Општина Прилеп го одбележа Денот на ослободувањето – 3 ноември

Општина Прилеп го одбележа Денот на ослободувањето – 3 ноември, еден од најзначајните датуми во историјата на нашиот град и нашата држава. Овој ден останува симбол на слободата, достоинството и непокорот на прилепчани и потсетник на жртвата и храброста на генерациите кои се изборија за слободен Прилеп и слободна Македонија. Свечената седница на Советот на … The post Општина Прилеп …

Continue Reading

Воведена нова процедура на Клиниката за кардиологија, пациентите со сложени срцеви аритмии повеќе нема да бидат упатувани во странство

Министерот за здравство, Азир Алиу денеска ја посети Универзитетската клиника за кардиологија, по повод извршената прва аблација за коморна тахикардија во нашата држава. „Со воведувањето на новата процедура на Клиниката за кардиологија, овозможуваме пациентите со сложени срцеви аритмии да бидат згрижени и соодветно третирани во оваа врвна терциерна установа, без да има потреба да бидат упатувани во странство. Тимот од …

Continue Reading

Почина поранешниот потпретседател на САД Дик Чејни

Почина Дик Чејни, поранешен шеф на кабинетот на Белата куќа, конгресмен, секретар за одбрана и потпретседател на САД, потврди неговото семејство. Имаше 84 години. Тој беше помошник во Белата куќа под Ричард Никсон, шеф на кабинетот под Џералд Форд, секретар за одбрана под Џорџ Х. В. Буш и потпретседател за Џорџ В. Буш. Почина од компликации од пневмонија, соопшти неговото …

Continue Reading

Љутков ќе се обрати на 43 сесија на Генералната конференција на УНЕСКО

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков ја предводи македонската делегација на 43. сесија на Генералната конференција на УНЕСКО што од 30 октомври до 13 ноември се одржува во Самарканд, Република Узбекистан. Љутков утре (5 ноември) во Конгресниот центар „Патот на свилата“ во Самарканд ќе се обрати на дебатата посветена на генералните политики на Организацијата, на која учествуваат министри и …

Continue Reading

Утре без вода дел од скопски Центар

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре ( среда ) поради дефект во шахта од ф – ¾ на ул. Ацо Караманов бр. 10, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од ул. Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција. ( општина Центар )

Continue Reading

Краделе тутун од фолии и сушари во Василево и Босилово, направиле штета од 500.000 денари

Полицијата уапси три лица за кражба на тутун од фолии и сушари во Василево и Босилово со што направиле штета од 505.000 денари. Според информациите од МВР, СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против Е.И.(21), Т.Ф.(20) и Т.Д.(31), сите од с.Старо Балдовци, струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторени шест кривични дела „кражба“ по член …

Continue Reading

Стефано Пиоли доби отказ

Сопствениците на Фиорентина го отпуштија Стефано Пиоли. „Виолетовите“ со Пиоли на клупата не забележаа ниту една победа во првите 10 рунди во Серија А. Фиорентина под Пиоли освои само четири поени и се наоѓа на последната позиција на табелата. Кога пристигна во средината на јули оваа година, потпиша договор до јуни 2028 година, па Фиорентина веројатно скапо ќе ја плати …

Continue Reading

Уапсен 46-годишен скопјанец за обљуба врз неговата малолетна поќерка

Четириесет и шестгодишен скопјанец е уапсен под сомнение за обљуба врз неговата малолетна поќерка. Според информациите на МВР, вчера во 22:10 часот, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 46-годишник од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека извршил обљуба врз неговата малолетна поќерка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Continue Reading

Затвореник од Идризово подигнувал кредити со туѓи податоци

СВР Штип поднесе кривична пријава против П.С.(34) од Струга, осуденик во Казнено-поправната установа Затвор Идризово и Т.К.(46) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“ и „злоупотреба на лични податоци“, додека Т.К. е пријавена и за „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. Пријавените довеле во заблуда лице од Штип и неовластено ги прибавиле нејзините лични …

Continue Reading