Израелски министер: Господине премиере нема веќе двоумење, Хамас мора целосно да се уништи, еднаш засекогаш

Израелските министри од крајната десница го повикаа премиерот Бенјамин Нетанјаху да дејствува за да се обезбеди уништување на Хамас. Нивните изјави дојдоа откако израелските власти објавија дека останките што Хамас ги врати синоќа му припаѓаат на заложник кој веќе е погребан во Израел, а не на еден од 13-те починати заложници кои сè уште се во Газа. „Фактот што Хамас …

Continue Reading

Утре наутро претежно ведро и студено, преку денот сончево

Утре наутро ќе биде претежно ведро и студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 4, а максималната ќе достигне од 15 до 20 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе …

Continue Reading

Еден од министрите, секој ден плаче и праќа пораки по дипломатските претставништва да ми реагираат да престанам до избори да говорам за криминалов, вели Арсовска

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, преку објава на социјалните мрежи го повикува Ислам Абази од Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција, да постапи по, како што вели, „доказите за криминал“ кои се однесуваат на актуелни случаи поврзани со дивоградби. „Го повикувам Ислам Абази од Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција, да ги оправда тие 2% доверба …

Continue Reading

Меси не е сигурен дека ќе игра на Мундијалот

Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси изрази желба да игра на Светското првенство следната година, но само под еден услов. Поранешниот играч на Барселона и Пари Сен Жермен продолжува да се истакнува во МЛС лигата, каде што постигна вкупно 31 гол и асистираше за уште 20 за Интер Мајами оваа сезона. Јасно е дека 38-годишникот нема намера да запре, иако преселбата во …

Continue Reading

Маж со метална вилушка нападнал тинејџери а потоа удрил патник на лет за Германија: авионот принудно слетал

Драма во авион со лет од Чикаго за Германија откако патник нападнал двајца тинејџери со метална вилушка, принудувајќи го авионот да биде пренасочен кон Бостон, соопштија американските власти, објави NBC News. Напаѓачот, идентификуван како 28-годишниот Пранит Кумар Усирипали, бил уапсен веднаш штом авионот слетал на меѓународниот аеродром Логан во Бостон. Канцеларијата на државниот обвинител на Масачусетс го обвини за кривично …

Continue Reading

Премиер лигата ќе ја укине својата најстара традиција

Современите текови во фудбалот, полека исчезнуваат традиционалните настани што ја обележуваа оваа популарна игра низ историјата. Дури и Премиер лигата, иако Англичаните се познати по тоа што се многу приврзани кон своите традиции, се откажува од својата најстара традиција. Класичниот „Боксинг Деј“ полека заминува во историјата. Поради проширувањето на европскиот календар, само еден натпревар ќе се игра на 26 декември. …

Continue Reading

Истече рокот за поднесување и плаќање на ДДВ обврските за третиот квартал

Управата за јавни приходи ја информира јавноста дека заклучно со 27 октомври 2025 година, кога истече законскиот рок за поднесување на ДДВ-04 пријавите и плаќање на даночниот долг за третиот квартал од 2025 година, сè уште постојат даночни обврзници кои не ги исполниле своите законски обврски. Според евиденцијата на УЈП, остануваат неподнесени 2.209 тримесечни и 146 месечни пријави, како и …

Continue Reading

Лавров: Русија е подготвена да даде гаранции за ненапаѓање на земјите членки на НАТО и ЕУ

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека Москва е подготвена да им даде на земјите членки на НАТО и Европската унија гаранции за ненапаѓање, нагласувајќи дека Русија нема намера да нападне ниту една од нив. „Повеќепати сме порачале дека немаме намера да нападнеме ниту една сегашна членка на НАТО или ЕУ,“ рече Лавров на Евроазискиот безбедносен форум во …

Continue Reading

ПСЖ оствариле рекордни приходи

Пари Сен Жермен оствари рекордни приходи минатата година, беше објавено денес. Актуелниот шампион на Франција и Европа објави дека минатата година остварил приход од 837 милиони евра. Во извештајот е наведено дека 175 милиони евра од тоа биле приходи остварени на деновите на натпреварите, а 367 милиони биле комерцијални приходи. Минатата година клубот доби шест нови спонзори. Приходите не се …

Continue Reading