Kумановска платила 2.000 евра за патување, но наместо билет добила молк од скопска туристичка агенција
Дваесет и осумгодишна жена од кумановско пријавила дека била измамена од лице вработено во туристичка агенција во Скопје, за износ од 2.000 евра, соопшти МВР. Според пријавата, кон крајот на февруари 2025 година, жената отишла во агенцијата да изврши уплата за патување, при што вработениот побарал парите да му ги даде на рака, ветувајќи дека сметката за уплатата ќе ѝ …
Continue Reading
Инцидент во училиште во Чаир: малолетник нападнат од соученик со тврд предмет
Во вторникот наутро, околу 09:00 часот, во основно училиште на подрачјето на Чаир, по претходно недоразбирање, дошло до физички напад меѓу двајца соученици, соопшти МВР. Според пријавата на Г.А. (50) од Скопје, неговиот малолетен син бил нападнат од соученик, кој при тоа употребил тврд предмет. Од полицијата информираат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Continue Reading
11-годишно девојче тешко повредено во сообраќајка, возачот побегнал
Во вторникот вечерта, околу 20:30 часот, на улицата „Перо Наков“ во Скопје, патничко возило удрило во 11-годишна малолетничка од Скопје, по што возачот го напуштил местото на настанот, соопшти МВР. Од ударот, девојчето се здобило со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, соопшти МВР. На местото на несреќата извршен е увид од екипа на СВР Скопје, а …
Continue Reading
Израел по новите напади врз Газа: Повторно ќе го почитуваме примирјето
Израелската војска соопшти дека повторно ќе го почитува примирјето во Појасот Газа, откако во текот на ноќта извршила воздушни напади како одговор на напад врз нејзини војници. Според соопштението, израелската армија бомбардирала десетици цели, при што биле убиени повеќе од 30 вооружени лица што имале командни позиции во палестинските вооружени групи. Палестински медицински извори пренесуваат дека во нападите загинале најмалку …
Continue Reading
Герасимовски: Обезбедуваме 200 канти за отпад од домашни миленици со бесплатни кесички
Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ, Горан Герасимовски, денеска најави дека покрај обезбедувањето на нови канти за смет, се воведува и новина, 200 специјални канти за отпад од домашни миленици на територија на Центар. „Покрај новите канти за смет, воведуваме и новина, специјални канти за отпад од домашни миленици, слични на овој модел што како прототип …
Continue Reading
Мајмуни заразени со хепатитис Ц и Ковид избегаа по сообраќајна несреќа: американските власти започнаа истрага
Американските власти започнаа истрага откако лабораториски мајмуни заразени со вируси на хепатитис Ц и Ковид-19 избегаа од местото на сообраќајна несреќа, објави британскиот весник „Гардијан“. Според првичните информации, инцидентот се случил за време на транспортот на животните до истражувачкиот центар, кога возилото што ги превезувало било вклучено во сообраќајна несреќа. Во таа прилика, неколку примати успеале да избегаат во околината, …
Continue Reading
Единствена Македонија ќе ги поддржи кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ во вториот круг од локалните избори
Членот на Извршниот комитет на Единствена Македонија, Вилијам Михајловски, на денешната прес-конференција најави дека партијата ќе ги поддржи кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ во вториот круг од локалните избори, што ќе се одржат во недела, на 2 ноември. „Со големо задоволство соопштувам дека Единствена Македонија одлучи во недела, во вториот круг, да ги поддржи кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ. А што може …
Continue Reading
Реал нема да го казни Винисиус за срамно однесување
Реал Мадрид нема да го казни Винисиус Жуниор за неговото однесување на натпреварот против Барселона. Бразилскиот репрезентативец му изнакажа секакви работи на тренерот Чаби Алонсо откако го замени 20 минути пред крајот на натпреварот. Тој продолжи да ја изразува својата фрустрација по натпреварот кога вербално се пресмета со некои играчи на Барселона, поради што доби жолт картон. Според информациите од …
Continue Reading
Започна поставувањето на семафори на крстосницата кај Васко Карангелевски во Аеродром
Денес екипи на ЈП „Улици и патишта“ – Скопје започнаа со градежните активности од првата фаза за поставување на светлосна сигнализација на крстосницата од улиците „Васко Карангелевски“ и „Ангел Димовски“ во населбата Аеродром. „Работните активности се изведуваат по налог на Град Скопје, односно согласно основен сообраќаен проект за воведување на светлосни сигнали на оваа крстосница донесен од Град Скопје и според …
Continue Reading