Уапсен крадец во Гостивар, фатен при извршување кражба во црква

Полицијата уапси крадец во Гостивар, кој е фатен при извршување кражба во црква, а се сомничи дека и претходно вршел кражби во верски објекти. Вчера во 10:30 часот во населба Циглана во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Ѓ.А.(55) од с.Беловиште, гостиварско. Тој е затекнат при извршување кражба во манастирот „Преображение Христово“, при што одзел пари. …

Continue Reading

Втор слој асфалт ќе се става на дел од улицата „Цветан Димов“

Започнаа подготовките за  ставање втор слој асфалт на дел од улицата „Цветан Димов“, на потегот околу спортските терени. Опфатениот дел е со должина од околу 200 метри и ширина на коловозот од шест метри. Овој инфраструктурен зафат е согласно планот на општина Струмица за реализација на Програмата за улици со втор слој асфалт за 2025 година. Поради асфалтирањето, сообраќајот на …

Continue Reading

Промовиран Ресурсниот центар за развој на општините

Министерството за локална самоуправа денеска беше домаќин на настанот за промоција на Ресурсниот центар за развој на општините. На настанот свои воведни обраќања имаа ресорниот министер, Златко Перински, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, генералниот секретар на Владата Игор Јанушев, Амбасадорот на Швајцарија Кристоф Зомер и постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации –УНДП, Армен Григорјан. „Владата има програма, …

Continue Reading

Киву: Четири порази во 12 натпревари се премногу

Тренерот на Интер, Кристијан Киву, изјави дека е задоволен од пристапот и ангажманот на неговиот тим во натпреварот против Милан, но додаде дека „нероаѕурите“ мора да ја подобрат својата игра во остатокот од сезоната, пренесоа италијанските медиуми. Во неделата, играчите на Интер беа поразени од градскиот ривал Милан со 1:0 во натпреварот од 12-то коло од Серија А. Единствениот гол …

Continue Reading

Финска објави дека ќе бара нова единица на НАТО

Финскиот министер за одбрана Анти Хаканен изјави дека земјата има намера да побара Единицата за команден и контролен систем на НАТО да биде сместена во Финска. Во писмена изјава, која ја пренесе финското Министерство за одбрана, Хаканен рече дека единицата, која би имала 50 членови, доколку се имплементира, ќе биде дел од командната структура на НАТО, а нејзиното одржување, како …

Continue Reading

„Економист“: Венс и Рубио во жесток судир околу планот за Украина

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс и американскиот државен секретар Марко Рубио се најдоа на спротивставени страни на врвот на администрацијата, остро разидувајќи се околу мировниот план за Украина, пишува „Економист“, повикувајќи се на високи извори во Вашингтон. Според сознанијата на ова издание, Венс првично се залагал за построг пристап кон Киев. Тој дури и го поканил украинскиот претседател Володимир Зеленски …

Continue Reading

Мицкоски со порака до градоначалниците: Разгледајте ги можностите кои ги нуди Ресурсниот центар, побарајте експертска помош

Сакам да упатам јасна порака до секој градоначалник, без разлика дали води голема урбана општина или мала рурална заедница: разгледајте ги можностите кои ги нуди Ресурсниот центар, користете ја поддршката, побарајте експертска помош таму каде што постојат предизвици или недостиг на капацитети. Ова не е слабост – ова е мудрост во управувањето, изјави премиерот, Христијан Мицкоски, на отворањето на настан …

Continue Reading

(Видео) Манасиевски: Со кое лице судиите и обвинителите бараат зголемени плати

Според Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, дел од правосудните органи, односно судии и обвинители, кои се инкриминирани и инфилтрирани од поранешната власт на СДС и ДУИ, се погласни во своите барања за зголемени плати, а правдата никако да ја донесат. „Со само 2% доверба, една од најлошите статистики во светот, дел од судиите и обвинителите бараат да стигнат …

Continue Reading

Трамп: Нешто добро се случува

Американскиот претседател, Доналд Трамп, проговори за разговорите меѓу САД и Украина, кои се дел од мировниот план на САД за ставање крај на војната и руската агресија. „Дали е навистина можно да се постигне голем напредок во мировните преговори меѓу Русија и Украина??? Не верувајте додека не го видите, но нешто добро можеби се случува токму сега. БОГ ДА ЈА …

Continue Reading