Битиќи: На крај на годината во буџетската каса фалат една милијарда евра
На денешната седница за пратенички прашања, пратеникот од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Фатмир Битиќи, предупреди дека фискалните показатели објавени на 25 ноември откриваат сериозен јаз во приходната реализација на Буџетот. Наместо планираната динамика, рече тој, државата досега наплатила близу 299 милијарди денари, што е само 82,32% од годишниот план, оставајќи дупка од над 64 милијарди денари или 1,04 милијарди евра, …
Continue Reading
Путин: Американска делегација доаѓа во Москва следната недела на разговори за војната во Украина
Се очекува претставници на САД да дојдат во Москва во првата половина од следната недела на разговори за завршување на војната во Украина, изјави рускиот претседател Владимир Путин. Тој зборуваше на крајот од посетата на Бишкек, главниот град на Киргистан. Путин рече дека руската страна ќе ја претставуваат претставници од Министерството за надворешни работи и од претседателскиот кабинет, додавајќи дека …
Continue Reading
Лукашенко: Русија покажува поголема подготвеност за преговори од Украина
Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, изјави дека американскиот мировен план за решавање на конфликтот во Украина треба детално да се разработи. Тој откри дека опширно разговарал за него со рускиот претседател Владимир Путин и дека двајцата го гледаат планот како неофицијален нацрт што не е конечен, пишува белорускиот медиум Белта. „Вчера Владимир и јас разговаравме за ова прашање детално. Колку …
Continue Reading
За мерката Самовработување се издвоени 2,5 милијарди денари, кажа Мицкоски
Самовработувањето е многу важна мерка и во Буџетот се издвоени средства коишто се од износ отприлика 2,5 милијарди денари, или околу 40 милиони евра, што е за 7,5 милиони повеќе од минатата година. И ова е историски највисока поддршка којашто до сега се случила, кажа претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, на денешната седница за поставување на пратенички прашања. Премиерот Мицкоски …
Continue Reading
Мицкоски: Ако се жалат судиите со 3-4.000 евра месечни примања, тогаш како им е на дечињата во градинка кои немаат играчки за играње
Реновираме градинки, училишта, цениме дека е поголем приоритет отколку да ги зголемиме платите на судиите и обвинителите. Мислиме дека е фер, нагласи премиерот Христијан Мицкоски, на денешната собраниска седница за пратенички прашања. Премиерот Мицкоски нагласи дека следен чекор кој, исто така, е важен се законите во ресорот правда. „Тоа се законите јавно обвинителство, за судови, за јавно обвинителска служба и …
Continue Reading
Амбасадорот на ЕУ во посета на Кочани
Амбасадорот на Европската Унија во Северна Македонија, Михалис Рокас, денес го посети Кочани. За време на неговата прва посета на општината по локалните избори, амбасадорот Рокас им оддаде почит на жртвите од неодамнешната трагедија и се сретна со новоформираните локални власти, како и со претставници на заедницата. Посетата започна на градските гробишта, каде што амбасадорот Рокас и неговиот тим положија …
Continue Reading
Николоски: Ќе набавиме најмалку пет нови електрични локомотиви
Обезбедивме средства од Европската банка за обнова и развој со кои ќе набавиме најмалку пет нови електрични локомотиви, модернизирање на Македонски Железници со кои ќе можеме да го оплужиме целиот карго превоз во земјава, истакна на денешната седница за пратенички прашања во Собранието, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски. -Во соработка со Европската банка за обнова …
Continue Reading
Јаневска: Нашите деца до 15 годишна возраст поминуваат 900 часови помалку на училиште во споредба со нивните врсници во Европа
Слабите резултати поврзани со читање со разбирање и математичка писменост кои ги покажуваат нашите ученици на меѓународните тестирања како ПИСА и ТИМСС се причина за крупните промени кои ги започнавме пред година и половина и ќе истраеме додека значително не го подобриме образовниот систем. Фокусирани сме на оптимизација на училишната мрежа и подобрување на инфраструктурните услови, но и на воведување …
Continue Reading
Мисајловски во посета на припадниците на македонската Армија во операцијата ЕУФОР – Алтеа
Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска во Сараево ги посети припадниците на македонскиот контингент во операцијата на Европската Унија во Босна и Херцеговина, ЕУФОР Алтеа, при што се информираше за нивниот ангажман и придонес кон безбедноста и стабилноста на земјата. На средбата со командантот на ЕУФОР, генерал-мајор, Флорин-Мариан Барбу, министерот го истакна значењето на оваа операција за безбедноста на регионот, …
Continue Reading