(Видео) Тепачка во Белград: опозицијата се судри со полицијата

Откако полицијата повторно ги блокираше пратениците од опозицијата кои се обидуваа да влезат во зградата на парламентот во Белград, пред зградата избувна стампедо и физичка пресметка. Пратениците од опозицијата се обидоа да поминат низ таканаречениот Чациленд, шаторска населба пред влезот, повикувајќи се на вчерашното ветување на претседателката на парламентот, Ана Брнабиќ, дека ќе им биде дозволено да го сторат тоа, …

Continue Reading

Проблем за Реал пред Олимпијакос, Алонсо остана со само еден стопер

Реал Мадрид ќе биде хендикепиран вечерва во Атина, против Олимпијакос во петтото коло од групната фаза на Лигата на шампионите. Тимот на Чаби Алонсо, поради лошите резултати (три натпревари без триумф) има императив на победа. Клубот вчера потврди дека голманот Тибо Куртоа нема да биде во составот поради вирусна инфекција, додека тренерот Чаби Алонсо ќе има на располагање само еден …

Continue Reading

Поранешната портпаролка на Зеленски: Губиме, секој следен договор ќе биде полош

Поранешната портпаролка на Володимир Зеленски, Јулија Мендел (2019-2021), коментираше за ситуацијата на фронтот и тековните мировни иницијативи, додека интензивните преговори продолжуваат за неколку паралелни мировни предлози, вклучувајќи го и мировниот план на САД од 28 точки, неговиот ревидиран нацрт од 19 точки и руските предлози кои, според „Ројтерс“ и „Блумберг њуз“, делумно се вклучени во верзијата на планот што моментално …

Continue Reading

Словенија ги призна возачките дозволи oд Македонија

Словенија усвои измени на Законот за возачи, со кои им се овозможува на носителите на возачки дозволи издадени во Македонија, кои живеат во Словенија, да ја заменат својата возачка дозвола без да го полагаат практичниот дел од возачкиот испит. Истите бенефиции важат и за лицата чии дозволи се издадени во БиХ, Србија, Црна Гора и Косово. Според новите правила, секој …

Continue Reading

(Фото) Ѓорѓиевски: Кејот на Вардар ќе се чисти секојдневно, скопјани заслужуваат убава, уредена и чиста метропола

Во рамки на тековните активности за уредување на јавните површини и подобрување на хигиената во градот, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, ја информира јавноста за интензивното чистење и одржување на кејот на реката Вардар. „Континуирано се врши темелно чистење на кејот на реката Вардар, заедно со нејзиното корито. Екипите на јавните претпријатија во координирана и организирана акција, ги расчистуваат …

Continue Reading

Хрватска нема да ја купи српската нафтена компанија НИС

Хрватска нема намера да се стекнува со средства на српската нафтена компанија НИС, изјави вчера за новинарите претседателот на земјата, Зоран Милановиќ. „Хрватска има поитни проблеми поврзани со енергетската компанија ИНА, а кој и да ја купи НИС… сигурно нема да биде Хрватска“, ја цитираше неговата изјава хрватската телевизија ХРТ. Претходно, хрватскиот министер за економија Анте Шушњар изјави дека Загреб …

Continue Reading

Извори: Мировниот план на Трамп се базираше на документ што му го испратија Русите

Додека дискусиите за мировниот план на САД од 28 точки се интензивираат, три извори открија за Ројтерс дополнителни детали за тоа како е создаден планот. Според изворите, планот се базира на документ изготвен од Русија и доставен од Москва до администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп во октомври. Изворите велат дека Русија го споделила документот, во кој се наведени условите …

Continue Reading

Макрон: Нема да има ограничувања за украинската армија

Францускиот претседател Емануел Макрон повика на силна украинска армија и без ограничувања за вооружените сили на земјата, која е разорена од војна , објави АФП. Најновиот план поддржан од САД за ставање крај на конфликтот ќе ѝ овозможи на Украина да одржува армија од до 800.000 војници, покажуваат најновите договори од преговорите. Новиот план ќе биде значително подобар за Киев …

Continue Reading

Фон дер Лајен ги претстави црвените линии на ЕУ за преговорите за Украина

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во Стразбур изјави дека Русија го ескалира насилството секој пат кога ќе има напредок во преговорите за Украина. Таа рече дека планот на Москва не се променил и дека Кремљ верува дека може да издржи подолго од Украина и од нејзините сојузници. Фон дер Лајен ги претстави црвените линии на ЕУ: нема …

Continue Reading