Подобра заштита за деца и преживеани од родово базирано насилство: во Битола обезбеден простор

Денеска во Секторот за внатрешни работи Битола беше отворена целосно опремена соба за интервју за деца и жртви на родово базирано насилство, на тој начин се обезбедува безбеден и приватен простор, во кој се води грижа за траума, за спроведување чувствителни интервјуа со жртви и сведоци, вклучително и деца. Развиена во согласност со меѓународните стандарди и најдобри практики, новата соба …

Continue Reading

Вучиќ: Никогаш не сум носел снајпер, ниту сум слушнал за „сафари“, ќе ги ангажирам најдобрите адвокати во светот

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, зборувајќи за обвинувањата преку кои се поврзува со нападите во Сараево, рече дека никогаш не носел снајперска пушка и дека никогаш не слушнал за „сафари“. Најави тужби против весниците што го објавија ова за него. Српскиот претседател во интервју за „ТВ Информер“ изјави дека е нормално демократските општества да имаат различни ставови и дека тоа …

Continue Reading

Утре променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 40 l/m² за 24 часа) со услови за појава на невреме со грмежи и силен ветер. Преку денот ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени. …

Continue Reading

Русија не добила никакви планови од САД за решение во Украина, вели Захарова

Русија не добила никакви планови од Соединетите Американски Држави за решение во Украина, изјави денес портпаролката на Министерството за надворешни работи, Марија Захарова, пренесува Танјуг. „Во моментов, во медиумите протекуваат многу информации: дискусии, точки, планови. Некои статии зборуваат за еден број точки, други за друг. Официјално, руската страна, Министерството за надворешни работи, кое е канал за комуникација со Соединетите Американски …

Continue Reading

(Видео) Зеленски со драматичен говор: „Ова се најтешките моменти во нашата историја“

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска им се обрати на Украинците во видео порака во која предупреди дека земјата се наоѓа во еден од најкритичните моменти од почетокот на војната. Тој зборуваше за исклучително силниот политички и дипломатски притисок од Соединетите Американски Држави и тешките одлуки што Киев мора да ги донесе во наредните недели. „Сега доживуваме еден од најтешките …

Continue Reading

Севдаил Демири и Ресул Шабани добитници на наградата „22 ноември“

Утре во Кристалната сала на Собранието на Република Северна Македонија, во 11:00 часот, Одборот за доделување на државната награда „22 Ноември“ ќе ја додели државната награда за признание на луѓе од политичкиот, културниот и општествениот живот во Република Северна Македонија, кои дале свој придонес во унапредување на меѓучовечкиот соживот и меѓусебното разбирање меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери …

Continue Reading

Единствена Македонија: Уставниот суд се мајтапи со народот

Единствена Македонија најостро реагира на денешното соопштение на Уставниот суд со кое на отворена сцена се мајтапат со народот пишувајќи дека судијката Добрила Кацарска е судијка со интегритет, самостојност и независнот, велат од партијата. „А што може да се очекува од еден Уставен суд кога сите уставни судии се дојдени во овој суд по линиии кои немаат никаква врска со …

Continue Reading

Мерц, Макрон и Стармер му се придружуваат на Зеленски, се спротивставуваат на американскиот план

Лидерите на Германија, Франција и Велика Британија се согласија за време на телефонскиот разговор со украинскиот претседател за „долгорочно зачувување на виталните европски и украински интереси“, според соопштението од канцеларијата на германскиот канцелар. По презентирањето на американскиот план, кој вклучува бројни украински отстапки кон Русија по речиси четири години војна, Фридрих Мерц, Емануел Макрон и Кир Стармер ги поздравија „американските …

Continue Reading

Америка постави невиден ултиматум до Украина: „Крајниот рок е четврток“

САД ѝ се заканија на Украина со прекин на снабдувањето со оружје и разузнавачката соработка со цел да го принудат Киев да прифати рамка за мировен договор, изјавија за „Ројтерс“ два независни извори запознаени со ситуацијата. Изворите, кои зборуваа под услов на анонимност, тврдат дека Киев сега е под поголем притисок од Вашингтон отколку во сите претходни мировни преговори и …

Continue Reading