Македонија против Данска во полуфиналниот бараж за пласман на СП
Фудбалската репрезентација на Македонија ќе игра против Данска во полуфиналниот бараж за пласман на Светското првенство во САД, Мексико и Канада. Доколку Македонија успее да го мине полуфиналето на 26 март, во финалето на 31 март, повотено ќе гостува кај победникот од дуелот меѓу Чешка и Република Ирска. Европски плејоф, полуфинале: Патека А: 1. Италија-Северна Ирска , 2. Велс- Босна …
Continue Reading
Мисајловски: Со меѓусебна соработка и меѓусебна поддршка можеме да придонесеме за сигурен, стабилен и безбеден регион
Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска (20 ноември) се обрати на промоцијата на регионалната платформа за соработка помеѓу националните друштва на Црвениот крст и Црвената полумесечина за земјите од регионот каде што истакна дека „хуманоста и човечноста се нашите водилки за побезбедно општество, за побезбедни граѓани“. „Само со меѓусебна соработка и меѓусебна поддршка можеме да придонесеме за сигурен, стабилен и …
Continue Reading
Москва: Не постојат преговори со Вашингтон за Украина, само контакти
Секој мировен план за Украина ќе мора да ги елиминира корените на конфликтот, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесе „Ројтерс“. Тој посочи дека иако имало контакти со САД, во моментов нема преговори со Вашингтон за таков план. Претходно денес, две лица запознаени со прашањето открија дека САД му сигнализирале на претседателот Володимир Зеленски дека Украина треба да прифати рамка …
Continue Reading
Гаши-Бејтс: Активностите на НДИ се во полза на зајакнувањето на демократските процеси во земјава
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со делегација од Националниот демократски институт (НДИ), предводена од регионалниот дирекотор на НДИ за Европа и Евроазија, Скот Бејтс. Во состав на делегацијата беа Нада Мазукина, заменик-регионална дирекоторка на НДИ за Европа и Евроазија, Роберт Скот Хејзлет, директор на НДИ Северна Македонија и Дејвид Сип, тим лидер на Проектот на НДИ „Заедници со …
Continue Reading
Грција се соочува со тешка демографска криза, младите остануваат дома до 30 година
Грција се соочува со сериозна демографска криза, покажува студија на статистичката агенција Елстат. Младите најчесто остануваат да живеат со родителите сè до својата 30-та година, бидејќи ниските плати не им дозволуваат самостоен живот и основање семејство. Ова, според психолозите, има негативно влијание и врз социјалниот живот и врз желбата за создавање нови семејства. Според податоците на Евростат, Грција е прва …
Continue Reading
Бислимоски- Сјаојен: Енергетската транзиција е приоритет број еден
Над 55 % од расположливите енергетски капацитети во државава се од обновливи извори и определбата на земјава е јасна дека енергетската транзиција е приоритет број еден – е пораката што претседателот Марко Бислимоски и членовите на РКЕ ја истакнаа на средбата со амбасадорката на Народна Република Кина, Џианг Сјаојен. Соговорниците ги споделија искуствата во секторот, истакнувајќи дека полето на соработка …
Continue Reading
Обилни дождови поплавија патишта и продавници во делови од Грција
Обилните дождови во Грција ги поплавија патиштата и продавниците. Полицијата ги повикува возачите да возат внимателно. Јужниот дел од земјата беше најмногу погоден, особено планинските региони Загори и Џумерка, каде што патиштата беа непроодни. Пожарникарите мораа да спасуваат патници од поплавените автомобили. Беше спроведена спасувачка операција за спасување на двајца земјоделци и нивните стада. Полицијата затвори еден од патиштата до …
Continue Reading
Во Франција, повеќе од 600 деца под две годишна возраст претрпеле сексуално насилство во 2024 година, според најновите извештаи
Повеќе од 600 бебиња под две години претрпеле сексуално насилство минатата година, според податоците објавени денес од Француската меѓуминистерска мисија за заштита на жените (Miprof). Како што наведува оваа мисија, која се повикува на податоци од Министерството за здравство, минатата година 614 бебиња биле примени во здравствени установи поради сексуално насилство, што е два проценти од вкупниот број жртви на …
Continue Reading
Декларација Скопје: Се бараат итни реформи за заштита на аудиовизуелните автори
Авторските права на сценаристите, режисерите и кинематограферите беа во фокусот на дводневниот меѓународен семинар на тема „Авторите во фокус: Авторското право како темел на креативноста и културата во аудиовизуелниот сектор“ што се одржа вчера и завчера во Скопје во организација на Здружението за аудиовизуелни автори (SAA) заедно со Асоцијацијата за заштита на авторски и сродни права АЗАС Скопје, АИПА од …
Continue Reading