 32(в) и 32(е). Станува збор за прекршувања поврзани со пречекорување на платите, како и ненавремено обезбедување на потребната документација и недостаток на соработка од страна …
Continue Reading
(Видео) Андоновска прашува каде завршиле 800.000 евра од отпишаната пченица
Викторија Андоновска oд ВМРО-ДПМНЕ обвини дека поранешниот министер и заменик министер за земјоделие Трајан Димковски, во периодот 2019–2021 година, заедно со уште четири службени лица, извршил отпис на 2.000 тони пченица и јачмен од државните стокови резерви, во вредност близу 800.000 евра. Според Андоновска, пченицата била отпишана иако постоела и била употреблива. Таа наведе дека Димковски доставил записник до Владата …
Continue Reading
Скопјанец со туѓа изгубена картичка плаќал низ продавници, поднесена пријава
Полицијата во Кичево поднесе кривична пријава против Ќ.И. (47) од скопското село Палиград, поради сомнение дека сторил кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. Според полицијата, на 09.10.2025 тој неовластено ја искористил изгубената платежна картичка на лице од Кичево и во два наврати извршил наплата во продажни објекти во градот. По преземени мерки, бил пронајден и приведен во …
Continue Reading
Жена ограбена пред банкомат во Дебар, осомничениот приведен
Полицијата во Дебар поднесе кривична пријава против К.М. (23) од селото Могорче, поради сомнение дека сторил кривично дело „тешка кражба на дрзок начин“. Според полицијата, на 19.11.2025 тој забележал жена од Дебар како подига пари од банкомат, по што насилно ѝ ги одзел парите и избегал. Набрзо бил пронајден и приведен во полициската станица.
Continue Reading
Сопственик на продавница во Дебарца не им дозволувал на инспекторите да влезат во контрола, повикана полиција
Во полицијата вчера било пријавено дека во селото Белчишта, општина Дебрца, 51-годишниот Г.С. спречил претставници на Агенцијата за храна и ветеринарство да извршат вонреден надзор во неговиот продажен објект. Инспекторите побарале полициска асистенција, по што биле преземени службени мерки и разговори со сопственикот. По интервенцијата, тој им овозможил на инспекторите да ја извршат контролата.
Continue Reading
Факултетот за музичка уметност го најави годишниот концерт „ОРИОН – каде што се раѓаат ѕвездите“
Факултетот за музичка уметност – Скопје го најави годишниот концерт насловен „ОРИОН – каде што се раѓаат ѕвездите“, кој ќе се одржи во петок, 5 декември, со почеток во 20:00 часот во Големата концертна сала на Македонската филхармонија. Настанот е дел од одбележувањето на 59-годишнината од постоењето на институцијата. ФМУ – Скопје истакнува дека како алма матер на голем број …
Continue Reading
Три лица затрупани во лавина на глечер во Австрија
Лавина го погоди глечерот Штубај во австриски Тирол утрово, а три лица се затрупани, објави Кронен Цајтунг. Започната е спасувачка операција. Според Рајнхард Клир, раководител на жичарницата на глечерот, несреќата се случила во зоната надвор од пистата, во близина на превојот Дауншарте околу 9:30 часот утрово. „Врз основа на моменталните информации, снежните маси делумно стигнале до долниот дел од деветтата …
Continue Reading
Атлетико ја одреди цената за Конор Галагер
Конор Галагер ќе може да го напушти Атлетико Мадрид во зимскиот преоден рок. Новинарот, Матео Морето, кој ги следи случувањата во Атлетико, денес потврди дека Англичанецот има дозвола да преговара со други клубови, доколку некој е подготвен да плати 30.000.000 евра. Тој пристигна како големо засилување од Челзи во летото 2024 година за 42.000.000 евра, но не ги оправда очекувањата. …
Continue Reading