Шефот на ОН ги критикува светските лидери: Милијарди се трошат за заведување на јавноста за климата

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, ги критикуваше светските лидери за нивниот неуспех да го ограничат затоплувањето на 1,5 степени Целзиусови. Научниците потврдија дека светот ќе ја надмине границата од 1,5 степени Целзиусови околу 2030 година, што би можело да доведе до неповратни последици. „Премногу корпорации остваруваат рекордни профити од климатското уништување, додека милијарди се трошат за лобирање, заведување на …

Continue Reading

Руски војник осуден на доживотен затвор за убиство на украински воен заробеник

Украински суд денес осуди руски војник на доживотен затвор за убиство на украински воен заробеник, прв таков случај од почетокот на руската инвазија на Украина. Суд во југоисточниот град Запорожје го прогласи Дмитриј Курашов (27) за виновен за убиството на Виталиј Ходниук, украински војник кој се предаде на руските сили во јануари 2024 година. Курашов, кој беше заробен од украинските …

Continue Reading

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваната кинеска амбасадорка Џианг Сјаојен

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Народна Република Кина, Џианг Сјаојен. Обете изразија задоволство од квалитетот на македонско-кинеските односи, втемелени на заемна почит и разбирање. За Сиљановска-Давкова, забрзаната интеграција во Европската Унија е македонски стратешки приоритет, а дијалогот – единствен начин за решавање на регионалните и глобалните проблеми и предизвици. Пренесувајќи ги срдечните поздрави …

Continue Reading

Ѓорѓиевски најави: Вечерва почнуваат 72 часа за чистење на секој агол на Скопје

Новиот градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, кој денеска ја презеде функцијата од неговата претходничка, Данела Арсовска, најави дека вечерва во 20 и 30 часот почнува големата акција за чистење на градот. „Од овој ден испишуваме ново поглавје во историјата на нашиот град. Поглавје исполнето со работа, посветеност и резултати. Ветивме дека ќе работиме чесно, одговорно и без одлагање и …

Continue Reading

Ненси Пелоси објави дека ќе се пензионира

Ненси Пелоси, првата жена што стана претседател на Претставничкиот дом на САД, изјави дека нема да се кандидира на изборите во 2026 година, што го сигнализира крајот на нејзината четиридецениска кариера како прогресивна демократска икона, честопати критикувана од десницата. „Нема да се кандидирам за реизбор во Конгресот. Со благодарно срце, се радувам на мојата последна година од службата“, рече Пелоси …

Continue Reading

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Швајцарија, Кристоф Зомер

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Швајцарската Конфедерација, Кристоф Зомер. Соговорниците ја оценија тридецениската соработка како пријателска и плодна, изразувајќи решеност и подготвеност за нејзино проширување и продлабочување. Претседателката му се заблагодари на швајцарскиот амбасадор за континуираната поддршка на македонската евроинтеграција. Исто така, таа и оддаде признание на Швајцарија за бројните и вредни донации …

Continue Reading

Мицкоски: Македонија останува посветена на европскиот пат, но без двојни стандарди и политички притисоци

Македонија останува посветена на европскиот пат, но без двојни стандарди и политички притисоци, изјави премиерот, Христијан Мицкоски. Тој вели дека Годишниот извештај на Европската комисија за напредокот на земјата во процесот на пристапување во Европската Унија не е оценка за една година или за една влада, туку за континуитетот на реформските процеси, нивото на институционална зрелост и начинот на кој …

Continue Reading

Утре променливо облачно време со локален дожд

Утре времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено во северозападните и северните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, информира УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб …

Continue Reading

Во македонскиот КИЦ во Загреб отворено првото издание на Фестивалот на современа македонска книжевност

Пред бројна публика во македонскиот Културно информативен центар во Загреб беше отворено првото издание на Фестивалот на современа македонска книжевност којшто македонскиот КИЦ го реализира во соработка со издавачката куќа ,,Македоника литера“ . Фестивалот го отвори директорката на Македонскиот културно-информативен центар во Загреб, Мими Ѓоргоска Илиевска која истакна дека, целта на Фестивалот е да ја покаже важноста на книжевниот превод …

Continue Reading