Се уморил од грабежот: крадец провалил во стан во Русија, а потоа заспал во него

Крадец заспал во стан во рускиот град Благовешченск откако го ограбил. Сопственичката го пронашла во таква состојба откако се вратила дома од работа, објави Одделот на Министерството за внатрешни работи на Амурскиот регион. Жената пријавила во полиција дека, по враќањето од ноќната смена, пронашла непознат маж во својот дом, пренесува РИА Новости. „Се покажа дека крадецот влегол во куќата низ …

Continue Reading

Откриен еден од убијците во Чашка, по вториот се трага – жртвата намамена, застрелана во глава и оставена покрај пат

Велешкото Обвинителство донесе Наредба за истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека бил соизвршител за убиство. На 5 ноември, во местото викано Поројница, во близина на земјениот пат од Чашка кон селото Бусилци, осомничениот заедно со уште едно лице кое се уште не е идентификувано, го убиле велешанецот Ѓело Ѓошев. Најпрво осомничениот го намамил и со …

Continue Reading

Анчелоти: Го изгубивме интересот за Лигата на шампионите

Карло Анчелоти е легенда на Лигата на шампионите и европскиот фудбал. Елитното натпреварување го освои со Милан и Реал Мадрид. Од минатото лето тој е селектор на фудбалската репрезентација на Бразил. Во разговор со италијанските медиуми, тој беше доста остар кон челниците на Лигата на шампионите и европскиот фудбал, смета дека проширувањето на Лигата на шампионите влијаело на недостатокот на …

Continue Reading

Филипче ја уништи СДС под диктат на Заев партијата е на раб на исчезнување, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Според ВМРО-ДПМНЕ, Венко Филипче е синoним за пропаста на СДС, по историскиот пораз каде партијата, како што велат, доживеа најтежок изборен дебакл и ја изгуби доминантната опoзициска позиција по што стана петта сила во Скопје, а трета на државно ниво. „Одговорноста за дебаклот на СДС има име и презиме, Венко Филипче, кој како лидер на СДС под менторство на Зоран …

Continue Reading

Натпревар со играчи од 69 различни земји

Светската фудбалска федерација (ФИФА) излезе со оригинална идеја да постави нов Гинисов рекорд, организираше фудбалски натпревар со најголем број играчи од различни националности! Настанот беше организиран во среда во Мароко во спортскиот комплекс „Фудбалски комплекс Мохамед VI“, во близина на градот Сале, веднаш до Рабат. ФИФА ги ангажираше своите вработени за потребите на овој рекорд, точно 69 од нив од …

Continue Reading

ОДБЕЛЕЖАН 7-МИ НОЕМВРИ – ДЕНОТ НА ОСЛОБОДУВАЊЕТО НА ОХРИД

Со свечена академија „Охридска музичка антологија“ што се одржа во ЦК „Григор Прличев“ вчеравечер започнаа чествувањата по повод 7-ми Ноември, Денот на ослободувањето на Охрид. Пред своите сограѓани се обрати градоначалникот Кирил Пецаков.  – Во предвечерието на 7 Ноември по 81 пат прославуваме за слободата на нашиот чудесен Охрид, славиме за едно големо време и едни големи луѓе кои со …

Continue Reading

Паника во американската воена база поради сомнителен пакет

Неколку лица се разболеле и биле однесени во болница откако сомнителен пакет со бел прав бил доставен до воздухопловната база „Ендрус“ во американската држава Мериленд, според официјални лица и извори запознаени со истрагата, пренесува CNN. Според соопштението од базата Ендрус, инцидентот се случил кога едно лице го отворило пакетот, што довело до евакуација на две згради и воспоставување безбедносен кордон, …

Continue Reading

Три хороскопски знаци очекуваат финансиски успех: ѕвездите советуваат претпазливост и штедење

Неделата што претстои, од 10 до 16 ноември, носи исклучителен финансиски успех за три хороскопски знаци, но патот до успехот не лежи во ризични инвестиции. Наместо да се фокусирате на брза заработка, ѕвездите ве советуваат да го забавите трошењето, да го преиспитате вашиот буџет и да се посветите на долгорочни цели. Сега е време да се фокусирате на подобро управување …

Continue Reading

„Влен“: Почна вистинското чистење на Скопје од ѓубрето и старата политика

По месеци на давење на градот во лоша миризба, ѓубре, запуштеност и пропаганда, од коалицијата „Влен“ велат дека почнало вистинското чистење на главниот град и општината Чаир. Од партијата наведуваат дека акцијата не се однесува само на улиците, туку и на „целиот менталитет што го остави градот во хаос со години“. „Мирисот што доаѓаше од контејнерите беше ист како мирисот …

Continue Reading