Манчестер јунајтед ја следи ситуацијата со Карем Адејеми
Иднината на германскиот напаѓач Карим Адејеми во Борусија Дортмунд е под знак прашалник, а според германските медиуми, Манчестер Јунајтед внимателно ја следи ситуацијата. Главната причина за неизвесноста е нарушениот однос меѓу 23-годишникот и тренерот Нико Ковач, што би можело да го забрза неговото заминување од клубот, пишува „Дејли Мејл“. Проблемите се натрупуваат за младиот напаѓач и на теренот и надвор …
Continue Reading
Фон дер Лајен: Путин греши ако мисли дека може да нè исцрпи, ЕУ одвојува 6 милијарди евра за Украина
ЕУ ќе ѝ додели 6 милијарди евра на Украина во рамките на заем од механизмот на Г7 за забрзување на вонредните приходи од блокираните руски средства (ЕРА) и од механизмот за Украина, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, пред европратениците во Брисел. „Путин сè уште верува дека може да нè исцрпи. Тој сè уште мисли дека со …
Continue Reading
Божиновска: Уште едно училиште со паметен систем за следење на потрошувачката на енергија
Енергетската ефикасност мора да почне од основата – од нашите училишта, каде што ги воспитуваме идните граѓани и професионалци. Во рамки на посетата на основното училиште „Наум Наумовски Борче“ во Маџари, во присуство на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, директорката на училиштето Елизабета Темелковска и претставничката на Шпаркасе Банка, …
Continue Reading
Главниот научник за вештачка интелигенција ја напушта Мета поради спротивставени визии
Голем потрес во Мета: нејзиниот главен научник за вештачка интелигенција, Јан Лекун, планира да ја напушти компанијата и да го лансира својот стартап. Неочекуваното заминување доаѓа во клучен момент бидејќи извршниот директор Марк Цукерберг прави радикални промени во својата стратегија за вештачка интелигенција, тргнувајќи се од истражување со отворен код кон комерцијални производи, објавува „Фјутуризам“, повикувајќи се на извештај во …
Continue Reading
Европол разби мрежа од платеници најмени за киднапирање на албански нарко-бос
Шест лица се уапсени во голема меѓународна операција за разбивање на група платеници најмени од криминална мрежа за киднапирање на водач на соперничка банда. Операцијата, која се одржа вчера, 12 ноември, беше предводена од Германија со поддршка на Европол и полицијата од Данска, Франција, Латвија и Обединетото Кралство, соопшти Европол. Целта на платениците, меѓу кои беа и поранешни членови на …
Continue Reading
(Видео) Објавен трејлер за „Ѓаволот носи Прада 2“, познат е и датумот на премиерата
Првиот тизер трејлер за „Ѓаволот носи Прада 2“, долгоочекуваното продолжение на култниот филм од 2006 година, конечно пристигна. Обожавателите на Миранда Пристли и нејзините асистенти добија увид во следното поглавје од оваа модна приказна. Во својот препознатлив стил, „20th Century Studios“ го објави трејлерот со легендарната реплика: „Продолжение? За пролет? Револуционерно“. Видеото е придружено со песната на Мадона „Vogue“, која …
Continue Reading
Среде сезона Рафа Силва реши да се пензионира
Португалскиот репрезентативец, играч на бешикташ, Рафа Силва, реши среде сезоната да стави крај на кариерата. Одлуката на 32-годишникот ги шокира сите во клубот. „Имам голема почит кон тренерот, но донесов одлука и таа нема да се промени“, додаде Португалецот откако главниот координатор на Бешикташ, Серкан Рехбер, и тренерот Серген Јалчин, побараа средба со него. Рафа Силва има договор со Бешикташ …
Continue Reading
Ѓорѓиевски: На денешен ден Скопје ја дочека слободата, тие херои се бореа за идеја, за достоинство, иднина
Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски извести дека утрово ја одржал традиционалната средба по повод 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје, со претставници од Градскиот одбор на Сојузот на борците од Народноослободителната антифашистичка војна на Македонија. „На денешен ден, Скопје ја дочека слободата донесена од 42-та и 50-та народноослободителна дивизија на македонската војска и 16-та македонска бригада, по …
Continue Reading
Докторот од Македонија, кој прегази куче во Софија, обвинет за сурово однесување кон животно
Окружното обвинителство на Софија го обвини докторот Ненад Цоневски за намерно сурово однесување кон животно, обвинение кое спаѓа под кривична одговорност предвидена во Кривичниот законик, јавија бугарските медиуми. Денес, во 16:30 часот, пред централниот влез на Воено-медицинската академија во Софија ќе се одржи протест под слоганот „Правда за Маја“, насочен кон борба против суровоста кон животните и поддршка на построги …
Continue Reading