Трипуновски: Брисел нема најава за блокада на ИПАРД средствата, борбата против корупцијата продолжува

Брисел нема најава за блокада на ИПАРД средствата на кои што сме како држава корисници. Напротив, нашата борба против корупцијата која ја водиме во моментов и дополнителните проверки што ги спроведуваме во самата Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој се силно пофалени од страна на Брисел, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски. Тој појасни …

Continue Reading

„Фолклорен ѓердан“ го затвори свечениот мозаик на 5-дневното седмоноемвриско празнување

Традиционалниот настан „Фолклорен ѓердан“, којшто се одржа на 9 ноември 2025 година, во Народниот театар, Гевгелија го заокружи петдневниот културно-свечен мозаик во чест на 7 Ноември – Денот на ослободувањето на градот и Општинскиот празник. Настанот, во организација на ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз Тито“- Гевгелија, во соработка со Ансамблот „Бојмија“, беше вистински празник на народното творештво, љубовта кон традицијата …

Continue Reading

Градоначалничката на Кисела Вода почнува со приемни денови за граѓаните

Во насока на транспарентно и отчетно работење и со цел директна комуникација со жителите, градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска, од оваа сабота започнува со приемни денови за граѓаните. Како што информира општината, на овој начин се воспоставува отворен и непосреден контакт со жителите, што ќе овозможи поефикасно решавање на нивните проблеми и унапредување на квалитетот на живот во …

Continue Reading

Алиу: Ќе се интензивираат процесите на дигитализација и во сегментот на фармацевтските услуги

Министерот за здравство, Азир Алиу, денес одржа работна средба со претседателката на Фармацевтската комора, Весна Ставрова и претседателката на Здружението на приватни аптеки, Џоана Андоноска. На средбата, министерот ја потенцираше дигитализацијата како еден од главните приоритети во сите сегменти на здравствениот систем, вклучувајќи ја и фармацијата. – Нашата заложба е континуирано унапредување на условите и воведување нови методи во јавните …

Continue Reading

Египетската полиција приведе туристи кои се соблекле за фотографија кај пирамидите

Тројца млади шпански туристи беа приведени во Египет поради снимање „непримерени фотографии“ кај пирамидите во Гиза. Според „Еџипт индепендент“, тие делумно се соблекле за време на фотографирањето, по што биле приведени од полицијата и испитани. За време на истрагата, туристите изјавиле дека немале намера да го прекршат јавниот морал. Тие објасниле дека само сакале да направат смешни фотографии за спомен, …

Continue Reading

Атлетико Мадрид има нов сопственик

Иневстицискиот фонд Аполо Спортс Капитал е новиот мнозински акционер на Атлетико Мадрид, објави шпанската прва фудбалска лига. „Атлетико Мадрид и неговите главни акционери, Мигел Анхел Хил, Енрике Серезо, Квантум Пацифик Груп и фондовите управувани од Арес Менаџмент, постигнаа договор Аполо Спортс Капитал (ASC), глобална компанија за спортски инвестиции, да стане мнозински акционер на нашиот клуб“, објави клубот. Четирите поранешни главни …

Continue Reading

Кина ги ублажува трговските тензии со Европа со ново одобрение за извоз на чипови

Кинеското Министерство за трговија одобрило продолжување на испораките на чипови на компанијата „Некспериа“, која е од клучно значење за европската автомобилска индустрија. Одлуката следи по договор меѓу Европската комисија и Пекинг за повторно активирање на трговијата со полупроводници, објави комесарот Марош Шефчович. Портпаролот на кинеското министерство изјави дека Кина презела практични мерки за извоз во цивилни цели и ја повика …

Continue Reading

Гаши со амбасадорот на Саудиска Арабија: Потребна е поблиска економска соработка меѓу двете земји

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска оствари средба со Фаисал Гази Исмаил Хифзи, нерезидентен амбасадор на Кралството Саудиска Арабија за Република Северна Македонија. Претседателот Гаши потенцираше дека особено ја цени улогата на парламентарната дипломатија, клучен механизам за продлабочување на билатералните односи и затоа ја реафирмираше потребата од поблиска соработка меѓу Собранието на Република Северна Македонија и парламентот (Шура) на Кралството …

Continue Reading

Николоски со катарскиот амбасадор: Можно воспоставување авиолинија Скопје–Доха и продлабочување на економската соработка

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска оствари работна средба со Рашид Бин Саед Ал-Кајари вршител на должност амбасадор на Катар. Билатералната соработка е на добро ниво, потенцираа двајцата соговорници и ја истакнаа можноста за зајакнување на економските и трговски односи меѓу двете земји. На средбата вицепремиерот Николоски истакана дека Владата има амбициозна програма во делот …

Continue Reading