Алкараз нема да игра за Шпанија во Дејвис купот

Завршниот турнир во Дејвис купот доживеа уште еден тежок удар. Откако пред две недели Јаник Синер објави дека нема да игра за Италија, во вторникот од турнирот се откажа и светскиот рекет број 1, Карлос Алкараз. Најдобриот тенисер во светот, Карлос Алкараз, објави дека поради повреда на десната нога, нема да игра за шпанската репрезентација на финалето на Дејвис купот. …

Continue Reading

Кремљ: Ниту еден руски претставник нема да биде во Турција за време на посетата на Зеленски

Кремљ објави дека ниту еден руски претставник нема да отпатува во Турција за време на посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој утре ќе биде во Анкара во обид да ги оживее мировните напори за ставање крај на конфликтот во Украина. „Не, утре нема да има руски претставници во Турција“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за новинарите. Зеленски рече …

Continue Reading

Андоновска: Ако СДС продолжи да ги штити истите луѓе кои ја урнаа партијата, ќе исчезне од политичката сцена

Ако СДС продолжи да ги штити истите луѓе кои ја урнаа партијата, ќе исчезне од политичката сцена побрзо одошто некој таму сака да признае, изјави Викторија Андоновска од ВМО-ДПМНЕ. „СДС и натаму по изборниот пораз без решение, без ниту една промена во раководството. Партијата тоне, а Венко Филипче се држи за функцијата како да е приватна сопственост. Во СДС веќе …

Continue Reading

Кос: ЕУ се подготвува за нови членови, издвојувам три насоки на патот кон проширувањето

Европската комесарка за проширување Марта Кос денес изјави дека Европската Унија се подготвува за нови членови водена од прашањата за мир, демократија и безбедност, како и дека Унијата издвојува три насоки на работа на патот кон проширување на ЕУ. На отворањето на Форумот на ЕУ за проширување, таа како прва насока издвои дека секој напредок постигнат со идните земји-членки мора …

Continue Reading

Познати се 34 учесници на СП, вечерва ќе бидат познати уште пет од Европа

За првиот Мундијал во историјата со 48 репрезентации останаа уште 14 слободни места. Вечерва, од европската зона, уште пет селекции ќе изборат пласман на Светското првенство во Канада, САД и Мексико. Седум европски репрезентации: Англија, Франција, Хрватска, Норвешка, Германија, Холандија и Португалија го обезбедија своето место на планетарната смотра. Вечерва се закажани последните десет натпревари од десеттото коло, по што …

Continue Reading

Зајкова се обрати на есенската сесија на ПС на ОБСЕ: Во време на зголемени конфликти, дезинформации и нарушена доверба во институциите, нашата најсилна алатка останува дијалогот

Делегацијата во Парламентарното собрание на ОБСЕ (ПС на ОБСЕ) во состав: Моника Зајкова, шефица на Делегацијата; Мимоза Муса, членка и Ели Панова, заменик-членка на Делегацијата, учествува на 23. Есенски состанок на ПС на ОБСЕ, што се одржа од 16 до 19 ноември 2025 година во Истанбул, Турција. Во време кога се одбележуваат 50 години од формирањето на ОБСЕ, оваа парламентарна …

Continue Reading

Орбан: Унгарија сака да ја промени ЕУ, но никогаш нема да ја напушти

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека иднината на неговата земја несомнено лежи во Европската Унија, но дека блокот мора сериозно да се реформира. Во интервју за „Будапест Тајмс“, Орбан нагласи дека Унгарија е „дел од западната христијанска култура“ и затоа напуштањето на Унијата е исклучено, но дека сегашниот модел на функционирање на ЕУ не е одржлив. Според него, централна тема …

Continue Reading

Младите во Општина Аеродром целосно ослободени од комуналии за градење на прв дом

Општина Аеродром ја воведува мерката за целосно ослободување од комуналии за сите млади до 35 години што го градат, го доградуваат или го надградуваат својот прв дом. „Мерката беше донесена на првата седница на Советот на Општина Аеродром, со што јасно се потврдува определбата дека токму младите се основата на развојот на заедницата“, велат од Општината. Ова право можат да …

Continue Reading

Аналитичари: Европа го губи влијанието во геополитиката поради сопствените структурни слабости

Европа падна во втор план во решавањето на геополитичките прашања поради сопствените структурни проблеми, кои ја лишија од можноста за брзи и решителни акции, оцени политичкиот коментатор на британскиот весник „Фајненшл тајмс“, Гидеон Рахман. „На почетокот на својот мандат како претседател на Европската комисија, Фон дер Лајен изрази желба да предводи „геополитичка комисија“. Сепак, ЕУ останува настрана, дури и кога …

Continue Reading