Министерство за енергетика: Се воведува модерен дигитален надзор за ефикасна и зајакната контрола на концесиите за минерални и енергетски ресурси
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини соопшти дека воведува современ дигитален систем и специјализиран дрон за надзор и мониторинг на концесиите за минерални суровини, соларна енергија и ветерни инсталации. Новата технологија, како што појаснуваат, овозможува прецизно следење на експлоатацијата на минералното богатство, како и проверка на точните координати и инфраструктурата на соларните панели и столбовите за мерење на ветерните …
Continue Reading
СДСМ: Пропустите на концертот на Лукас покажуваат дека МВР повторно затаи, Тошковски да не бега од одговорност
Пред нас е уште еден скандал кој покажува дека и после Кочани имаме целосно нефункционален систем, неспособност и потфрлање на институциите, пред се на полицијата на Тошковски обвинија од СДСМ. „Во локал со дозволен максимум од 200 лица, имало над 700 луѓе или три и пол пати над дозволеното и спротивно на безбедносните протоколи. Опасност која можела да заврши трагично. …
Continue Reading
Мораме да се срамиме и да црвениме пред Стразбур, вели Мицкоски откако судот најави отворање предмет за случајот на Јанкулоска
Мораме да се срамиме и да црвениме пред Стразбур, вели премиерот, Христијан Мицкоски, откако судот најави отворање предмет за случајот на поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска. „Забележав дека во соопштението јасно стои дека имаат забелешки на процесот, начинот на судењето, нарушување на човековите права и отвораат предмет да го разгледаат тој процес. Ќе ве потсетам дека за вакви …
Continue Reading
Кошта: Единството на ЕУ е од суштинско значење за успехот на мировните преговори за Украина
Унифициран и координиран став на Европската Унија е клучен за обезбедување добар исход од разговорите за завршување на војната во Украина, изјави денес претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта. Во објава на платформата X, Кошта рече дека разговарал со украинскиот претседател Володимир Зеленски, пред неформалниот состанок на лидерите на ЕУ за мировните напори во Украина, со цел да ја добие …
Continue Reading
Пејачката објави серија жешки фотографии, не се за оние со слабо срце
Пејачката Дуа Липа веќе долго време го привлекува вниманието на јавноста – и поради нејзината музичка турнеја „Радикален оптимизам“ и поради нејзините провокативни фотографии на интернет. View this post on Instagram A post shared by DUA LIPA (@dualipa) Таа моментално е во Рио де Жанеиро на закажан концерт, но тоа не ја спречува да ужива во шармот на овој тропски …
Continue Reading
Уапсен 16-годишник од Охрид: силувал 12-годишно девојче, друг малолетник го снимал, а трет 14-годишник го уценувал девојчето
Денеска во 10:00 часот, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 16-годишник од Охрид поради сомнение дека на 12.11.2025 извршил обљуба врз 12-годишно девојче од Охрид, а друг малолетник го снимал чинот. До видео материјалот дошол 14-годишник од Охрид, кој го уценувал девојчето да биде со него, во спротивно ќе го објавел видеото. СВР Охрид презема мерки за пронаоѓање …
Continue Reading
Тридневен национален штрајк во Белгија: нема да работат јавниот превоз, железниците, градинките, училиштата, болниците
Во Белгија денес започнува тридневен национален штрајк против социо-економските реформи на владата, која е решена да ги зголеми напорите за обновување на јавните финансии. Штрајкот ќе биде во три фази, а јавниот превоз и железницата денес штрајкуваат, со ограничувања и откажувања на неколку линии. Утре се очекува штрајк во јавните служби, кој вклучува градинки, училишта, владини канцеларии и болници, додека …
Continue Reading
Бебе почина во Општата болница во Кичево: било донесено во тешка здравствена состојба
Вчера во 22:10 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на детското одделение при Општата болница во Кичево во тешка здравствена состојба било донесено бебе родено 2024 година, кое и покрај пружената медицинска помош и направената реанимација, починало. Медицинските лица констатирале смрт без траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото е дадено на обдукција.
Continue Reading
Белата куќа: Секој договор со Русија мора да го гарантира украинскиот суверенитет
Американските и украинските власти потврдија дека идниот договор за прекин на конфликтот со Русија „треба целосно да го почитува суверенитетот на Украина“, објави Белата куќа по разговорите во Женева меѓу Американци, Украинци и претставници на Европската Унија. Американското претседателство ги поздрави разговорите во Швајцарија доцна синоќа, на кои присуствуваше државниот секретар Марко Рубио, како „значаен чекор напред“ кон мирно решение …
Continue Reading