(Видео) Дали Трамп e повторно цел? Зголемени безбедносните мерки

Американскиот претседател Доналд Трамп брзо се качи на „Ер Форс Уан“ користејќи мали скали поради „зголемените безбедносни мерки“ на меѓународниот аеродром Палм Бич во неделата, изјави функционер на Белата куќа за „Фокс њуз“. Зголемените мерки на аеродромот дојдоа откако Тајната служба откри сомнително ловиште во петокот во близина на аеродромот со јасна линија на видливост кон „Ер Форс Уан“ додека …

Continue Reading

Радев до Унгарија: Да ги убедиме нашите браќа во Северна Македонија дека без уставни измени нема ЕУ

Бугарскиот претседател Румен Радев ја повика Унгарија да ги убеди властите во Скопје дека вклучувањето на Бугарите во Уставот на Република Северна Македонија и почитувањето на нивните права се неопходни услови земјата да започне преговори за членство во Европската унија. „Ја повикав унгарската страна, која има пријателски односи со нашите браќа во Република Северна Македонија и растечки економски односи со …

Continue Reading

Карагер: Време е Салах да седне на клупата за резерви

Алармот е силно вклучен во црвениот дел на Ливерпул. Актуелниот шампион минува низ криза, во каква што не бил од ноември 2013 година. Ливерпул се наоѓа во серија од четири порази, три од нив се во Премиер лигата (Кристал Палас, Челзи, Манчестер јунајтед). Ливерпул, вчера доживеа пораз на домашен терен од Манчестер јунајтед (1:2). Тимот кој минатата сезона супериорно ја …

Continue Reading

Андоновски на самит на Европската комисија во Подгорица: ќе ги претстави приоритетите на Македонија во дигиталната трансформација

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски ќе учествува на Mинистерскиот самит на Европската комисија за стартапи, истражување и иновации во Подгорица, Црна Гора, на 20 и 21 октомври. Министерскиот самит ќе биде предводен од Еврокомесарката Екатерина Захариева, Комесар за стартапи, истражување и иновации при Европската комисија. Целта на самитот е зајакнување на стартап-екосистемот на Западен Балкан, продлабочување на политиките за …

Continue Reading

Луѓето да се подготват за можна војна со Русија, вели шведскиот министер за одбрана

Луѓето што живеат во европските земји-членки на НАТО мора да се подготват за можна војна со Русија, изјави шведскиот министер за одбрана Пал Џонсон за Redaktion Netzwerk Deutschland (RND) во интервју објавено во неделата. „За да го зачуваме мирот, мора да се подготвиме и ментално и воено за можноста за војна“, рече функционерот. „Неопходна е промена на менталитетот: Мора да …

Continue Reading

Се запалија викендичка на Матка и кафеана во Гази Баба

Во текот на вчерашниот ден во Скопје се случиле два одделни пожари, потврди Министерството за внатрешни работи. Првиот пожар избувнал околу 09:50 часот во угостителски објект на подрачјето на Гази Баба, а вториот околу 16:38 часот во викенд-куќа во село Долна Матка, сопственост на Ј.Д. (71) од Скопје. Во двата случаи пожарите биле изгаснати од екипи на Бригадата за противпожарна …

Continue Reading

Приведен маж од Мршевци по пријава дека физички нападнал малолетник

Полициски службеници од СВР Скопје го привеле Б.С. (54) од село Мршевци, општина Илинден, по пријава дека физички го нападнал малолетниот син на 39-годишната А.Ј. Инцидентот се случил на 19 октомври 2025 година околу 15:30 часот во селото Мршевци. Од МВР информираа дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок против приведениот.

Continue Reading

Скопјанец му се заканувал и му го оштетил возилото на својот брат

Полицијата го приведе Б.М. (45) од Скопје на подрачјето на Карпош, по пријава дека упатувал закани кон својот 46-годишен брат, а потоа со тврд предмет го оштетил неговото патничко возило. Инцидентот се случил вчера околу 10 часот, а по целосно документирање на случајот, против осомничениот ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Continue Reading

(Видео) Пожар во авионска кабина поради литиумска батерија: авионот итно слетал во Шангај

Авион на „Ер Чајна“ кој летал за Сеул направил итно слетување во Шангај во саботата откако литиумска батерија во рачниот багаж на патникот се запалила и ја исполнила кабината со чад. Според авиокомпанијата и кинеските медиуми, пожарот избувнал на летот CA139, кој полетал од меѓународниот аеродром Хангжу Сјаошан во 9:47 часот по локално време со 160 патници и членови на …

Continue Reading