Депонијата во Струга е една од најопасните, ако не се преземат мерки ќе биде црна точка по бројот на заболени од канцер, велат од „Вреди“

Според „Вреди“, дивата депонија во Струга, отворена во 2006 година како „привремено решение“, денес е претворена во една од најопасните депонии во Македонија. Појаснуваат дека истата се наоѓа на само 500 метри од првите куќи на градот, исто толку оддалечена од реката Црн Дрим и помалку од 2 километри од Охридското Езеро – подрачје прогласено за светско наследство на УНЕСКО. …

Continue Reading

(Видео) Миновска: Стевчо Јакимовски кој е на црната листа на САД за криминал и корупција, не може да ја води општина Карпош

Стевчо Јакимовски кој е на црната листа на САД за криминал и корупција, не може да ја води општина Карпош, изјави Александра Миновска, кандидат за советник во Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ. „Стевчо Јакимовски е лице ставено на Црната листа на САД за криминал и корупција. Нашите стратешки партнери за Стевчо Јакимовски имаат информации дека е криминалец, кој злоупотребува …

Continue Reading

Со електричен тротинет удрил во пешак и избегал

Вчера околу 14:35 часот во СВР Тетово е пријавено дека на ул.„Горна чаршија“ во Тетово, електричен тротинет удрил во пешакот И.Ф.(76) од Тетово, по што возачот со тротинетот го напуштил местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила И.Ф., констатирани во Клиничка болница Тетово. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Тетово и се преземаат мерки …

Continue Reading

Сергеј Милинковиќ-Савиќ во јануари доаѓа во Јувентус?

Италијанскиот калчолигаш Јувентус планира да го засили својот среден ред во јануарскиот трансфер период, откако клупското раководство увидело дека моменталната линија заостанува во споредба со ривалите во Италија. Според информации на „Тутоспорт“, „бјанконерите“ повторно ја насочиле целта кон поранешниот фудбалер на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ. Директорот на клубот, Дамиен Комоли, е решен да донесе нов централен играч за врска, при што …

Continue Reading

(Видео) Судијката која го пушти убиецот на Фросина во поправен дом, наместо во затвор, во својот дом имаше партиски штаб на СДС, вели Андоновска

Судијката Алексовска Стојановска, која го пушти Васил Јованов убиецот на Фросина во поправен дом наместо во затвор, во својот дом имаше партиски штаб на СДС, кажа на денешната прес-конференција Викторија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ. „Судијката која можеше да го спречи убиството на Фросина, ако на Ваисл Јованов му досудеше затвор, во куќата сместила штаб на СДС. Зарем треба нешто повеќе да …

Continue Reading

Слот: Не е вистина дека Екетике е казнет со 570.000 евра

Иако во англиските медиуми тврдеа дека Ливерпул ќе го казни напаѓачот Уго Екитике со одземање на две недели плата (што би изнесувало околу 570 илјади евра) поради црвениот картон што го доби во Лига купот против Саутемптон, Арне Слот го негираше тоа. Да ве потсетиме дека Екитике го заработи вториот жолт картон со соблекување на дресот откако го постигна голот …

Continue Reading

(Видео) Манасиевски: Соочени со фактот дека ја губат општината, СДС во Струмица шири страв и трепет

Соочени со фактот дека ја губат општината, СДС во Струмица шири страв и трепет, а листите за советници им се полни со насилници, истакна на прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. Откако, како што рече, вчера македонската јавност увиде на каков начин СДС владее во Струмица, од партијата нема осуда, ниту оградување. „Каков пример даваат на младите Христијан …

Continue Reading

„Стоп за Вардариште“ најави нов протест: утре заедно со градоначалникот на општина Аеродром ќе ја посетат депонијата

Иницијативата „Стоп за Вардариште“ информира дека во сабота, 27 септември 2025 година, во 7:30 часот наутро од мостот Близнак, заедно со В.Д. градоначалникот на општина Аеродром, ќе го посетат Вардариште. Тие јавно ги повикуваат и надлежните на останатите институции до кои, како што велат се имаат обратено да им се приклучат во 7:30 кај мостот Близнак, и заедно да го …

Continue Reading

Кузеска: Три месеци по ред се намалува просечната плата – стандардот на граѓаните опаѓа

Со Мицкоски како премиер, трошоците за живот растат, реалната плата се намалува a животниот стандард на граѓаните опаѓа, обвини портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска. Според неа, три месеци по ред се намалува реалната нето-плата, а два месеци по ред се намалува номиналната нето-плата. „Во мај 2025 просечната плата била 45 796 денари, а во јули 45 276 денари. Тоа значи …

Continue Reading