Турски обвинител бара 2.000 години затвор за најголемиот противник на Ердоган
Турскиот обвинител побара 2.000 години затвор за градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу — главниот политички противник на претседателот Реџеп Таип Ердоган. Според обвинението во кое имал увид „Ројтерс“, Имамоглу се товари за создавање криминална организација, поткуп, измама и местење јавни набавки. Главниот истанбулски обвинител Акин Ѓурлек соопшти дека случајот опфаќа 402 осомничени и дека државата претрпела штета од 160 милијарди …
Continue Reading
Кина ги обвинува САД дека украле 13 милијарди долари во биткоини
Кина ја обвини американската влада дека хакирала биткоин-новчаници и украла криптовалути вредни 13 милијарди долари. Локална безбедносна фирма тврди дека нападот бил државно организиран, но според анализата на CryptoSlate и документите на американското Министерство за правда, станува збор за искористување безбедносна ранливост во софтвер, а не за државен хакерски напад. Во декември 2020 година од новчаници поврзани со кинескиот рударски базен …
Continue Reading
Мерц обвинет за пренасочување на парите за одбрана, за финансирање на поголем социјален буџет
Германскиот канцелар Фридрих Мерц се соочува со обвинувања од економските институти и централната банка дека пренасочува милијарди евра од новиот државен долг, наменет за инвестиции во одбраната и инфраструктурата, за финансирање на поголем социјален буџет и тековни расходи, што, според нив, ризикува „поткопување на конкурентноста на Германија“ наместо да го стимулира растот на БДП. „Бундесбанк“ и два економски институти предупредија …
Continue Reading
Утре делови од Шуто Оризари без вода за пиење
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре ( среда ) поради промена на затворач ф-125мм на крстосницата Индира Ганди/Гвадалахара, прекинато водоснабдување ќе имаат следниве улици; Гвадалахара, Индира Ганди, Метохиска, Јован Хаџи Шишко и Гарсија Лорка. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.(општина Шуто Оризари)
Continue Reading
Граѓаните со можност да добијат совети за нивните права од пензиското и инвалидското осигурување: советодавни денови помеѓу Фондот на ПИОМ и германскиот носител за пензиско осигурување
На 18 и 19 ноември 2025 година во Скопје ќе се одржат редовните советодавни денови помеѓу претставници на Фондот на ПИОМ и Германскиот носител за пензиско осигурување. Во рамките на советодавните денови граѓаните ќе имаат можност да добијат совети за нивните права од пензиското и инвалидското осигурување кои произлегуваат со примената на Договорот за социјално осигурување склучен помеѓу Владата на …
Continue Reading
Почината жена пронајдена во куќа во Струга
Вчера во 17:20 часот во ОВР Струга, од Итната медицинска помош Струга е пријавено дека во куќа на ул.„15-ти Корпус“ во Струга, сопственост на Р.М.(55) од Струга, пронајдена е почината Б.В.(56) од Струга. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено за обдукција. Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа на ОВР Струга, информира …
Continue Reading
Тетовец извршил обљуба врз малолетно девојче
Татко пријавил во полиција дека маж од Тетовско извршил обљуба врз неговата малолетна ќерка. Имено на 10.11.2025 во 15:00 часот во ОВР Дебар, 41-годишен маж од дебарско пријавил дека лице од тетовско извршил обљуба врз неговата малолетна ќерка. Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Continue Reading
Тероризмот е закана која бара одлучен, заеднички и координиран одговор: Пратеничка група на Собранието со израелската амбасадорка
Пратеничката група на Собранието за соработка со Парламентот на државата Израел оствари средба со израелската амбасадорка Вивиен Ајзен и Амира Халперин, виш научен соработник за БИКОМ. Претседателката на пратеничката група, Рашела Мизрахи, истакна дека средбата е уште една потврда за силните и пријателски односи со Израел, уште од воспоставувањето на дипломатските односи во 1995 година. Израел е клучен партнер на …
Continue Reading
Општина Илинден: Се гради нов плочест мост и сервисна улица во Марино
Интензивно се вршат градежните активности на терен за реализација на проектот за изградба на нов плочест мост и сервисна улица „500“ во населеното место Марино, соопштија од Општината Илинден. Со проектот, како што појаснуваат, ќе се реализира изградба на нов плочест мост со коловоз широк 6 метри и тротоари од по 1,5 метар од двете страни, со што ќе се …
Continue Reading