Албанија го отвори последниот преговарачки кластер со ЕУ

Албанија денес ги отвори преговорите во последниот од вкупно шест преговарачки кластери, кои ги опфаќаат земјоделството, кохезиската политика и буџетот, а сега останува да го затвори поглавјето. „Албанија покажа дека е посветена на европскиот пат, дека има јасна политичка посветеност, беше особено пофалена затоа што е 100% усогласена со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ“, изјави хрватскиот државен секретар …

Continue Reading

Поранешен руски премиер и помошник на Путин премина во опозиција, сега е на списокот на терористи

Поранешниот руски премиер Михаил Касјанов и водечкиот економист Сергеј Гуриев се ставени на списокот на „екстремисти и терористи“, објави денес веб-страницата на рускиот финансиски надзорник Росфинмониторинг. Русија, исто така, го прогласи Касјанов за странски агент во ноември 2023 година. Касјанов беше премиер во првите четири години од власта на претседателот Владимир Путин. Тој беше разрешен во февруари 2004 година, неколку …

Continue Reading

Сиљановска-Давкова: ЕУ сè уште нема јасна стратегија за нашата европска интеграција и практикува двојни стандарди

Да се посветиме на реформите, не поради „политичката волја“ за уставните измени, туку заради владеење на правото, порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на заедничка седница на Националниот совет за евроинтеграции и Комисијата за европски прашања, на којашто се дискутираше за Извештајот на Европската комисија за напредокот на земјава за 2025 година. Укажувајќи на неиздржаноста на забелешките за немањето политичка волја во …

Continue Reading

Министерот Тошковски опериран во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска бил опериран во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје. Тој вели дека следи краток период на опоравување и уверува дека МВР продолжува непречено и ефикасно да функционира согласно утврдените процедури. „Денеска во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје бев подложен на успешна хируршка интервенција и се чувствувам стабилно. Во моментов сум под надзор на …

Continue Reading

Алиу: Има напредок во третманот за предвремено родените бебиња во Македонија

Светскиот ден на предвременото породување, кој се одбележува на 17 ноември, годинава доби историско признание од Светската здравствена организација(СЗО) која официјално го додаде овој датум на својот календар. Ова глобално признавање ја нагласува итната потреба предвременото раѓање да се третира како приоритет на јавното здравје. Главна движечка сила зад ова достигнување е Дорис Молел, основач на фондацијата „Doris Mollel“ од …

Continue Reading

Авганистанци криумчареле мигранти во земјава: Откриени се два импровизирани кампови на границата со Србија

Во голема полициска операција вчера, во место викано Ресуљка во близина на граничната линија помеѓу Македонија и Србија беа откриени два импровизирани кампови во кои се пронајдени осум илегални мигранти, од кои двајца од Пакистан и шест од Авганистан, меѓу кои и две деца, соопшти МВР. Истиот ден, Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе, до …

Continue Reading

ЧИСТО Е УБАВО – ОХРИД СЕЛЕКТИРА

Во организација на ЈП „Охридски комуналец“,  а со поддршка на Општина Охрид вчера на градскиот плоштад  „Св. Колимент Охридски“ се одржа pop-up настанот „Чисто е убаво – Охрид селектира“! Стотици деца  и  возрасни  преку песна и  игра учеа за селекција и правилно управување со отпад. Вработени од  ЈП „Охридски Комуналец“ и Општина Охрид  претставници од Црвен Крст, „Збогум Буково“, професори …

Continue Reading

(Видео) Трајчулевски: Предложениот Буџет за 2026 година ја турка државата во уште подлабока сиромаштија

Предложениот Буџет за 2026 година е документ кој ја турка државата во уште подлабока сиромаштија, неизвесност и задолжување, а граѓаните ги остава заборавени. Оваа влада нема никаков план за достоинствен живот на граѓаните. Единствено што знае е да приредува театар што сите скапо го плаќаме, рече пратеникот на СДСМ, Митко Трајчулевски, на седницата на Комисијата за финансирање и буџет. Тој …

Continue Reading

Пренџов: Со Буџетот за 2026 ќе продолжи зголемувањето на платите во образованието, одвоени се средства за гасификација

На денешната комисиска расправа за Предлог-буџетот за 2026 година се обрати пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов, кој објасни дека овој Предлог-буџет претходи на соодветен економски раст, и направи компарација со претходните буџети за време на владеењето на СДС со што истакна дека за седум години БДП во просек растел 1,1% годишно. „На овој буџет му претходни соодветен економски …

Continue Reading